Хороскопските знаци и сексот: Девицата сака акробации, Лавот орален секс
Непостојаните Близнаци сакаат визуелна и допирна стимулација, Бикот е љубител на кучешката поза, а Јарецот сака да е одозгора. Погледнете што сакаат хороскопските знаци во сексот.
Овен
Припадниците на овој знак се жестоки кога станува збор за сексот, дури и по малку агресивни. Еротската кучешка поза е најдобра за нив, а за да го подобрат доживувањето, под партнерката ќе постават перничиња. Бидејќи имаат голема самодоверба и природно развиено лидерство, Овните најчесто ја преземаат доминантната улога. Сакаат експерименти, но секогаш се враќаат на старата добра кучешката поза.
Бик
Припадниците на овој знак се многу сензуални – тие сакаат долга размена на нежности, масажи и орален секс како вовед во „вистинската работа“. Обожуваат пози кои вклучуваат допирање на сите делови од телото, а не бараат голем физички напор. Таква е на пример позата кога партнерот седи, а таа е врз него и го прегрнува со нозете. За Бикот, добриот секс вклучува промена на барем три пози.
Близнаци
Близнаците во сексот првенствено се водени од страста, но тие емоциите ги оставаат за подоцнежното мазење, кое доаѓа после сексот. Омилени пози им се оние кои им овозможуваат визуелно и допирно стимулирање. Тука спаѓа обратната каубојка – партнерката е врз партнерот и таа е свртена со грбот кон неговото лице. Исто така, припадниците на овој знак се поборници за утрински секс во странична поза.
Рак
Иако вообичаено се традиционални, тоа е исклучок во сексот. Всушност, тие подеднакво сакаат секс набрзина, но и долги маратони. Ништо не им е подраго од тоа кога партнерот ќе преземе иницијатива и ќе ги изненади „заковувајќи ги“ на столче или под туш. Без проблем ја преземаат пасивната улога, а омилени им се сите пози во кои партнерот можат да го гледаат во очи.
Лав
Припадниците на овој знак се големи љубители на т.н. спортски секс – секс кој трае долго, па дури и предизвикува напор. Постојано добиваат нови инспирации за пози и спремни се на новитети во сексот, но сепак оралниот секс е оној што најмногу го сакаат. По можност онаков во кој тие се партнерот кого го задоволуваат, а на тоа да претходи долга масажа и многу бакнежи.
Девица
Девиците се љубители на сите облици на стоечки секс како и на оние пози во кои доаѓа до израз доминацијата на еден од партнерите или оние кои вклучуваат играње улоги. Ги сакаат позите во кои можат да гледаат големи делови од телото на партнерот затоа што тоа најмногу ги „пали“. Исто така важно им е самите добро да изгледаат – да се задоволни од своето тело затоа што и тоа го гледаат.
Вага
Старата добра мисионерска поза никогаш не им здосадува на припадниците на овој знак. Иако би пробале и други пози, со оваа поза тие најлесно го доживуваат врвот. Поради нивното око за естетика, им се допаѓа секс во близина на огледало или во необична долна облека. Предиграта им е особено важна, но не сакаат секс кој трае предолго. Најмногу би сакале двата партнери да завршат во исто време.
Скорпија
За Скорпијата, најголемо задоволство носи позата 69, затоа што таа им овозможува орално задоволство на двата партнери. Се држат до оние пози во кои мажот го диктира темпото, како во мисионерската. Избегнуваат стоечки пози, а ги сакаат оние во кои се клекнува.
Стрелец
Импулсивните припадници на овој знак сакаат да соборуваат рекорди во сексот. Најомилена поза им е онаа кога двајцата партнери лежат странично – тој е позади и пенетрира во неа. Ако таа ги собере нозете се зголемува триењето и неговото задоволство, а истовремено и подобро се стимулираат клиторисот и Г-точката. Исто така, мажот со горната рака може дополнително да го стимулира клиторисот.
Јарец
Јарецот на прв поглед изгледа ладнокрвно, но во сексот тој е многу страстен љубовник. На жените во знакот Јарец најмногу им одговара позата во која таа е одозгора, седејќи или клечејќи врз партнерот, а тој ѝ помага со помош на неговите раце да го фатат идеалното темпо. Мажите во знакот Јарец исто така сакаат да бидат горе, а омилена поза им е онаа во која партнерката го држи со нозете за рамениците.
Водолија
Припадниците на овој знак ги сакаат позите во кои жената води – без разлика дали станува збор за жена или маж во знакот Водолија. Исто така ги сакаат сите пози во кои ја гледаат самата акција, на пример, кога таа е врз него или клечи – кучешка поза или обратна каубојка. Кога сексот трае прекратко, со големо задоволство меѓу позите би го вметнале и оралниот секс.
Риби
Страсната и сензуална Риба сака егзибиции во кревет, но и на сите парчиња мебел. Ги сакаат позите што се изведени од кучешката поза, како и оние во кои жената со рацете се потпира на подот, додека задникот ѝ е поткренат, а мажот стои исправено. Оние со поголема кондиција можат да пробаат дури и слична поза во која нејзините нозе се подигнати во воздухот.