Хороскопските знаци и чистењето

Хороскопските знаци и чистењето

Сите имаме различен став спрема чистењето и домашните обврски. Еве како хороскопските знаци реагираат, кога треба да подработат по дома. Се надеваме дека ќе се пронајдете и дека ќе успееме малку да ве насмееме.

Хороскопските знаци и чистењето

Овен: Дава сѐ од себе да заврши со чистењето на време и да има најдобро исчистен дом.

Бик: Сто пати поминува на истото место со правосмукалката, само да не мора да се наведне и да ја собере досадната трошка со раце.

Близнаци: Со чистењето завршува двапати побрзо од другите.

Рак: Се внесува во домашните фотографии и заборава на чистењето.

Лав: По цел ден ги чисти само огледалата.

Девица: Не ѝ е потребна помош.

Вага: Почнува да чисти и следува: „Еј, нели ми стои добро престилкава?“

Скорпија: Го мести креветот и перниците и бара доброволци за заедно да ги испробаат.

Стрелец: Воопшто не сака да седи внатре. Косењето на тревата во дворот му е полн погодок.

Јарец: Прецизно ги мери сите предности и недостатоци што вложениот труд ќе ги донесе и дури тогаш почнува со чистење.

Водолија: Непотребните работи ги организира на следниов начин: за ѓубре, за рециклирање, за добротворни цели.

Риби: Ќе ги чисти прозорците, а ќе мечтае да седи во дворот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар