Хороскопскиот знак ви открива што треба да исфрлите од вашиот живот за да бидете среќни
Погрешните уверувања и стравови ве спречуваат да се опуштите и подобро да се насочите кон својата цел. Сигурно веќе знаете дека за да го поправите тоа морате да промените и да елиминирате некои работи од вашиот живот. Понекогаш е тешко прецизно да дефинирате што е она што ви пречи, но вашиот хороскопски знак нуди решение кои можеби ќе може да ви биде од голема корист.
Овен
Овенот нема никаков проблем да тргне во некоја соло авантура и да ја носи целата одговорност во своите истражувања и походи, но затоа има проблем со рутината и фокусот кои му се потребни за откривање на животните цели. Овенот треба да се откаже од идејата дека секој ден треба да му биде како акционен филм, поразличен од претходниот, возбудлив и неизвесен и едноставно да ја прегрне рутината и секојдневието.
Бик
На Биковите им е потребно да се ослободат од стравувањето дека секој што ќе им се приближи сака да ги скроти и да им ја одземе независноста и слободата која толку многу ја сакаат. Можно е да се остварат врски кои не се посесивни и кои нема да ве ограничуваат, и да се опкружите со луѓе кои имаат разбирање и ја подржуваат вашата самостојност.
Близнаци
Близнаците ги менуваат и ги отфрлаат соништата и хобијата како што другите ја менуваат облеката и многу им е тешко да се определат за нешто на подолг временски период. Тие треба да престанат да се грижат како ги гледаат другите (како површни и недоверливи) и да се држат до својата главна сила – страста со која се „фрлаат“ во сето она што моментално ги интересира. Близнаци, уживајте во вашата креативност и фантазија!
Рак
Раковите имаат огромен капацитет да сакаат, но тој капацитет ги води и до голема ранливост. Тие треба да научат да ги остават работите да минуваат, да не се обидуваат да ги задржат оние кои им се „лизгаат“ од раце и да се фокусираат кон иднината – на новите работи и луѓе кои ќе ги сретнат и кои ќе им го збогатат нивниот живот.
Лав
Лавовите треба да ја отфрлат потребата другите да ги вреднуваат и да им дават признавања, за да може да се потпрат на себе и да изградат вистинска самодоверба, која доаѓа однатре. На нив им е грижа за туѓата наклонетост, но не може и не треба сите да ги сакаат и да ги обожаваат.
Девица
Девицата треба да се ослободи од уверувањето дека сѐ мора да биде испланирано и организирано, за да може да биде совршено. Малку спонтаност е добро и здраво и ве учи дека работите воопшто не мора да бидат планирани и контролирани за да се ужива во нив, ниту е потребно да бидат совршени (бидејќи е невозможно) за да ве усреќат.
Вага
Вагата треба да се ослободи од притисокот на туѓите емоции – тие многу лесно се соживуваат со туѓите проблеми и сакаат да им помогнат на сите и секој да се обидат да го разберат, а тоа разбирање често не им е возвратено на истиот начин. Нивната емпатија и тоа што им се на располагање на сите е добра, но исцрпувачка особина. Треба почесто да се потсетувате дека секој е способен да се носи со своите проблеми и фокусирајте се на своите чувства и решавањето на сопствените проблеми.
Скорпија
Скорпиите треба да се откажат од потребата секогаш да бидат во право. Во секоја караница се навикнати да бидат победници. Но тоа што не го сфаќаат е дека караницата не е борба, туку начин на кој се искажуваат своите мислења и ставови, на кој се постигнува компромис, па така чувството на победништво е доста дискутабилно. Не треба да бидете во право, туку да откриете што е вистина и како да ја имплементирате во своите односи со луѓето.
Стрелец
Стрелецот е голем заводник и е одличен во тоа. Но, потребно е во некој момент да се откаже од флертот, заради почитувањето на чувствата на саканата личност. Својот шарм и фантазија во додворувањето, Стрелецот треба да ја насочи кон личноста со која е и да пронајде предизвик во тоа.
Јарец
Јарците треба да го спуштат тој ладен одбранбен штит. Да им дозволат на луѓето да им се приближат, заради збогатување на односите – пријателски, семејни и љубовни. Само малку напор во таа смисла, на Јарците ќе им донесе многу топлина и неочекувано уживање во емотивната размена.
Водолија
Водолиите треба да престанат да очекуваат дека на сите им е грижа колку што им е нив. А, на нив им е грижа за многу вистински работи, како правдата, хуманоста, слободата, вистината. Тоа е дар и светот не би бил занимлив кога сите би биле подеднакво надарени.
Риби
Рибите треба да престанат да се сомневаат толку во себе. Пречувствителни и истанчени, креативни и мечтовити, Рибите постојано се во некое емотивно проверување, па нема да можат потполно да се ослободат од несигурноста, но секако треба да научат малку повеќе да веруваат во себе, што ќе им помогне да се почувствуваат сакано и прифатено.