Хороскопски знаци кои никогаш не би требало да бидат во љубовна врска

Хороскопски знаци кои никогаш не би требало да бидат во љубовна врска

Да не дојде до големи проблеми, хороскопот ни ги открива оние знаци кои треба да ги избегнувате кога станува збор за љубовни врски. Доколку ги следите овие совети, вие полесно ќе најдете љубов и ќе бидете посреќни во вашата врска.

Хороскопски знаци кои никогаш не би требало да бидат во љубовна врска

Овен со Близнаци, Девица и Риби

Овните обожаваат љубовни авантури и често знаат да влетаат во нив без претерано размислување. Близнаците и Девиците не им одговараат бидејќи постојано се караат со нив, додека Рибите се премногу емотивни за нивен вкус.

Бик со Стрелец, Овен и Близнаци

Биковите се совршени за сериозни врски, но само кога ќе ја најдат онаа личност која е идеална за нив. Тие најмалку се согласуваат со Овните бидејќи имаат силен карактери кој води кон расправии, како и со Стрелците и Близнаците.

Близнаци со Риби, Рак и Бик

Близнаците не сакаат да бидат покрај предвидливи личности. Тие исто така ги избегнуваат и оние кои имаат мали амбиции. Во овие категории спаѓаат Биковите, Раковите и Рибите, па токму затоа и врската помеѓу нив не би можела да биде успешна.

Рак со Овен, Близнаци и Стрелец

Раковите се емотивни и романтични личности кои обожаваат да се трудат околу вистинската љубов. Тие не сакаат егоизам. И покрај тоа што ги привлекуваат Стрелците, не можат да бидат со нив бидејќи немаат доверба. Истото се случува и со Близнаците и Овните.

Лав со Близнаци, Риби и Јарец

Лавот го одбиваат оние личности кои се негативни и кои постојано се грижат за нешто. Тие сакаат сигурност и секогаш да бидат на вистинското место со својот партнер. За нив, Близнаците премногу размислуваат, Рибите се премногу емотивни, а Јарците премногу тешки за справување.

Девица со Вага и Овен

Девиците се пребирливи и внимателно го одбираат својот партнер. Тие не сакаат луѓе кои се прават паметни, ниту пак оние кои се пасивни. Токму затоа и најлошо им оди со Овните, како и со Вагите кои не знаат како да ја прифатат нивната критичност.

Вага со Рак, Скорпија и Девица

Вагите не се согласуваат со Девиците бидејќи се премногу комплицирани за нив, ниту пак со песимистичните Скорпии и претерано традиционалните Ракови. Тие исто така не ги сакаат и оние кои лажат и во кои не можат да имаат доверба.

Скорпија со Овен и Близнаци

Скорпиите се во постојана потрага за врски во кои се чувствуваат исполнето во секој поглед. Со Овните не можат да бидат тоа што се, бидејќи постојано се расправаат, додека пак покрај Близнаците и Стрелците никако не можат да се чувствуваат сигурно.

Стрелец со Бик и Девица

Стрелците не можат да бидат во врска со личности кои немаат цел во својот живот. Најлошата комбинација за врска им е со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите и Девиците кои не знаат како да бидат спонтани.

Јарец со Овен, Близнаци и Девица

Овните се премногу наивни и нестрпливи за Јарците, па затоа и не можат да функционираат како пар. Јарецот во љубовта делува ладно и без доверба со цел да се одбрани од разочарувањата, па токму тоа им влијае негативно во врската со Стрелците и Близнаците.

Водолија со Бик, Рак и Девица

Иако Водолиите лесно се заљубуваат, кога се во врска се чувствуваат како да се во кафез од кој не можат да избегаат. Тие не можат да бидат со досадни и предвидливи луѓе. Не се согласуваат со Бикот бидејќи не им овозможува стабилност, а Ракот и Девицата им се здодевни.

Риби со Овен и Близнаци

Емотивните Риби постојано го бараат партнерот од соништата и ги одбегнуваат оние кои се површни и немаат своја цел во животот. Тие не ги сакаат агресивните Овни, Близнаци и Лавови кои многу добро знаат да манипулираат со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар