Хороскопски водич за мажите - Part 3

Хороскопски водич за мажите

Вага

7-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Слаткоречив, шармантен и зборлест. Вагата е лидер – тој никогаш не се заморува од запознавање на нови луѓе. Тој е со софистициран префинет вкус и сака луксузни сатенски чаршафи или кадифени прекривки во своите будоарски средби.

Каде ќе го пронајдете:

Во одделот за гурмани. Тој ужива во префинети работи.

Полн погодок за прв контакт:

„Како изгледа твојот идеален одмор?“ – Авантуристот во него сака да зборува за своите егзотични искуства.

Неговиот каприц:

Никогаш не донесува одлуки, не го оставајте да се предомислува. Направете му список за „ЗА и ПРОТИВ“ и помогнете му да се одлучи.

Како да го украдете неговото срце:

Секогаш трага по женска која е убава и паметна, така што држете чекор со актуелните настани.

Ноќ од фантазиите:

Брз секс на креативни места кој дополнително му ја разгорува страста.

Скорпија

8-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Мистериозен, сензуален и привлечен. Иако во сексуалното шоу има директен приод сепак неговите движења во постелата очекуваат голем аплауз. Неговите постојано променливи еротски интереси се под влијание на Плутон, така што секоја ноќ е љубовна авантура.

Каде ќе го пронајдете:

На плажа или во базен. Овој воден знак ја обожава водата.

Полн погодок за прв контакт:

„Се кладам дека нема да погодиш како се викам.“ – Не може да одолее на храбра женска која го става пред предизвик.

Неговиот каприц:

Тој ќе ве бакнува и прегрнува пред сите – сака сите во просторијата да дознаат дека вие сте пар.

Како да го украдете неговото срце:

Нему му треба посветен партнер. Покажете ја својата верност и постојано фалете го.

Ноќ од фантазиите:

Играње улоги. Кажете му дека сакате да биде пожарникарот кој треба да ве спаси. Тој точно ќе знае како да ве потпали.

Стрелец

9-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Великодушен, смешен,забавен. Тој е омилениот гостин на секоја забава. Моќта на Јупитер врз него има смирувачко дејство на сите во неговата близина. Неговата умешност со луѓето доаѓа со страсна наплата. Тој точно може да ги прочита вашите реакции во креветот и топ приоритет му е вашето задоволство.

Каде да го најдете:

Во спортските барови, на трки или во обложувалници. Игрите го привлекуваат Стрелецот кој тежнее кон ризици и возбуди.

Полн погодок за прв контакт:

„Што имаш во џебот? Цела змија од пет денарки?“ – Хумор веднаш ќе го привлече неговото внимание.

Неговиот каприц:

Има страв од „скрасување“. Правете планови за патување, тогаш ќе знае дека сте со него за да уживате во патувањето.

Како да го украдете неговото срце:

Треба да се правите недостижна. Ужива во предизвикот на брканицата.

Ноќ од фантазиите:

Дозволете му да ви ги врзе очите и полека да ве задева. Инспирирајќи ја вашата страст му расте неговото либидо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар