Хороскопски водич за мажите - Part 2

Хороскопски водич за мажите

Рак

Карактеристики:

Топол и грижлив. Месечевиот знак – Рак е романтичен, сладок и чувствителен. Кога еднаш ќе ја стекнете неговата доверба станува безрезервен љубовник кој нема да ве изневери.

Каде ќе го пронајдете:

По складишта и магацини барајќи градежни материјали – сака домот да си го разубави, трудејќи сè сам да изработи.

Полн погодок за прв контакт:

„Здраво, изгледаш како интересен тип!“ Со нив никогаш не комуницирајте директно и отворено.

Неговиот каприц:

Има променливо расположение, смирете го со шеги и комплименти.

Како да го украдете неговото срце:

Романтичниот Ромео, бара нежни девојки кои не се плашат да бидат посветени само на него.

Ноќ од фантазиите:

Негова најголема фантазија е да бидете негов сензуален роб со часови.

Лав

5-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Водечки, влијателен и харизматичен. Пред него нема бариери во животот за да ги освои симпатиите на секого. Влијанието на Сонцето му ја гради довербата, па тој мора да биде најдобар, а тоа се рефлектира и во неговиот кревет. Очекува секое секс барање да се реализира веднаш.

Каде ќе го пронајдете:

Во музички продавници, овој галамџија сака да се забавува.

Полн погодок за прв контакт:

„Како ги направи твоите бицепси толку големи?“ Фалете го – така му го привлекувате вниманието.

Неговиот каприц:

Тој е егоцентричен. Немојте да дозволите неговата самоувереност да премине во ароганција.

Како да го украдете неговото срце:

Жена со силна волја, сензуална, оптимистична го скротува немирниот лав и го претвора во кротко јагне.

Ноќ од фантазиите:

Подгответе ја сцената и повторно создадете домашно видео.

Девица

6-horoskopski-vodich-za-mazite-kafepauza.mk

Карактеристики:

Верен, чувствителен, тактичен, тој е воден од одмерениот Меркур. Бидејќи е интелигентно згодно маче, дајте му време за да ги „проголта“ работите. Како и неговиот знак така и неговите љубовни игри се невини.

Каде ќе го пронајдете:

Во книжарите, барајќи книги или списанија – тој го почитува убавиот збор.

Полн погодок за прв контакт:

„Како најбрзо се стигнува до центарот на градот?“ – Господинот Решавач на проблеми, сака да биде ваш спасител.

Неговиот каприц:

Секогаш дели совети. Објаснете му дека понекогаш треба и да молчи.

Како да го украдете неговото срце:

Затворете ги заедно очите и тој ќе ја почувствува вашата посветеност.

Ноќ од фантазиите:

Подметнете му детална листа со вашите скриени желби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар