Хороскопска сложувалка: Кој знак најмногу ви одговара за работа, љубов и дружење?

Хороскопска сложувалка: Кој знак најмногу ви одговара за работа, љубов и дружење?

Астрологијата може многу да ни каже за нас, но исто така може да ни каже и кои личности се најдобри за нас. Погледнете го овој „водич“ кој ќе ви помогне да го најдете совршениот партнер, најдобриот пријател или пак да откриете со кој треба да соработувате.

Овен

Љубов: Љубовта која ви е потребна ќе ја пронајдете кај Стрелецот. Ќе бидете воодушевени од нивниот широк поглед кон светот. Ќе ви се допаѓа и тоа што Стрелецот никогаш не заглавува во минатото и секогаш гледа кон иднината.

Дружење: Најдобар пријател би ви биле Рибите. Тие најдобро ќе ги разберат вашите интимни дилеми.

Работа: Јарецот е совршениот знак за соработка. Ќе бидете одлични во создавање нови проекти, но ќе ви треба некој упорен кој ќе ве тера да ги завршите работите до крај.

Бик

Љубов: Девицата е љубовниот партнер за вас. Нејзината склоност кон анализирање и нејзиниот пристап кон животот совршено ќе ви одговараат.

Дружење: Кога сакате квалитетна забава и добра музика, побарајте го Лавот. Преку него можете да сретнете и идни соработници.

Работа: Кога станува збор за работење, најдобриот избор за вас е Водолија. Вам ви е потребен советник и визионер кој ги забележува новите трендови.

Близнаци

Љубов: Вашиот идеален партнер е Вагата која ќе ви помогне да ги решите сите проблеми. Таа ќе ви помогне полесно да донесувате одлуки.

Дружење: Најмногу ќе се забавувате со Скорпија. Таа е совршеното друштво за ноќно скитање кога ќе сакате да се одморите од натрупаниот распоред.

Работа: Најдобро ќе соработувате со Стрелец. Од него ќе научите да го гледате доброто и во најтешките моменти.

Рак

Љубов: Вистинската љубов ќе ја пронајдете кај Јарецот, кој е доволно стабилен и упорен да ја стекне вашата доверба. Ќе ги цените неговите емотивни и семејни вредности.

Дружење: Најопуштени ќе бидете во друштвото на Бик. Нивниот пристап кон решавање на проблемите ќе ви помогне да ги надминете привремените тешкотии со заморот и меланхолијата.

Работа: Најдобриот соработник за вас е Скорпијата. Нејзината интуиција и неуморното темпо на работа ќе ви бидат одличен водич во нејасните ситуации.

Лав

Љубов: Водолијата е вашиот идеален партнер кој секогаш ќе ги слуша вашите интелектуални и духовни проблеми. Кому му е потребен секс кога можете да разговарате до раните утрински часови?

Дружење: Вашиот најдобар пријател е Овенот бидејќи не мора многу да му објаснувате како се чувствувате. Понекогаш шопингот и кафето се најдобрата пријателска поддршка.

Работа: Најдобро ќе соработувате со Вага. Вам ви се потребни нејзините дипломатски способности кога ќе се најдете сред оган.

Девица

Љубов: Најдобар партнер за вас е Бикот кому пак, му одговара вашата оптимистичка енергија. Најинтересните работи во вашата врска ќе се одвиваат далеку од љубопитните погледи.

Дружење: Најдобриот партнер за забава и дружење е Ракот. Неговиот стил совршено одговара со вашиот објективен поглед кон светот.

Работа: Најдобриот соработник ќе го пронајдете кај Рибите. Тие правилно ќе ги сфатат вашите креативни идеи и ќе ве поддржуваат во текот на промените.

Вага

Љубов: Совршениот партнер за вас е Овенот кој е спремен заедно со вас да ги руши сите пречки. Вие ќе го „омекнете“ неговиот цврст карактер, а тој ќе ви даде мотивација за нови авантури.

Дружење: Забавните моменти, но и сериозните разговори најдобро ќе ви одат со Близнаците. Тие ќе ја разберат вашата природа и ќе ве насмеат и во најтешките моменти.

Работа: Најдобро ќе соработувате со Водолијата која знае да ја цени тимската работа и со која ќе развивате нови идеи.

Скорпија

Љубов: Љубовта најлесно ќе ја пронајдете кај Рибите кои ги чувствуваат вашите желби и мисли уште пред да ги кажете.

Дружење: Вашиот најдобар пријател е Скорпија бидејќи само вашиот знак знае како навистина се чувствувате.

Работа: Најдобриот партнер за работа за вас е Бикот кој е тврдоглав како вас и секогаш ги бара најдобрите решенија.

Стрелец

Љубов: Најдобар партнер за вас е Лавот кој ќе ја цени вашата внимателност и храброст.

Дружење: Вашиот партнер за авантури се Рибите. Добро ќе се разбирате во потрагата кон вистината која води низ кулинарски излети и добро вино.

Работа: Најдобро ќе соработувате со Близнаци. Тие добро знаат како е да седите на пет столчиња а да размислувате што се случува на шестото и седмото.

Јарец

Љубов: Љубовта ќе ја најдете кај Ракот. Тие никогаш не престануваат да ги покажуваат своите емоции кога имаат добра публика.

Дружење: Во друштвото на Девицата ќе пронајдете многу заеднички интереси. Ќе пронајдете личност која го сака нејзиното хоби исто колку и вас, а можеби и таа е вашата сродна душа.

Работа: Идеалниот соработник за вас е Скорпијата. Таа ја разбира вашата егоистична борба за позиција, желбата да сработите сè и тоа предвреме, како и тежината на тимската работа.

Водолија

Љубов: Најубавите љубовни моменти ќе ги доживеете со Стрелец. Тој има доволно страст да ве одведе на вистинско емотивно патување.

Дружење: Вашиот социјален живот би бил празен без Лавот. Заедно ќе поминете низ многу друштва, и од секое ќе го извлечете најдоброто.

Работа: Идеалниот партнер за соработка е Овенот, но само ако сте подготвени да го следите неговото темпо. Тој умее да ги препознае вашите квалитети и од вас никогаш нема да бара повеќе од вашите способности.

Риби

Љубов: Возбудливата врска ве чека со Ракот кој не може да престане да гледа во вас.

Дружење: Забавата за која нема да можете да престанете да зборувате почнува и завршува со Стрелците. Сте нашле некој кој е ист како вас и нема да престанете со забава додека едниот не падне од столот.

Работа: Добриот соработник секогаш можете да го најдете кај Лавот. Од него можете да научите како елегантно да прескокнете неколку скали и да стигнете до врвот.

Прочитајте го и овој детален хороскоп кој ги открива мааните на секој знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар