Хороскопот ви открива каков родител сте

Хороскопот ви открива каков родител сте

Откријте ги вашите главни карактеристики според астрологијата, кога станува збор за родителството.

Хороскопот ви открива каков родител сте?

Овен

Овенот како родител е строг, но праведен. Генерално, напорно делува на детето, но тоа треба да го послуша бидејќи тој е секогаш во право. Од детето бара да биде упорно, за да ги постигне најдобрите резултати. Понекогаш престрого ги воспитува своите деца, но во исто време ги тера да бидат индивидуалци. Родителот роден во знакот овен не смее премногу да се нервира и да бара премногу од своите деца, бидејќи неговите амбиции не се амбиции и на детето. Овните треба да бидат малку попретпазливи, за да бидат совршени родители.

Бик

Родителите родени во знакот бик постојано ќе стравуваат дали нивното дете е гладно, жедно, дали нешто му треба и слично. Доколку во повозрасни години детето не обезбеди материјална сигурност, родителот бик постојано ќе му помага на сите начини. Никогаш нема да дозволи некој од неговото семејство да нема нешто или да живее во сиромаштија, освен ако е порочна личност.

Близнаци

Близнаците како родители се интересни, добри и весели. Само понекогаш не се знае кој е подетинест, дали родителот или детето. Секогаш ќе имаат време да позборуваат со своите деца, колку и да се зафатени. Инсистираат децата да им бидат образовани. Некои претставници на овој знак ќе се одречат од имање деца, а нема ни да влегуваат во брачна заедница бидејќи знаат колку се несериозни.

Рак

Родителите родени во знакот рак се едни од најосетливите знаци, па постојано ќе се грижат. Дали детето е гладно, да не му е ладно или да не му треба нешто, ракот се грижи дури и кога сè е како што треба. Најмногу внимание обрнува на чувствата на детето, неговите интереси, како и на домот во кој тоа живее, дури и откако еден ден ќе се отсели. Секогаш е тука да помогне и да даде добар совет.

Лав

Родителот роден во знакот лав е најдобар другар на своето дете, но и најголема поддршка во неговиот живот. Детето на лавот секогаш ќе биде свесно за своите квалитети и можности, а лавот ќе ја буди таа енергија и ќе го зајакнува неговиот карактер преку постојани пофалби. Лавот го „бруси“ своето дете за да го направи подобар човек. Тој своите чувства не ги искажува преку зборови, туку преку гестови и подароци.

Девица

Родителот роден во знакот девица е комплициран. Сè мора да биде совршено, а неговото дете да биде непогрешливо и најдобро. Доколку се случи да не се согласува со детето, тој демонстративно ќе си замине и ќе се чуди зошто тоа не е такво како што тој го замислил. Доколку вие сте родител-девица, немојте премногу да го притискате детето да учи и да работи. Секој живее во свој свет и има свој живот. Дајте совет, ама не претерувајте.

(2) Хороскопот ви открива какво родител сте

Вага

Родителот роден во знакот вага најмногу се грижи за манирите и убавото однесување на своето дете. Нема да дозволи непристојно однесување, ниту такво облекување. Се грижи за иднината на своето дете, а најмногу за тоа да е во врска и еден ден да стапи во брак, бидејќи за него тоа е многу важно. Ќе ги научи своите деца на толеранција и да ги прифаќаат разликите кај другите.

Скорпија

Родителот со знак скорпија сè гледа и сè знае. Никој од него не може да сокрие ништо, бидејќи тој следи сè и проверува, додека не е целосно сигурен дека ја знае целата ситуација. Тој не дозволува детето да биде разгалено и да не се однесува како што треба, па поради тоа честопати е напорен родител. За него децата никогаш не прераснуваат во возрасни личности. Дури и кога тие ќе имаат свое потомство, во неговите очи засекогаш остануваат деца за кои тој треба да се грижи. Најважно му е детето да му биде обезбедено.

Стрелец

Родителот роден во знакот стрелец ќе му допушти на своето дете целосна слобода, а поради тоа детето многу ќе го почитува. Без забрани, со исполнување на сите желби, родителот во овој знак е секогаш весел и ги води децата на патувања и секаде со себе. Факултетот ќе биде многу важен за овие родители, како и спортот и другите активности.

Јарец

Можеби звучи дека јарецот секогаш е најстрогиот знак, но овој пат тоа воопшто не е лоша работа. Знае како да се постави, да ги стави работите на свое место и да има авторитет, а тоа е најважно во процесот на воспитување деца. Секогаш е добар советник и не се меша, освен кога неговото дете ќе побара. Бара дисциплина и одговорност.

Водолија

За секое дете, најдобар пријател е родителот-водолија. За разлика од стрелецот, водолијата не му попушта на своето дете. Тие се ригорозни и ладни и доколку забележат дека нивните деца не ги слушаат, следуваат санкции. Сепак, на овој родител брзо му поминува лутината и попушта после некое време. Детето мора да постави одредени цели и да ги исполни.

Риби

Родителите родени во знакот риби секогаш се прават дека ништо не гледаат, а забележуваат сè околу нив. Тие знаат да ги чувствуваат потребите на детето и не го притискаат, туку го оставаат да биде свое. Ова може да доведе до совршено воспитување или до сосема спротивен ефект. Најчесто го насочуваат детето на некакви активности, но доколку тоа не покажува некој интерес, нема да го притискаат. За нив мирот во куќата е најважен.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар