Хороскопот открива: Што ви е потребно да слушнете кога вашето срце е скршено?

Хороскопот открива: Што ви е потребно да слушнете кога вашето срце е скршено?

Ако немате никого кој е во состојба да ви го каже она кое ви е баш потребно да го слушнете, кога вашето срце е скршено и кога сте во депресија, запишете ги охрабрувачките реченици кои одговараат на вашиот хороскопски знак и залепете ги на огледалото во бањата. Или пак, запишете ги на сто ливчиња и залепете ги насекаде низ вашиот дом. Тоа е најбрзиот начин да почнете да се чувствувате подобро, без воопшто да се трудите.

1-horoskopot-otkriva-shto-vi-e-potrebno-da-slushnete-koga-vasheto-srce-e-skrsheno-www.kafepauza.mk_

Овен

Вие не можете долго да останете на дното. Кога-тогаш од вас ќе излезе искра и ќе сјае посилно од кога било порано, поради сето она низ кое сте поминале. Ќе блескате повторно, ќе бидете среќни.

Бик

Оние кои најмногу губат се оние кои не се осудуваат да сакаат – а вие сте победник. Вашето срце е доволно големо, силно и топло да ве пренесе низ периодот на болката и кога ќе излезете на другата страна, ќе имате поголемо сочувство и заразна радост.

Близнаци

Следниот пат ќе сретнете некого кој ќе ги засака двете верзии од вашата личност – и онаа светлата, отворената, веселата и забавната, но и другата, нежната и ранливата. Можеби дури и повеќе. Вашата двојна природа е вашето најголемо емотивно богатство.

Рак

Доволно сте паметни за да ја изнесете вашата тешка и напорна страна, кога тоа ви е потребно, кога сакате да се ослободите. Дозволете си себеси да ги изразите тие чувства, непотиснато како бебе. А потоа сакајте си се доволно, за да посакате да се поместите од таа точка и да тргнете понатаму.

Лав

Со љубопитноста и страста како вашата, нема сомнеж дека брзо ќе соберете сила да станете од креветот и да се вклучите во животните случувања. А додека ви е навистина тешко, ќе имате на кого да се потпрете – вашето семејство и пријателите кои неизмерно ве сакаат и поддржуваат.

Девица

Ако постои личност која е подготвена, способна и апсолутно доволно дисциплинарна за низ периодот на скршено срце да помине малку по малку, чекор по чекор, ден по ден, тогаш тоа сте вие. Она што за другите е невозможно да го направат, за вас е совет кој умеете да го примите за сопствено добро.

Вага

Сетете се дека тоа што некој ве отфрла, воопшто не ве прави помалку пожелни и достојни за љубов. Имате толку пријатели и луѓе кои ве опкружуваат, кои ве сакаат не поради она што можете да го направите за нив, туку поради она што навистина сте, поради тоа што за нив сте извор на радост, едноставност и утеха. Не менувајте се никогаш, за никого.

Скорпија

Сега сте опседнати со она што тргнало наопаку и она што сте можеле да го направите поразлично, но сетете се – вие сте магична личност, низ вас течат сили кои ќе го направат она што е најдобро за вас. Препуштете се на космосот, нека ве однесе низ тешкиот период, нека го направи она што е најдобро за вас. Вие само продолжете со извршувањето на секојдневните обврски.

3-horoskopot-otkriva-shto-vi-e-potrebno-da-slushnete-koga-vasheto-srce-e-skrsheno-www.kafepauza.mk_

Стрелец

Во ред е да не бидете главниот забавувач и оптимист. Не мора да правите шеги на сметка на вашето скршено срце. Во ред е да ве боли и да не ви е до ништо. И воопшто не мора да бидете храбри. Не морате ништо да направите.

Јарец

Сетете се колку сте практични, логични и силни и дека сте потполно способни за сами да ги составите парчињата од вашето скршено срце. Вие сте поспособни од останатите, како што сте поспособни во поголемиот дел од работите. Ќе пронајдете начин, бидејќи ова е драгоцено искуство во вашиот живот.

Водолија

Не отсекувајте се од чувствата. Вашата болка има право да биде призната, доживеана, сфатена. Дозволете си да го почувствувате сето она што го чувствувате. Разговарајте со оние кои ве разбираат и кои ја познаваат моќта на чувствата. И најважно од сè, дајте си доволно време за да оздравите.

Риби

Вашето скршено срце во овој момент ви дава прилика да се потпрете на оние луѓе, кои толку пати се потпирале на вас, вашето разбирање, топлина и сочувство. Дозволете им да ве разгалат, утешат, негуваат и да ве прифатат како подарок.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар