Хороскопот открива: На што е слаб неговиот знак кога е љубовта во прашање?

Хороскопот открива: На што е слаб неговиот знак кога е љубовта во прашање?

Хороскопските знаци си имаат одредена поврзаност и предодреденост. Во зависност од знакот во кои се родени, момчињата и мажите имаат афинитети кон одредени карактеристики на дамите, поради кои се вљубуваат во нив. Некои знаци им се попривлечни, додека некои ги одбиваат и фрустрираат со своите особини. Проверете на што најмногу „паѓаат“ мажите според нивниот хороскопски знак.

(1) Хороскопот открива: На што е слаб неговиот знак кога е љубовта во прашање?

Овен

Мажите родени во овој знак ги покренува сексот. Тие вообичаено се спортисти, сакаат предизвици и секогаш сакаат да се натпреваруваат во сè. Мажот Овен знае да направи вистински огномет в кревет, но подеднакво експлозивен е и во кавгите. Овенот сака атрактивна и самоуверена жена, а најдобро се снаоѓа со дамите родени во знакот Стрелец или со Лавици. Исто така можат да го заинтересираат и Близнаци и Водолии, додека Вагите го фрустрираат. Дамите родени во знакот Јарец или Рак го излудуваат. Најдобро пријателство, но не секогаш и љубов, може да оствари со Бикови и Риби.

Бик

Биковите се романтични, практични, големи љубители на храната и не внимаваат многу многу на финансиите. Сакаат дами со раскошни облини кои уживаат во готвењето и јадењето. Идеална партнерка за Биковите е жена родена во знакот Рак или Риби. Се согласува и со Јарци, додека девојка родена во знакот Скорпија особено ќе го привлече и ќе биде вистински предизвик за него. Близнаците и Бикот се одлична комбинација, но само во кревет. Со дамите во знакот Стрелец не може да оствари подлабока врска, иако тоа го посакува, а оние кои се родени во неговиот знак се премногу тврдоглави за него.

Близнаци

Мажите Близнаци се зборлести, ја следат модата, сакаат книги и секогаш се опкружени со многу пријатели. Обично се витки, секогаш имаат многу прашања и во себе носат две активни и различни личности, поради што и се нарекуваат Близнаци. Љубовта најчесто ја пронаоѓаат кај дамите родени во знакот Овен или Лав, а не е лош нивниот спој ниту со родените во знакот Стрелец. Може да се вљуби и во Водолија и Вага, додека од Скорпиите бега, исто како и од припадничките на неговиот знак.

Рак

Ракот е чувствителен, грижлив и најголема страст и љубов чувствува кон своето семејство и храната. Сака дами со облини, а сродната душа најчесто ја наоѓа меѓу Рибите, Раковите и Скорпиите. Добро се сложува и со жена во знакот Бик, а со Близнаци и Лавови најчесто остварува само пријателски однос. Дамите родени во знакот Стрелец се кошмар за емотивниот Рак, а тоа важи и за Водолиите и за Вагите.

Лав

Лавот е храбар, самоуверен, дарежлив, добар, креативен и многу сака деца. За себе сака силна жена, која има еднаква моќ како неговата. Совршен спој остварува со жени родени во знакот Овен, Стрелец и Лав. Заинтересиран е и за Близнаци и Ваги, додека Јарците и Биковите за него се досадни, Рибите ги смета за неразумни, додека во друштво на Раковите ужива, но често со нив знае да избувне во голема кавга.

Девица

Мажите Девици се срамежливи, но прецизни, опседнати се со своето здравје и опсесивно се уредни. Од неговата партнерка бара таа да се грижи за него и за себе и да внимава на своето здравје. Прекрасно се сложува со Скорпии и Ракови. Рибите го интересираат, додека со Јарците и Биковите може да изгради пријателски однос. Дамите родени во знаците Стрелец и Овен се премногу темпераментни за неговиот вкус.

Вага

Мажите родени во знакот Вага се романтични, шармантни, релаксирани и секогаш расположени за дружење. Тој бара вистинска дама која внимава на убавото однесување и која се облекува со стил. Вистинска љубов најчесто наоѓа кај девојките и жените родени во знакот Близнаци, Стрелци и Лавови, додека со Девиците и Скорпиите обично може да биде само пријател. Дамите Јарци за него се премногу авторитативни, додека Рибите и Раковите се премногу емотивни.

Скорпија

Скорпиите зрачат со сексапил, а идеална жена за него е онаа која ја дели таа негова енергија и која сака да експериментира в кревет. Најдобри шанси за љубов има со Рибите и Раковите, а се снаоѓа и со Девиците и Јарците. Биковите истовремено го фасцинираат и го иритираат, па често се расправаат, но затоа сексот со родените во овој знак одлично им оди. Со Водолиите и Близнаците не може да оствари врска затоа што премногу зборуваат.

Стрелец

Стрелците се вистински авантуристи, тие се мудри и сакаат да ја зачуваат својата слобода. Бараат жени со авантуристички дух, но таа мора да биде и интелигентна, за да може Стрелецот од неа да научи нешто ново. Во љубовта најдобро се сложува со Лавовите и Овните, а не е лош ниту спојот со Вагите и Водолиите. Дамите родени во знакот Близнаци му се интересни, сè додека не претераат со зборување. Потешко остваруваат врска со Рак, Девица и Бик.

Јарец

Мажот Јарец е авторитативен, но истовремено и прекрасен љубовник. Тој сака интелигентна, заводлива жена која истовремено ќе му покаже голема почит. Колку што е дамата поуспешна, толку е поголема можноста Јарецот да „откачи“ по неа, бидејќи сака партнерка која може да застане рамо до рамо со него и со која може да изгради стабилен живот. Жени кои му одговараат се дамите родени во знакот Стрелец, но исто така и Водолиите, додека со Јарците може да оствари добар пријателски однос. Во љубовта, Јарците се сложуваат и со Биковите и Девиците, а спојот со Рибите и Скорпиите е полн погодок. Родените во знакот Рак истовремено го фасцинираат и фрустрираат. Со Овните, Близнаците, Лавовите и Вагите, Јарецот потешко може да оствари некоја длабока врска.

Водолија

Мажите Водолии се големи логичари, но и ексцентрични и бунтовни. Овој знак сака интелигентна и лојална жена која ќе му биде и љубовница и пријателка. Спој на маж Водолија со жена во знакот Јарец или Риби главно може да резултира со длабоко пријателство, но поретко со љубовна врска. Најдобар љубовен погодок за мажите Водолии се Близнаци или Ваги, но исто така и Овни и Стрелци. Лавиците го фрустрираат, но и го фасцинираат со својата потреба секогаш да бидат во центарот на вниманието. Со Скорпиите и Раковите, потешко остварува подлабока врска.

Риби

Мажите родени во знакот Риби се чувствителни, големи романтичари и фантазери, а посакуваат жена која е нежна и полна со разбирање. Совршен партнер за родениот во знакот Риби е жената Рак, но и Скорпиите и сензуалните Бикови. Лавиците ќе го исплашат и избркаат, додека дамите Близнаци го забавуваат, но со нив не остварува некој длабок однос. Жените родени во знакот Јарец се премногу авторитативни за него, додека со Водолиите и Овните може да биде пријател.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар