Хороскопот открива: Кој знак може без предигра, а кој никако не смеете да го брзате?
Дали повеќе ви одговара добар стриптиз, секси зборови или секс набрзина? Некои знаци можат без предигра, додека пак, за други таа е најважниот чекор кој води до сексуалниот однос.
Овен
Со цел да ја победи досадата, Овенот непрекинато бара предизвици. Новите пози, места и техники ќе го држат возбуден и заинтересиран. Тој сака директен пристап, додека премногу зборови можат да го оддалечат. Но, нема да згрешите доколку директно разговарате за она што сакате му го направите на Овенот, ако потоа и навистина го направите истото.
Бик
Тој е многу сензуален и ужива во опуштениот пристап. Меките чаршафи, вкусната храна и опуштената атмосфера ќе ги разбуди сите негови сетила. Бикот е знак кој не смеете никако да го брзате, а со добра масажа на вратот и рамената можете да постигнете сè што ќе посакате.
Близнаци
Тие не можат да одолеат на добар стил и интелигенција. Исто така, нивното внимание може да биде привлечено и задржано од тренди и забавна атмосфера. Добриот хумор во кревет за нив е најдобрата предигра, додека пак гледањето или читањето еротични содржини, во комбинација со галење, може скоро инстантно да ја разбуди нивната желба за секс.
Рак
Ракот е огромен романтичар. Тој секогаш ужива кога му го изразувате вашето копнеење кон него. Токму затоа најдобриот начин да ги разгорите страстите помеѓу вас е песна за вашата врска или посебен состанок на денот кога сте се запознале. Ракот обожава храна, па токму затоа добро подготвениот оброк во пријатна атмосфера, по можност некаде покрај вода, би била совршена предигра за него.
Лав
Лавот копнее за внимание и изразување на љубовта. Предиграта во облик на фина вечера, излегување во кино или театар ќе биде полн погодок. Тој е многу креативен, затоа потрудете се да внесете малку креативност во вашата предигра со цел да ја разбудите неговата страст.
Девица
Девицата има своја злобна страна која доаѓа на виделина кога таа е силно возбудена. Суптилното заведување и допирите се она што најмногу ја возбудува, но нема да згрешите доколку подготвите фина и здрава вечера ако сакате целосно да ја изненадите. Девицата е еден од оние знаци кои едноставно не можат без предигра.
Вага
Вагата многу често се возбудува од емоциите. Таа бара некој кој ќе ѝ го предизвика интелектот со цел да го разбуди и нејзиниот интерес. Вагата ја привлекува шарм и убавина, па токму затоа потрудете се да создадете амбиент кој ќе биде пријатен и креативен. Исто така не заборавајте на вештите и повеќечасовни разговори кои можат да ја стимулираат нејзината страст.
Скорпија
Само небото е граница кога станува збор за предиграта на овој сензуален знак. Но, понекогаш и добриот стриптиз ќе биде сосема доволен. Ако сте во брзање, краткиот секс е одлична можност за вас. Но, не заборавајте дека кога сте во кревет со Скорпија треба да ја истражувате и неговата интересна сексуалност.
Стрелец
Предиграта за овој знак е забава и авантура. Бидете духовити во кревет, но не и надвор од него. Тоа дефинитивно ќе го заинтересира и забавува. Сексот на јавно место е нешто што тој го обожава бидејќи на тој начин се буди дивата страна во него. Истражувајте необични места и уживајте во нив со возбудливиот секс кој може да ви го понуди Стрелецот.
Јарец
Откако ќе се справите со неговата резервираност, вие ќе ја откриете и неговата страст. Тој сака див секс, обично без романтика и суптилност. Опуштената атмосфера ќе го возбуди, додека пак, никогаш нема да ве одбие за секс на отворено бидејќи на тој начин се буди најдлабоката и најскриената страст во него.
Водолија
Таа сака да експериментира. Егзотичната предигра, како што е тантричкиот секс, ќе го разбуди нејзиниот ум и тело. Еротичните играчки, филмови и приказни ќе ги заинтересираат. И не заборавајте дека Водолијата е социјален тип, па токму затоа нека не ве изненади доколку зборува за вашите возбудливи сексуални приказни и со други луѓе.
Риби
Костумите и различните игри со улоги ќе ја разбудат нивната фантазија и ќе ги претворат во вистински сензуален ѕвер. Исто така добро ќе им дојде опуштање во топла бања или галење покрај море кое има моќ да ја разгори нивната желба за секс.