Хороскопот открива: Какви се мажите во бракот?
Хороскопот во голема мера може да ви открие какви се мажите во бракот според нивниот знак. Некои се одликуваат со голема грижа за домот и за семејството, некои повеќе време сакаат да минуваат надвор, а некои мораат да ги контролираат работите и без нивна дозвола ништо не поминува…
Овен
Доколку постои „чист“ тип на Овен, тој може да биде многу пожелен за сите видови блиски контакти. Припаѓа во онаа група мажи, за којашто сонуваат сите жени. Во размислувањето е конвенционален, така што ниту во љубовта не ја пропушта „боемската “ романса. Од жената која ќе ја избере бара висока моралност во секој поглед, иако често и сам не се придржува до тие правила. Всушност, тој не поднесува никакви случајни „љубовни афери“. Многу е отворен, но секогаш бара и некое задоволство надвор од домот. Мажот Овен е горд, тој е комплетна личност и во текот на целиот живот ѝ посветува целосно внимание на својата сопруга, збогатено со романтични моменти. Жените кои имаат сопруг Овен можат да сметаат на долговечна врска, но само доколку со својот партнер се вклопат и физички и духовно.
Бик
Како сопруг, Бикот има најдобри особини од сите знаци во Зодијакот. Постојат некои описи за Биковите како неморални личности, но само доколку се има предвид неговата силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот. Сопрузите во знакот на Бик имаат благ карактер, добродушни се и верни. Никогаш нема да го занемарат својот дом и семејството поради каков било друг интерес. Овие мажи особено се трудат да ги задоволат потребите на своите сопруги и деца и даваат сè од себе нивното семејство да живее еден убав, смирен живот. Биковите најчесто избираат сопруги кои имаат подобар материјален и социјален статус од нив, затоа што секогаш се водат од амбицијата за успех и за остварување на подобри услови за живот. Венера ги вдахнува со исклучителна смисла за убавина, па така покрај нив најчесто ќе видите жена која плени со својот шарм и особена природна убавина. Биковите многу тешко се одлучуваат за развод.
Близнаци
Овие мажи се многу интересни личности, талентирани, интелектуално возвишени и многу друштвени. Многу припадници на овој знак се новинари, писатели или научници. Нивниот семеен живот е оскуден. Родените во овој знак бараат сопруги кои би ги следеле нивните ментални интереси. Близнаците сакаат да влијаат врз околината на својата избраничка и да го сменат нејзиниот начин на живот. Сакаат флерт, но неговите „излети“ никогаш не се сериозни. Доколку пронајде жена која би му дала смисла и правец на неговиот живот, но која истовремено нема да му го попречува патот во ништо, ниту да му врши притисок, тогаш бракот со мажите родени во овој знак може да биде успешен.
Рак
Животот со сопруг роден во знакот на Рак можеби нема да биде лесен и едноставен и покрај генералната оценка дека овие знаци се многу пријатни личности. Мажите Ракови можат да се поделат во две групи: Во првата спаѓаат мажите кои што го сакаат својот дом, но се многу напорни, внимаваат на сите детали и многу критикуваат. Во втората група спаѓаат пасивните, мрзеливи и незаинтересирани мажи кои најчесто се женат од корист, наследство или поради одредена положба во општеството. Но, без оглед дали станува збор за првиот или вториот тип, мажите родени во знакот на Рак, дома минуваат многу повеќе време во споредба со останатите знаци во Зодијакот. Овие мажи имаат еден посебен однос кон семејството и домот. Тие се премногу чувствителни и бараат постојан љубовен поттик. По правило се доволно верни, но и многу плашливи, па затоа избегнуваат опасност секогаш кога е тоа можно.
Лав
Мажот Лав влегува во брачен живот сосема збунет. Тој е способен многу да заработи и сака тоа да се види и кај децата и кај него. Лавовите се неверојатно горди, но не само на семејството, туку пред сè на самите себе. Секогаш бараат да се во центарот на вниманието, а семејниот живот сакаат да се врти околу нив, како планетите околу Сонцето. Сопругот Лав е многу љубезен, симпатичен и посветен на семејството, но на свој начин. Тој однапред има фиксирано кои се должностите на неговата сопруга и на неговите деца. Просечниот Лав е добар сопруг. Неговата племенитост, добрина и страсна лојалност го чинат многу добар и сигурен сопруг, на кој може да се потпре секоја жена.
Девица
Единствен вистински тип на маж за жените Девици се мажите Девици. Тој не е заинтересиран за љубов, за страст и воопшто не е посесивен. Мажите Девици, најчесто се конвенционални, конзервативни и го прифаќаат домашниот живот, затоа што тоа е дел од животната игра. Во многу случаи одлучуваат да останат неженети, затоа што тоа некако сосема природно одговара на овој знак. Се разбира, не може да се дава генерална оценка, има и исклучоци, кои даваат сосема други примери. Мажите Девици имаат особена способност и на своето семејство можат да му обезбедат комфорен и луксузен живот. Можат да бидат многу критички настроени, незадоволни, а понекогаш и досадни поради својата хипохондрија.
Вага
Она што ги карактеризира сопругите родени во знакот на Вага, не може да се каже и за сопрузите од истиот знак. Мажите Ваги во ниту еден случај не се „лесни“ луѓе за заеднички живот. Домашната атмосфера не одговара многу на нивниот темперамент, но и покрај тоа, тие се многу страсни и ја почитуваат традицијата, поради што не го потценуваат бракот. Сопрузите родени во знакот Вага се разумни, тие се родени судии за сè и ниту еден друг знак не може да го уреди својот живот според толку мудрости како што тоа може да го стори сопругот Вага. Мажите Ваги се особено грижливи за своето семејство и имаат неверојатна моќ во свои раце да ја држат судбината на својот дом. Тие никогаш нема да дозволат некој отстрана да ја наруши хармонијата којашто ја создале со својата сопруга и децата.
Скорпија
Родените во знакот Скорпија се страсни и посесивни. Скорпиите обично доминираат над своите сопруги. Бракот со нив значи екстремни чувства – од прекрасни романтични моменти, духовно издигнување, до мрак и деструкција. Многу е тешко да се живее со припадниците на овој знак во Зодијакот. Тие се големи перфекционисти, посесивноста често ги води во садизам, а најчесто најмногу ги малтретираат оние кои најмногу ги сакаат. Мажите Скорпии се многу мистични и несфатени, а се одликуваат со одредена фаталност. Тие освојуваат по секоја цена со нивниот магнетизам. Ги презираат рутината и општоприфатените норми на однесување, па затоа најчесто ги следат принципите кои сами си ги поставуваат. Доколку сте во брак со Скорпија, не очекувајте од него чести изливи на љубов. Но, доколку вистински се вљуби, мажот роден во овој знак е подготвен на сè за да ја освои таа жена и да ја направи своја сопруга. Ќе ја штити со орловска храброст и ќе ја сака доживотно.
Стрелец
Овој сопруг бара мудра и тактична жена. Ова е всушност карактеристика за сите мажи, но Стрелците се разликуваат по тоа што се големи ситничари и многу често знаат да им забележуваат на своите партнерки за некои нивни слабости. Стрелците не се баш „родени“ за брачен, односно, семеен живот. Неговиот интерес за светот е огромен. По природа е хуман, поради што најчесто мажите од овој знак работат во разни хуманитарни организации и решаваат практични проблеми во својата заедница. Но, тие се и големи мегаломани, поради што неговиот живот му изгледа мал и неинтересен. Стрелците се „посилната“ страна во бракот, затоа што многу сакаат да доминираат. Сопругата мора да биде со широки погледи, ослободена од љубомора и заводлива. Жените кои се во брак со Стрелци мораат да бидат вистински „уметници“ за да ги задоволат различните барања на своите сопрузи. Стрелците имаат спортски и авантуристички дух, па така ги доживуваат и љубовта и бракот.
Јарец
Иако на овие знаци совршено им одговара семејниот живот, но бракот ретко ги исполнува во целост мажите Јарци. Како сопрузи, тие се исклучително добри, затоа што се премногу амбициозни и многу успешни во својата работа, поради што многу заработуваат и му овозможуваат удобен живот на своето семејство. Но, од друга страна пак, не им овозможуваат многу слобода на своите сопруги. За повеќето работи одлучуваат тие. Јарците се одликуваат со голема страст, којашто брзо минува. Но, доколку покрај нив се најде паметна, нежна и трпелива жена, нивната енергија може да биде скротена.
Водолија
Водолиите се исклучително добри сопрузи. Можеби не е најстрасниот љубовник, но секогаш е чесен и искрен. Иако се интересни за друштво, сепак бракот го сфаќаат како дел од некаква општествена шема. Многу добро соработуваат, па така можат да ја усреќат секоја жена со која ќе се оженат. Тие многу размислуваат, имаат убави манири, а кон сопругата и децата се однесуваат со почит. Најдобро е да се во брак со многу паметни жени од областа на науката, кои имаат изградено своја кариера. На тој начин ќе се надополнуваат и развиваат.
Риби
Мажите родено во знакот Риби се можеби најпосакувани и најомилени. Во домот минува поголем дел од времето, речиси исто како и Раковите, но овие мажи ретко се во можност да донесат финансиска стабилност во домот. Тие се прекрасни личности, но често губат допир со реалноста. Нивните сништа, поими и идеи, само ним им изгледаат можни и остварливи. Но, доколку мажот Риба најде способна и силна жена, тогаш животот со нив може да биде речиси идиличен. Мажите Риби се сензуални и бараат партнерки за физичко и духовно уживање.