Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?

Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?

Иако неверството во љубовната врска подеднакво ги погодува сите луѓе, сепак секоја личност различно реагира во моментите кога ќе дознае дека била изневерена од партнерот/партнерката. Дознајте како го доживуваат и како реагираат хороскопските знаци на неверството и кој од нив знае вистински да се одмазди за таквото предавство.

(1) Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?

Овен

Искреноста и верноста се најважни за Овенот. Секој што ќе ги повреди тие темелни вредности, може да очекува тешки последици. Луѓето родени во знакот Овен, кога ќе дознаат дека се изневерени многу често знаат да се јават кај мајката на партнерот/партнерката, кај шефот или да објават на социјалните мрежи.

Бик

Ако го повредите, Бикот задолжително ќе ви врати, но на негов својствен начин. Родените во овој знак, кога ќе дознаат дека се изневерени, некое време ќе смислуваат начин како да го повредат партнерот/партнерката, за тој/таа долго да пати. Биковите никогаш нема да заборават што сте им направиле. Тие не реагираат веднаш, туку својот настап ќе го подготвуваат подолго време.

Близнаци

Доколку Близнаците дознаат за вашето неверство, ставете ги на безбедно сите ваши значајни предмети. Со својот нескротлив темперамент, во неколку секунди ќе уништат сè што ви значи. Толку се разбеснуваат што во тие моменти не се свесни за своите реакции, а тој бес ќе потрае некое време.

Рак

Доколку се чувствувате лошо затоа што сте изневериле партнер/ка во знакот Рак, знајте дека кога ќе дознае ќе се чувствувате уште полошо. Од нив не очекувајте напади на бес и фрлање предмети, како кај Близнаците. Тие ќе ви предизвикуваат чувство на вина на најлош можен начин. Немојте да се изненадите доколку им кажат на вашите родители и најблиски што сте сториле и колку се разочарани од вас.

Лав

Ако изневерите Лав, знајте дека од тој момент тој ја презема целата контрола во свои раце, секако доколку одлучи да ви прости. Ќе мора да му/ѝ поднесувате извештај за секој ваш чекор, затоа што нема да ви верува. Довербата можеби ќе ја вратите некогаш, но ќе мора долго време да се докажувате одново и одново.

Девица

Родените во овој знак најпрвин се збунети и одредено време размислуваат дали вината се наоѓа во нив. Но, кога ќе сфати што навистина се случило, Девицата ќе ве етикетира како „тотален глупак“ и ќе ви одземе нешто за што сте премногу приврзани во знак на одмазда.

(2) Хороскопот и неверствата: Кој знак сериозно ќе се одмазди доколку е изневерен?

Вага

Откако ќе заздрави од првичниот удар, Вагата ќе се обиде на секаков можен начин да ве понижи јавно. И, навистина ќе ужива во тоа.

Скорпија

Немојте да се залажувате. Скорпијата во првиот момент ќе се однесува како тоа воопшто да не ја погодува. Но, тоа е само затоа што си дава време да смисли како најефикасно да го искористи својот отров.

Стрелец

Кога ќе дознае за неверството, тука е крајот. Стрелецот повеќе нема да комуницира со вас. Доколку живеете заедно ќе ги исфрли вашите работи на улица и преку семејството и пријателите ќе ви испрати непријатна порака. За него вашата приказна е завршена.

Јарец

Што сте имале сте имале. Родените во знакот Јарец кога ќе дознаат дека биле изневерени, едноставно, како и Стрелците, ќе ве исфрлат од нивниот живот. Ќе продолжат по својот пат, иако во себе тивко ќе патат и никогаш повеќе нема да ви проговорат ниту збор.

Водолија

Може малку да полудат кога ќе дознаат што сте направиле, но Водолиите по кратко време се смируваат и едноставно ќе излезат од таа врска.

Риби

Родените во овој знак ќе плачат со денови и нема да можат да поверуваат што сте им сториле. Но, потоа тагата ќе се претвори во бес и немојте да се изненадите доколку ви дупне гума на автомобилот или нешто слично. Кога ќе ги задоволи таквите одмазднички пориви, ќе се прави дека ништо не се случило и ќе продолжи со својот живот. Сам/а секако!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар