Хороскоп за 2013 година

Хороскоп за 2013 година

Прочитајте каков хороскоп ве очекува за наредната 2013 година. Што кажуваат ѕвездите за вашиот хороскопски знак? Ќе имате ли среќа во љубовта? Како ќе ви напредува кариерата?Хороскоп за 2013 година

Овен

Вашиот хороскоп за 2013 година е многу возбудлив. Ова е многу важна година за напредок на работен план, односно во кариерата, како и за приходите и позитивната внатрешна мотивација.

Работа и пари: Оваа година и тоа како ќе ви се исплати, она што чесно ќе си го сработите. Повеќето од вашите претходни идеи, проекти и работни иницијативи, токму оваа година ќе вродат со плод. Вашиот хороскоп за 2013 година вели дека уште во првата половина од годината вие ќе го искусите успехот, па токму затоа уште од почетокот на 2013, целете кон врвот.

Љубов, семејство, друштво: Вашите семејни и интимни односи ќе бидат малку затегнати во првиот дел од годината. Внимавајте да не излезат работите од контрола. Дадете сѐ од себе за да прејдете преку сите несогласувања со партнерот или со семејството. Доколку сакате стабилна година, ќе морате да разговарате за сите проблеми отворено и ќе морате да не го одложувате нивното решавање.

Здравје: Хороскопот за оваа 2013 година изгледа одлично. Ќе имате одлично здравје, па токму затоа потрудете се што повеќе да го вежбате вашето тело, како и умот и срцето. Пробајте да се храните поздраво, отколку досега и да спиете доволно. Ова е идеална година и да почнете со некој спорт, за кој одамна сте размислувале. Вашата енергија насочете ја кон спорт и здравје. Грижете се за своето здравје, за да обезбедите што поубав живот.

Бик

Особините кои го красат бикот, како што се стрпливост и тврдоглавост, секогаш ќе му помагаат да го пројде тешкиот период во животот. Годишниот хороскоп за 2013 година, несомнено покажува дека ќе постојат подеми и падови со кои тој ќе се справи, благодарение на веќе споменатите особини. За време на првиот дел од годината ќе морате да покажете борбеност кога станува збор за работата и за парите, додека здравствените проблеми ќе ви предизвикуваат конфузија во текот на поголемиот дел од годината.

Работа и пари: Претераната грижа за светската економска криза, никаде нема да ве одведе. Потребно ќе биде да се посветите на вашите квалитети и на вербата во себе, за да го дадете вашиот максимум и подобро да си ја вршите работата. Доколку чувствувате недостаток на одредени вештини, 2013 година е идеална за вашиот личен развој.

Љубов, семејство и друштво: Извесно е дека оваа година ќе добиете целосна поддршка од пријателите, семејството и од другите драги личности во вашиот живот. Хороскопот за 2013 година недвосмислено покажува дека оваа година ќе биде вашата најромантична година. Односот со партнерот ќе ви биде на одлично ниво поради добрата комуникација, вербата и отвореноста која ќе ја делите еден со друг.

Здравје: Во 2013 година, биковите треба да внимаваат повеќе на своето здравје. Ова особено се однесува на средината од годината, кога доколку сте немарни, може да настрадате од неочекувани грипови и настинки. Исто така, астрологијата вели дека треба да научите да ја контролирате вашата агресивност и психотичност.

Близнаци

Близнаците ги карактеризира тоа што често го менуваат своето мислење, но тоа нема да биде некој голем проблем оваа година, од проста причина, што нема да ви се случат некои големи промени во животот. Освен, некои помали тешкотии на полето на кариерата, ништо значајно нема да ја наруши вашата финансиска состојба. Кога станува збор за љубовта, се ќе биде на прилично задоволително ниво и нема да постои потреба за значајни промени.

Работа и пари: Самиот почеток на годината ќе ви донесе напад на вашата работна позиција. Спремете се, бидејќи некои поединци од вашето опкружување сакаат да ја преземат вашата позиција и ќе направат сè тоа да се случи. Но не се откажувајте, бидете јаки, главата горе и работете си ја работата како и до сега – најдобро што знаете.

Љубов, семејство и друштво: Вашата неодлучност најмногу се забележува на полето на љубовта, односно кога се односите во прашање. Ова за вас секако не е година за донесување големи одлуки, но како што им прилега на близнаците, постојано ќе ги мерите предностите и недостатоците на вашата врска. Постојат големи шанси силно да поскате да го промените својот живот во периодот од јануари до јуни, но целата ситуација само ќе ви донесе дополнителен стрес. Секогаш имате голема поддршка од прекрасните луѓе кои ве опкружуваат и на нив знаете дека секогаш можете да се потпрете, кога ви е потребна помош. Треба да научите да не се срамите да ја побарате.

Здравје: Не ги одложувајте редовните контроли и прегледи. Понекогаш посетата на лекар може брзо да го реши секој проблем кој ненадејно се појавил.

Рак

Вам ви претстои навистина возбудлива година. Астрологијата за 2013 година покажува дека оваа година, вам ќе ви се чини дека е преполна со мистерии и интриги, бидејќи сте преосетливи. Покрај тоа, работите ќе се одвиваат малку пребавно за ваш вкус. За вас, оваа година ќе донесе навраќање на желбата за учење, креативен наплив на идеи и многу нови шанси.

Работа и пари: Во првата половина од годината ќе ви се чини дека сте на врвот на вашите работни можности и покрај тоа што ќе ви се јавуваат и попатни проблеми. Наградата ќе отиде за оние кои претходно имаат вложено многу труд и енергија за да ги постигнат посакуваните резултати.

Љубов, семејство и друштво: Почетокот на годината може да ви биде полн со искушенија, поради односите кои сте се обидувале да ги поправите и кои лесно можат да тргнат во непожелен правец, поради неколку непретпазливи зборови. Во овој период, ќе сфатите дека сѐ е оставено на вас и сѐ зависи од вас. Внимавајте што зборувате и што правите. Имајте на ум дека не сте секогаш во право.

Здравје: Секогаш емотивниот рак е често сам себеси најголем непријател, кога станува збор за здравјето. Годишниот хороскоп за ракот носи добри и позитивни емоции, а здравјето би требало да остане добро, ако стресот го сведете на минимум.

Лав

Оваа година ќе ви се појават многу можности, луѓето ќе ви се восхитуваат, а некои ќе ви понудат и нови работни можности. Ќе имате впечаток дека сите ќе ви се восхитуваат, освен најблиските. За да воспоставите хармонија во својот живот, потребно ќе биде добро да ги избалансирате вашите постапки. Не сте им на сите во центарот на вниманието, иако имате доста квалитети.

Работа и пари: Ѕвездите покажуваат дека оваа година ќе ви тргне многу бурно. Сѐ она за кое лавот живее, а тоа е промоцијата, признанијата, вниманието и слично, ќе продолжи во текот на целата година, што е добро имајќи ги во предвид идеите и проектите кои сте ги одложувале веќе подолг период.

Љубов, семејство и друштво: Понекогаш лавот непотребно драматизира. Запаметете го ова на почетокот на годината, доколку нешто во врската не ви чини. Ова, нормално, не значи дека вие сте предизвикувачот на тоа. Ќе морате да посветите повеќе внимание на другите. Годишниот хороскоп покажува дека вам луѓето нема да ви пружат многу сочувствителност, како и дека ќе имате малку проблеми во врската во првата половина на 2013 година. Проблемот секогаш треба да тргнете да го барате од себе.

Здравје: Здравјето ќе ви биде на завидно ниво. Потрудете се да јадете здрава храна, да вежбате и да се опуштите, што е можно повеќе. Одморот е клуч за доброто здравје оваа година. Иако поради преголемиот обем на работни обврски ќе дојдете во искушение да ја запоставите здравата исхрана, вежбањето и одморот, немојте тоа да го сторите, бидејќи брзо ќе ги почувствувате негативните ефекти. За доброто на вашето здравје, најважно е да бидете умерени во работите кои ги правите.

Девица

Според годишниот хороскоп, во 2013 година вие ќе го достигнете максимумот во многу полиња од животот. Повеќето работи ќе ви одат добро, како што вие сте ги планирале и посакувале. Стабилноста вам ви е многу потребна, па токму затоа исклучена е авантурата од вашиот живот.

Работа и пари: Најважно е да престанете да брзате некои работи. Ѕвездите велат дека ваквата ваша наклонетост кон избрзување на нештата, може да ве доведе во сериозни финансиски проблеми и проблеми во кариерата. Ќе ви биде потребен подолг период за да ги анализирате вашите постапки.

Љубов, семејство и друштво: Почетокот на оваа година ќе доживеете раздор во интимните односи. Ќе ви биде потребно некое време за да ги решите проблемите. Немојте да имате нереални надежи  дека проблемот брзо ќе се реши, само бидејќи силно го посакувате тоа.

Здравје: Во 2013 година ќе ве служи здравјето. Останете во добра форма, хранете се здраво и поработете уште малку во полето на здравите навики. Доколку ви досади од таквиот стил на живеење, пробајте некој нов спорт и веднаш ќе ги почувствувате придобивките од него.

Вага

Кога станува збор за вагата, рамнотежата и стабилноста се многу важни. Вашиот хороскоп за 2013 вели дека ве очекува многу значајна година, која ќе ви го донесе балансот по кој толку многу копнеете. Вагите ќе бидат инспирирани да ја развиваат својата личност, правејќи работи кои досега не ги пробале. Бидете подготвени за мали проблеми на почетокот од годината. Ќе ви претстојат предизвици на работното место и во кариерата, но тоа нема да биде нешто, кое ќе биде невозможно да го преживеете.

Работа и пари: Лоша финансиска одлука или лошо погоден тајминг , ќе ви предизвика чувство на нестабилност на работното место. Ќе биде важно да останете прибрани. Искористете ја вашата способност стабилно и смирено да ги решавате проблемите, еден по еден. За да се вратите на правиот пат, ќе треба да ги поставите работите на вистинското место, а за тоа многу ќе ви помогне вашата одлична способност за добро планирање.

Љубов, семејство и друштво: Оваа година ве очекува нова романса, која тукушто не се разгорела! Бидете внимателни, бидејќи преголемата страст кај вас може да предизвика паника. Морате да бидете свесни дека посесивноста не е романтична.

Здравје: Вашиот хороскоп за 2013 покажува дека нема да имате значајни здравствени проблеми, доколку се фокусирате на внесување рамнотежа во вашиот живот. На помош, ќе ви притрча и Сатурн, чие влијание ќе ви помогне да ги стабилизирате сите работи во вашиот живот, а ќе ви помогне и да си ја вратите енергијата и снагата.

Скорпија

Вашиот годишен хороскоп за 2013 покажува дека ќе бидете одлучни да ги спроведете на дело, сите работи коишто ќе ги замислите. Нема да се предадете, сѐ додека работите не ги поставите на вашето посакувано место. Ѕвездите велат дека оваа година ќе ви пружи доста задоволства. Работите кои ќе ги правите, во најголемиот број од случаите, ќе ви одат од рака, особено во кариерата. Ова ќе биде година, која ќе ви остане во длабоко сеќавање.

Работа и пари: Оваа година ќе ви биде урамнотежена на сите фронтови. Иако ова ќе биде успешна година за вас, со помош на моќта на вашата ментална снага, ќе се принудувате себеси да остварувате уште повеќе цели. Вашата креативност ќе го достигне врвот оваа година, така што ќе можете да ја искористите оваа состојба, за да пробате нови работи, кои не сте се осудувале да ги искусите до сега.

Љубов, семејство и друштво: Кога станува збор за скорпиите, за нив љубовта никогаш не преставувала некаков проблем. Секогаш знаат што сакаат и го реализираат тоа. Она што вам понекогаш ви фали, е повеќе дружење и поврзување со луѓе. Во 2013 година, вашиот социјален живот значајно ќе се промени и ногу луѓе ќе ве пречекаат со ширум отворена врата.

Здравје: 2012 година беше прилично напорна за вас, поради што и во новата година, ќе влезете малку исцрпени. Обидете се да го одморите вашето тело и дух, за да заблескате со вашиот полн сјај.

Стрелец

Оваа година ќе ви биде исполнета со ведрина и позитивна енергија. Иако ќе ве очекуваат некои подеми и падови, општиот позитивен став кој ќе го имаат стрелците кон сите работи во животот, ќе ги одржуваат стварите под контрола. Доколку не ви оди секогаш сѐ како што треба, не плашете се да побарате помош од оние кои имаат повеќе искуство и можат да ви помогнат. Ставањето фокус на искуството, е најдобриот и најбрзиот начин да научите. Кога ќе наидете на некои неволји во 2013 година, бидете спремни да научите нешто од нив, да извлечете поука и да напредувате.

Работа и пари: Во претходнава година вам ви беше важно да напредувате во поглед на кариерата и финансискиот статус. Но, во 2013 година на стрелците ќе им биде напорно толку многу да планираат. Наспроти тоа, во 2013-та помалку ќе се трудите и помалку ќе се оптоварувате со некакви планови и постигнување цели. Можеби незаморувањето со ништо, е токму она што ви е потребно.

Љубов, семејство и друштво: Лојален спрема сите, стрелецот понекогаш сака да знае, кои луѓе не се во неговиот табор. Астролозите велат дека 2013, ќе биде проблематична година во поглед на семејните и пријателските односи на стрелците. Меѓутоа, сепак, можеби ова е вашиот единствен начин конечно да дознаете кои луѓе ви се навистина пријателски настроени, а кои не. Што се однесува до самите вас, оваа година ќе бидете во фантастична форма и вашиот сексапил ќе биде очигледен. Тоа може да предизвика љубомора кај поедини ваши пријатели, кои ќе се почувствуваат загрозено во ваша близина. Немојте да донесувате никакви важни одлуки, но немојте ни премногу да се ограничувате.

Здравје: Сега, откако Плутон се повлече, вашиот годишен хороскоп за 2013 покажува дека вашата здравствена состојба ќе биде многу подобра оваа година. За жал, ќе морате да потрошите дел од новата година, поправајќи ја вашата здравствена состојба од претходната година. Новата 2013, е вистинскиот момент конечно да воспоставите нормален сон, редовно да вежбате и здраво да се храните.

Јарец

Во светот на јарците, независноста е клучна работа за сѐ. Вие знаете што точно сакате и немате трпение да чекате некој друг да ви дозволи да го добиете тоа. Оваа година, ќе ви овозможи убав одмор од борбата, бидејќи астролозите велат дека ќе доживеете успех, како резултат на напорната работа од изминатава година.

Работа и пари: Ѕвездите велат дека довербата е на ваша страна оваа година, благодарение на влијанието од Сонцето, во секое поле од вашиот живот. Како и по обичај, луѓето од страна ќе ве набљудуваат и ќе се запрашуваат како успевате да постигнете сѐ. Не му дозволувајте на никој да влијае негативно врз вашиот напредок. Бидете претпазливи со оние, кои ќе се обидуваат да ги украдат плодовите од вашата напорна работа. Секако, не треба ни премногу да се грижите, бидејќи на крај сите ќе знаат дека вие сте секогаш оној, кој ги движи работите кон успех.

Љубов, семејство и друштво: Во поглед на вашиот друштвен живот, Марс ќе има некакво влијание врз вас во 2013 година. Ова значи дека можеби нема да бидете друштвени како обично, па можеби ќе бидете и лошо настроени. Луѓето ќе бидат изненадени од вашиот „краток фитиљ“ или недостаток на желба за излегување и забавување.

Здравје: Во минатото се провлекувавте, не обраќајќи му внимание на вашето здравје. Оваа година, е крајно време да почнете да водите грижа за себе. Психички, ќе морате да се борите со влијанието на Сатурн. Доколку обрнете внимание на она коешто му е потребно на вашето тело, ќе сфатите дека тоа се соодветната исхрана, спортот и одморот.

Водолија

Водолијата е позната по својот допадлив, пријателски карактер. Некои од особините, со кои ги привлекувате луѓето околу вас, се вашата искреност и љубезност. Воедно, луѓето имаат доверба во вас, бидејќи никогаш не ги откривате тајните, кои вам ќе ви ги поверат. Дел од вашата популарност, лежи и во вашата желба за независност, со што може да делувате како да сте недофатливи и мистериозни одвреме-навреме. Поради тоа, луѓето понекогаш може да се почувствуваат како навистина да не ве познаваат добро.

Работа и пари: Можеби нема да доживеете некаков спектакуларен финансиски успех, но вие секако ќе напредувате. Доколку со некој проект, не наидете на поддршка од соработниците, тоа вам само дополнително ќе ве поттикне да настапите со нови и свежи идеи и да бидете подобри од претходно. Најдобро ќе биде да започнете нов проект, на крајот од пролетта или и понатаму да продолжите да го развивате она коешто веќе почнало да расте во минатото.

Љубов, семејство и друштво: Ова ќе биде година за промени. Водолиите честопати избегнуваат романтични и интимни односи на долги патеки, во корист на нивната независност. Благодарение на движењето на Нептун, вашата чувствителна страна ќе започне да копнее по животната лекција, која можат да ја донесат вистинските љубовни врски. Тоа значи дека на врските во кои ќе се најдете, ќе започнете да им давате шанса да станат подлабоки и да добијат смисла.

Здравје: За да имате здраво тело, потребно е да имате и смирен ум. Кога вашиот внатрешен свет ќе започне да се смирува, дури тогаш ќе започнете да го чувствувате ефектот на враќањето на вашата енергија. Ќе почувствувате дека постои директна корелација помеѓу виталноста и менталниот напредок. Поработете повеќе на вашиот внатрешен мир и спокојство и трудете да го исфрлите стресот на дневно ниво, со помош на релаксација. За водолиите, ќе нема место за загриженост во 2013 година. Мирната состојба на вашиот ум, нема да толерира одвлекување на вниманието од позитивниот став.

Риби

2013 година за рибите ќе биде како паричка со две страни. Ѕвездите велат дека ќе доживеете успех на сите полиња во животот, освен во меѓучовечките односи. Кариерата, парите и желбата за учење и развивање на вашите способности, ќе ја обележи првата половина од годината. Во другата половина, ќе биде потребно да вложите многу поголем напор и труд, за да ги одржите работите под контрола.

Работа и пари: Вашата напорна работа од 2012 година, конечно ќе се исплати, вели годишниот хороскоп за рибите за 2013. Во раниот дел од годината, постои голема веројатност да добиете некои пари. Доколку не сте започнале да работите на некој нов проект, не е битно, бидејќи среќата постојано ќе ве следи во финансиска смисла, па затоа не треба да се грижите. Сѐ ќе си дојде на свое место, во моментите кога ќе помислите дека сѐ е веќе изгубено, а нема да бидете ни свесни, какви сѐ можности ќе ве окружуваат. Сепак, најдобар дел од годината за напредок во вашата кариера, претставува првиот квартал од годината, а во подоцнежните месеци, вашиот успех ќе биде придружен со проблеми.

Љубов, семејство и друштво: Што се однесува до пријателите и семејството, сѐ ќе биде во ред. Ќе се чувствувате удобно и блиско со вашите најдраги личности, но ќе морате да вложите повеќе труд во вашите пријателства и односите со луѓето. Во јули, вашата љубовна врска ќе наиде на тешкотии. Тоа ќе биде одличен момент, за повторно воспоставување вредност во вашиот однос. Дали се чувствувате добро во вашата врска? Доколку одговорот е не, тогаш ќе морате да согледате што давате, а што добивате за возврат од партнерот.

Здравје: Лесно е да се чувствувате добро кога во животот сѐ ви оди како подмачкано. После напорната работа која сте ја завршиле, конечно заслуживте да добиете и признание. Но, немојте да дозволите да им се препуштите само на животните задоволства. Морате постојано да водите сметка за исправниот начин на живот, за да не го загрозите вашето здравје.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар