Еврејски хороскоп

Еврејски хороскоп

Иако еврејската астрологија има заеднички корени со хеленистичката, тие сепак се разликуваат. Историчарите тврдат дека постои поврзаност меѓу 12-те израелски племиња, 12-те апостоли и 12-те знаци во зодијакот.

Еврејски хороскоп

Tale – Овен (21.03 – 20.04)

  • Водечки планети: Марс, Плутон
  • Елемент: оган
  • Главна карактеристика: страст
  • Квалитет: доминантност
  • Недостаток: нетолерантност
  • Боја: црвена
  • Скапоцен камен: дијамант

Личностите родени во овој знак се многу жестоки. Лесно се возбудуваат, па често немаат трпение и самоконтрола. Избувливи се и знаат да бидат груби, брзоплети и нетолерантни. Често избрзуваат со донесените одлуки. Во љубовта се љубоморни, но и полни со страст. Постојано бараат нови возбудувања. Жената родена во овој знак е елегантна, чесна, но и предизвикувачка, љубоморна и ја сака еротиката. Овој знак најмногу си одговара со вагите, стрелците, лавовите, а треба да ги избегнува јарците и раковите.

Им одговараат професии поврзани со спортот, индустријата, градежништвото и металургијата. Во работата се постојано напнати, но затоа се добри организатори, педантни се и одговорни. Друштвени се, иако потешко се снаоѓаат во колектив. Се мешаат во сè и ги бранат своите ставови. Имаат многу доблести; чесни се, искрени, верни, точни, храбри, големи патриоти се и секогаш се на страната на вистината. Но, од друга страна, ја потценуваат опасноста, еднострани се, суетни, нетактични и нетрпеливи. Лесно може да станат жртва на сопствените амбиции.

Šor – Бик (21.04 – 20.05)

  • Водечка планета: Венера
  • Елемент: земја
  • Главна карактеристика: постојаност
  • Квалитет: чесност
  • Недостаток: алчност
  • Боја: зелена
  • Скапоцен камен: топаз

Родените во овој знак се упорни и цврсто стојат на земја. Одлични се како организатори и реализатори. Доверливи се, отворени, чесни, храбри и толерантни. Ги сакаат природата и уметноста. Иако се нежни и емотивни, знаат да бидат и тврдоглави, горделиви и одмаздољубиви. Материјалисти се, уживаат во раскош и заради тоа се и мрзливи, бавни, па дури и посесивни и љубоморни. Во сè бараат сигурност. Кога ќе одлучат нешто, не ја менуваат одлуката.

Многу им се важни љубовта и сексот. Во љубовта се верни и имаат разбирање за партнерот. Се држат до своите принципи и ги почитуваат правилата. Одлично се снаоѓаат во економијата и финансиите. Знаат во што да инвестираат и да заработат, но затоа уживаат и во трошењето и купувањето. Може да успеат како посредници, инвеститори и градители, но имаат талент и за сите видови уметност.

Teomim – Близнаци (21.05 – 21.06)

  • Водечка планета: Меркур
  • Елемент: светлина
  • Главна карактеристика: љубопитност
  • Квалитет: креативност
  • Недостаток: површност
  • Боја: зелена
  • Скапоцен камен: смарагд

Претставниците на овој знак се снаодливи, интелигентни, креативни и динамични. Нивната креативност произлегува од вродената љубопитност. Дружељубиви се и комуникативни, дарежливи и духовити. Но, исто така се и нетрпеливи, нервозни и нестабилни. Живеат двоен живот и растргнати се меѓу желбите и можностите. Најдобро се чувствуваат кога дејствуваат на сите фронтови. По природа се немирни и постојано брзаат некаде.

Со партнерот остваруваат длабока врска која се темели повеќе на интелект, отколку на емоции. Нивниот љубовен живот е бурен заради честата промена на партнерите и заради постојаното флертување. Понекогаш имаат по две и повеќе врски. Во животот имаат многу познаници, но малку вистински пријатели. Ги сакаат парите, сакаат да патуваат и успешни се како трговци и слични динамични професии.

Sartan – Рак (22.06 – 22.07)

  • Водечка планета: Месечина
  • Елемент: вода
  • Главна карактеристика: трпеливост
  • Квалитет: приврзаност
  • Недостаток: недостапност
  • Боја: сребрена
  • Скапоцен камен: тиркиз

Личностите родени во овој знак се интуитивни и интелигентни. Имаат смисла за уметност, романтични се, емотивни и сензуални. Ги сакаат домот и спокојството затоа што се трпеливи, суптилни и чувствителни. Знаат да бидат сонувачи, сомничави, егоцентрични и одмаздољубиви. Секогаш се во улога на заштитници, делат совети и кажуваат добронамерни лаги. По природа се толерантни и попустливи. Поседуваат голема енергија и може да се прилагодат на секоја ситуација.

Најмногу ги ценат домот и семејството. Тешко воспоставуваат блискост со непознати. Со партнерот се отворени и внимателни. Сексуално се многу активни. Својата материјална состојба често знаат да ја прикријат. Штедливи се и рационални, но не се себични. Им одговараат професии поврзани со трговија.

Arieh – Лав (23.07 – 23.08)

  • Водечка планета: Сонце
  • Елемент: оган
  • Главна карактеристика: доминантност
  • Квалитет: постојаност
  • Недостаток: сака да биде главен
  • Боја: златна
  • Скапоцен камен: сафир

Родените во овој знак се привлечни, чесни, паметни, достоинствени, горди и елегантни. Многу се храбри и во секоја ситуација сакаат да доминираат. Може дури да бидат надмени, суетни и недостапни. Приврзани се со пријателите и соработниците. Лоши особини на овој знак се завидливоста, грубоста и насилноста во остварувањето на целите. Нарцисоидни се и егзибиционисти. Се сакаат себеси, ја сакаат славата и заради тоа понекогаш си го припишуваат туѓиот труд.

Најубаво се чувствуваат кога се опкружени со обожаватели. Уживаат во луксуз, гламур и комфор. Ги сакаат накитот, крзното и вредните антиквитети. Во работата се амбициозни, објективни, внесуваат промени и затоа често се директори или шефови. Партнерот го опсипуваат со љубов, но истовремено од него бараат покорност. Полни се со страст и нежност, но знаат да бидат и сомничави и љубоморни.

Betula – Девица (24.08 – 23.09)

  • Водечки планети: Марс, Плутон
  • Елемент: земја
  • Главна карактеристика: хуманост
  • Квалитети: точност и прецизност
  • Недостаток: ситничарење
  • Боја: црвена
  • Скапоцен камен: дијамант

Претставниците на овој знак се совесни, добри, образовани, рационални, вредни и скромни. Го почитуваат редот, точни се, големи критичари се. Нивната упорност се граничи со тврдоглавост. Секогаш се подготвени да им помогнат на другите. Срамежливи и лесно ранливи, понекогаш патат од комплекс на помала вредност. Принципиелни се и не го искажуваат незадоволството. Наивни се и осамени. Инсистираат на хигиена и уреден живот.

Работата им оди подобро од љубовта. Го кријат чувствата заради што другите ги сметаат за ладни и одмерени. Познати се како ситничари и штедливи. Врската со партнерот е повеќе интелектуална. Во љубовта се верни и немаат потреба од менување на партнерите.

Moznaim – Вага (24.09 – 23.10)

  • Водечка планета: Венера
  • Елемент: светлина
  • Главна карактеристика: праведност
  • Квалитет: привлечност
  • Недостаток: неодлучност
  • Бои: сина и розова
  • Скапоцен камен: опал

Припадниците на овој знак се добри и привлечни луѓе. Ведри се, друштвени, нежни и учтиви. Размислуваат логично и дипломатски и имаат чувство за правда и вистина. Ја сакаат естетиката. Динамични се, не поднесуваат грубост и конфликтите ги решаваат на мирен начин. Многу добро го разликуваат доброто од лошото. Овие луѓе се, исто така, и неодлучни, нестабилни, па дури и агресивни. Лесно се вознемируваат, ги бранат своите ставови и на сите работи гледаат преку призмата на емоциите.

Во врската со партнерот создаваат мир и хармонија, а нивните чувства се рафинирани. Потребно им е внимание. Не се расфрлаат со пари и доста се економични. Одлични се како адвокати, судии, трговци и актери.

Akrav – Скорпија (24.10 – 22.11)

  • Водечки планети: Марс, Плутон
  • Елемент: вода
  • Главна карактеристика: страст
  • Квалитет: постојаност
  • Недостаток: агресивност
  • Боја: црвена
  • Скапоцен камен: ахат

Личностите родени во овој знак се храбри, бескомпромисни, енергични и паметни. Сериозни се, компетентни, верни, борбени и практични. Главни карактеристики за овој знак се магијата и таинственоста. Не бираат средства за да ја исполнат целта и знаат да бидат агресивни, ако е потребно. Агресивноста е дел од нивната природа, исто како и љубомората, посесивноста и егоизмот. Понекогаш имаат мрачна природа поради која стануваат незадоволни и лицемерни. Сепак, знаат да бидат вредни и принципиелни.

Врската со партнерот им е длабока и емотивна. Верни се и не поднесуваат неверство. Нивната цел е материјалното богатство. Одлични се во работите кои бараат реконструкција, реорганизација и нови решенија. Познати се како револуционери, бунтовници и анархисти. Строги се и непопустливи спрема колегите.

Kešet – Стрелец (23.11 – 21.12)

  • Водечка планета: Јупитер
  • Елемент: оган
  • Главна карактеристика: интуитивност
  • Квалитет: слобода
  • Недостаток: преправање
  • Боја: виолетова
  • Скапоцен камен: аметист

Родените во овој знак се интелигентни, луцидни, духовити, чесни, ведри и достојни за почит. Ги ценат слободата и независноста. Интуитивни се, сакаат да патуваат и да истражуваат. Уживаат кога се во природа. Слободоумни се и не поднесуваат фрустрации. Можат истовремено да бидат и материјалисти и идеалисти. Но припадниците на овој знак знаат да бидат и вообразени, егоцентрични и нарцисоидни. Лесно пламнуваат и тогаш стануваат груби. Не водат сметка за трошењето пари. Сакаат да бидат лидери и да се во центарот на вниманието. Тогаш се вистински ентузијасти и шармери.

Во љубовта сакаат да доминираат и да имаат целосна контрола над партнерот, но важно им е тој да има разбирање за нивната слобода. Овие луѓе најчесто се спортисти или политичари.

Gedi – Јарец (22.12 – 20.01)

  • Водечка планета: Сатурн
  • Елемент: земја
  • Главна карактеристика: затвореност
  • Квалитет: добродушност
  • Недостаток: себичност
  • Бои: темно сива, црна, кафеава
  • Скапоцен камен: хризолит

Претставниците на овој знак се упорни, сериозни, реалисти со цврст карактер. По природа се затворени, имаат добар карактер, одлична меморија и ја прифаќаат одговорноста. Педантни се, се придржуваат до редот и не се одмаздољубиви. Некои од нив се агресивни, незгодни, саркастични, себични, неблагодарни и ладни. Не се амбициозни, скромни се и нивните одлуки се промислени.

Знаат да бидат недостапни и затоа не се склони кон нови познанства. Нивните контакти се одмерени и на дистанца. Тешко се приврзуваат, но подготвени се да се жртвуваат за оние кои ги сакаат. Штедливи се, па дури и себични. Никогаш не се расфрлаат со пари и добро ја проценуваат секоја инвестиција. Одлични се како градежници, банкари, информатичари, трговци.

Deli – Водолија (21.01 – 18.02)

  • Водечки планети: Уран, Сатурн
  • Елемент: воздух
  • Главна карактеристика: дружељубивост
  • Квалитет: независност
  • Недостаток: бунтовност
  • Бои: сина и тиркизна
  • Скапоцен камен: оникс

Личностите родени во овој знак се хумани, горди, чесни и посветени на колективните интереси. Едноставни и грациозни, имаат широк дух и прилагодливи се по природа. Најчесто се оригинални, независни и најмногу ја ценат слободата. Како пријатели се искрени и солидарни, подготвени да се жртвуваат. Лоши карактеристики на овој знак се користољубието, завидливоста и снобизмот. Бунтовни се и не поднесуваат ограничувања. Тие се вистински борци за правда.

Повеќето од нив се друштвени и се обидуваат да најдат разбирање со околината. Во работата се практични и материјалисти. Вложуваат во вредностите и подготвени се да ризикуваат. Можат да успеат како пронаоѓачи и банкари. Со партнерот градат рамноправен и пријателски однос. Во љубовта, како и во сè друго, најважна им е слободата.

Dagim – Риби (19.02 – 20.03)

  • Водечки планети: Нептун, Јупитер
  • Елемент: вода
  • Главна карактеристика: романтичност
  • Квалитет: талент за уметност
  • Недостаток: злопаметење
  • Боја: виолетова
  • Скапоцен камен: јаспис

Припадниците на овој знак се интуитивни, привлечни, емотивни и инстинктивни. Имаат дарба за уметност и мистицизам. Тие се пожртвувани борци за правда. Нивните емоции се возвишени и затоа се романтични и големи ентузијасти. Својата духовност ѝ ја пренесуваат на околината. По природа се нестабилни, променливи и плашливи. Брзо го менуваат расположението, неретко се посесивни, повлечени и површни. Шармантни се и друштвени, сакаат да ги забавуваат другите.

Во односите со семејството се нервозни и нетрпеливи. Внимателни се со партнерот и ги задоволуваат сите негови желби и потреби. Во љубовта знаат да трпат, да простуваат, но и да се осветуваат. Не се материјалисти и повеќе го ценат духовното богатство.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. рибичка Reply

    вистинито.

  2. Мартин Глувиќ Reply

    vaga si e vaga be :))

  3. Име Reply

    tocno vsicko

Остави коментар