Еротски астролошки портрети

Еротски астролошки портрети

Распоредот на ѕвездите во моментот на раѓањето го одредува нашето сексуално и емотивно постоење и функционирање. Ова се 12 еротски астролошки портрети за сите 12 знаци во Зодијакот.

Еротски астролошки портрети

Овен

Жена

Овенот многу полесно комуницира преку зборови отколку преку чувства. Своето културно држење го пренесува и во спалната соба, иако во романтично опкружување никогаш нема да доживее потполно задоволство. На едно несвесно ниво, таа посакува погруб секс, но секогаш привлекува деликатни партнери кои никогаш нема да ја усреќат потполно.

Совет: Поработете на спонтаноста.

Маж

Мажот роден во знакот Овен е вистински војник во љубовта. Живее за да освојува, а не за да сака. Најдобро се чувствува покрај несигурни жени. Ужива да ја ослободува својата партнерка од сопствените комплекси.

Совет: Бидете верни на жената со која живеете.

Бик

Жена

За женските Бикови сексот е како гозба; трае долго, ужива во секоја негова фаза пополека, возбудувањето може да трае и неколку дена. Таа бира кому ќе му ги открие своите страсти. Према останатите е ладна, па дури и сурова.

Совет: Бидете помалку „надуени“.

Маж

Мажот Бик цврсто верува во сопственото машко достоинство. Не се докажува со доминантност, моќ и агресија. Ретко се вљубува, но во секој контакт го дава својот максимум. Никогаш зад себе не остава несреќна жена.

Совет: Останете какви што сте.

Близнаци

Жена

Ненаситната глад за потврда на нејзината женственост, ја тера жената Близнак постојано да менува партнери, а очајничката потрага по среќа може да ја уништи. Доколку го пронајде својот идеален партнер, таа ќе биде среќна.

Совет: Зајакнете ја самодовербата.

Маж

Мажите родени во знакот Близнаци, во сексот многу брзо и лесно достигнуваат задоволство. За него секс во кој се губи разумот е непознат поим. Не е склон на изневерување, а е посветен и добар домаќин.

Совет: Одречете се од илузиите.

Рак

Жена

Ерогените зони се нејзините гради, долниот дел од грбот и тилот. Машките неретко ги третира како предмети, во кревет е агресивна, лесно се возбудува и обожува да води.

Совет: Одречете се од перфекционизмот, ќе бидете многу посреќни.

Маж

Машките Ракови сметаат дека жените мораат да го заслужат нивното внимание. Кај партнерките знаат да предизвикаат чувство на немоќ, бидејќи јасно им оставаат до знаење дека никогаш нема да можат да го освојат.

Совет: Немојте да бидете толку арогантни.

Лав

Жена

Клучот на нејзината индивидуалност се наоѓа во диспропорцијата помеѓу сексуалноста која ја чувствува и онаа која ја покажува. На нејзината суета ѝ годи машко внимание, а играта на заведување може да биде доста интересна, иако таа не ја пронаоѓа логиката во тоа. Таа не чувствува некои страсни желби, но обожава секс и лесно може да се почувствува задоволно.

Совет: Оживејте го контактот со телото.

Маж

Потребата за надворешна афирмација е главна карактеристика на мажот роден во знакот Лав. Обожава да освојува што поголем број партнерки, да доживее што повеќе оргазми, но истото да ѝ го овозможи и на својата партнерка.

Совет: Совладајте ја суетата.

Девица

Жена

Жената Девица му припаѓа само на еден маж и способна е во себе да ги собере улогите на љубовница, мајка и домаќинка. Обожава секс, а емоциите никогаш не ѝ се спротивни на разумот. Изневерувањето не го разбира и го осудува.

Совет: Не ви треба совет, совршени сте.

Маж

Мажот Девица во раната младост е склон кон платонско заљубување и дури во 40-тите години го открива раскошот на сексот.

Совет: Не жалете за изгубеното време.

Вага

Жена

Жената Вага е жртва на контрадикторни сили. Таа е многу сензуална, силно ужива во телесните страсти, но разумот ја спречува да се препушти до крај. Нејзиното супер его не одобрува толку многу хедонизам. Понекогаш е срамежлива.

Совет: Опуштете се.

Маж

Никој друг, како машката Вага, нема толку големи сексуални потенцијали, а толку мали реални шанси истите да ги реализира.

Совет: Повеќе почитувајте ги жените.

Скорпија

Жена

Секогаш е верна самата на себе, независна е од етичките и друштвените норми и лесно ги задоволува своите сексуални апетити. Сексот за неа има статус на култ. Таа е еротски виртуоз.

Совет: И да има совет, не би го послушале.

Маж

Со својот силен сексуален темперамент, мажот роден во знакот Скорпија не се плаши од импотенција, туку од доминантни жени.

Совет: Зголемете ја самодовербата.

Стрелец

Жена

Женските Стрелци се полни со животни радости. Поседуваат голема сексуална моќ и многу бујна еротска фантазија. Тие се верни, иако поради комуникативноста и љубопитноста можат да постанат жртва на искушението. Сексот за нив е спектакл, а го сакаат исто колку и Скорпиите.

Совет: Оберете партнер кој може да ви парира.

Маж

Хедонист по природа, обожава добра храна, музика, друштво. Најмногу од сè на светот, сака жени. Како љубовник е најдобар на свет, но како маж најлош. Во кревет е ненаситен.

Совет: Внимателно со туѓите чувства.

Јарец

Жена

Женските Јарци не умеат да го издвојат сексот од љубовта и спијат само со мажите во кои се заљубени. Во сексот достигнуваат едно ниво на уживање, кое повеќето луѓе не можат ни да го замислат.

Совет: Научете да управувате со вашите чувства.

Маж

Јарците во животот најмногу ги ценат телесните задоволства. Кога ќе се поврзат емотивно за некоја жена, за нив друга не постои.

Совет: Живејте во склад со себеси.

Водолија

Жена

Женските Водолии сексот во брак го доживуваат како ритуал, и токму поради тоа, тој е неодделив од ноќта и од спалната соба. Од неа нема да добиете секс на подот, во лифт или во када. Таа се мие, облекува, намирисува и легнува во креветот во кој ја чека нејзиниот маж.

Совет: Отворете се за експерименти.

Маж

Сексот го смета за грешка од младоста, која се надминува со растењето. Смислата ја пронаоѓа во работата, грижата за куќата, децата и сигурноста. Не е чудно ако покрај себе има незадоволна жена.

Совет: Отворете ги очите! Живнете малку…

Риби

Жена

Женските Риби се делат на два типа. Првите ги карактеризира благ темперамент и способност за градење стабилни, среќни и долги врски. Вториот тип ја привлекуваат страсни необични мажи. Меѓутоа, стравот ги спречува да се опуштат.

Совет: Победете ги инхибициите.

Маж

Машките Риби им овозможуваат на своите љубовници моменти на незаборавна страст. Жените ги обожаваат и не ги забораваат, но во душата сепак тие се осамени. Тоа е така бидејќи тие се многу интровертни.

Совет: Дозволете им на другите да ви пријдат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар