Емоционалната отвореност на хороскопските знаци

Емоционалната отвореност на хороскопските знаци

Дали вашиот партнер има тешкотија во искажувањето на чувствата или отворено ви го кажува тоа што го мисли? Некои хороскопски знаци е лесно да ги наговорите да ви се отворат, а за други ќе ви биде потребна кристална топка за да ги одгатнете нивните мисли.

Раковите и вагите имаат феминистичка природа и тие се секогаш спремни мирно да разговараат со вас и да ги разберат вашите емоции. Тие умеат навистина да се соживеат со вашите чувства и ќе ви го покажат тоа. Грижата и споделувањето емоции е нивна карактеристика.

Скорпијата обожава интензивни, страствени разговори од срце, па не би било невообичаено таа да го подбуцнува нејзиниот партнер да навлегува подлабоко во искажувањето на емоциите, отколку што тој би сакал. Кога ќе размислите подобро тоа и не е така лоша работа нели? Скорпиите се навистина исклучителни типови на луѓе.

Гордите и самоуверени лавови немаат никаков проблем во искажувањето на нивните чувства, барем не на почетокот од врската. Лавот попрво би зборувал за она што тој го мисли и чувствува, отколку да се обидува да сфати кои работи е неопходно да се споделуваат помеѓу партнерите во врската. За да го задржите фокусот на лавот кон љубовната врска која ја имате со него, потребно е да го храните неговото его и да му дозволите да биде во центарот на вниманието.

Рибата на почетокот од врската е многу нежна, заводлива и поетична во изразувањето на нејзините чувства. Но со текот на времето, таа може да стане нејасна и двосмислена за партнерот, а тоа се случува секогаш кога е принудена да донесе некаква одлука. Ако сте во врска со риби, ви препорачуваме да го научите текстот на неколку омилени песни на вашиот партнер и додека разговарате со него, да му ги цитирате оние стихови во кои верувате дека тој најмногу ќе се пронајде во моментот. На тој начин можеби ќе добиете зрак надеж дека сте успеале да допрете до срцето на рибата.

Девицата, бикот и јарецот не можат сосема да ја разберат поентата на длабоките емотивни моменти, бидејќи по природа се практични и сакаат да уживаат. Но дури и девиците кои се „гладни“ за работа, може да ги наговорите да разговараат со вас доколку успеете да ги доведете до искушение. Дури и да се случи тоа, нема гаранција дека ќе разберете како тие навистина се чувствуваат – особено не биковите.

Близнаците, стрелците и овните можат да разговараат буквално на секоја можна тема, сè додека не ја допирате нивната чувствителна и ранлива страна. Копнежите и емоциите, овие знаци преферираат да си ги задржат за себе.

Сигурно не сте започнале љубовна врска со водолија затоа што таа е многу емотивна личност. Баш напротив, водолијата ве привлече со нејзината незаинтересираност, самостојност, љубопитност и бистар ум. Тоа е можеби знак кој е најтешко да го запознаете кога станува збор за емоциите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар