Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна - Part 3

Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна

Стрелец

Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна

Вие попрво ќе се преправате дека го знаете одговорот, отколку да признаете дека сте згрешиле. Не само што ова е лицемерно, туку е и доста проблематично затоа што сите можат да препознаат дека зборувате глупости кога се обидувате да лажете во разговорите. Многу подобро би било да поставувате прашања и отворено да кажете што правите и што не ви е јасно.

Јарец

Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна

Сакате луѓето да ги споделат нивните најмрачни тајни со вас, а вие немате никаква намера да ги откриете вашите. Кога луѓето ќе ви се доверат, вие се чувствувате моќно, како да ги држите во рака. Тоа не е праведно кон другите, а кога одбивате да се отворите, тие мислат дека криете нешто навистина големо и сериозно.

Водолија

Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна

Вие ги сакате сите и ги охрабрувате да ја покажат нивната искрена и необична страна, а потоа ги осудувате поради неа. Тоа не е во ред. Ако очекувате од луѓето да си го покажат вистинското лице, треба да им дадете можност да се чувствуваат безбедно и пријатно во ваше друштво, а вие го правите токму спротивното.

Риби

Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна

Велите дека не сакате да бидете лидери и дека сте задоволни од вашата позиција на следбеници, а потоа ги презирате луѓето кои се обидуваат да ве водат. Не морате да бидете ниту следбеници ниту водачи, треба само да се чувствувате пријатно во своја кожа, а не постојано да барате негативни работи за кои ќе можете да се жалите.

Во продолжените дознајте кои се 3-те најзлобни хороскопски знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар