Едно велат – друго мислат: Хороскопските знаци ја откриваат вашата лицемерна страна
Лицемер е човек кој едно вели, а друго мисли. Овие луѓе се дволични и нечесни измамници. Сепак, никој не е постојано искрен. Има ситуации кога подобро е да излажете отколку да предизвикате драма. Замислете си ја следнава ситуација: Невестата, која ви е најдобра пријателка, ве замолува да одржите здравица на нејзината свадба. Вие мислите дека нејзиниот сопруг е погрешен избор за неа, но дали ќе го кажете тоа на прославата? Секако дека не! Наместо тоа, ќе им честитате и ќе им посакате сѐ најдобро.
Точно е тоа дека на овој начин вие се однесувате лицемерно, но не го правите тоа затоа што имате лоша душа или затоа што сакате да изманипулирате некого. Лажете за да не направите сцена и да упропастите нечиј ден. Секако дека не треба постојано да бидете лицемерни, бидејќи најчесто таквото однесување не е оправдано. Најдобро е да бидете што е можно поискрени и вашите зборови да ги докажувате со дела.
Меѓутоа, вистината е дека сите ние си имаме свои причини за нечесното однесување. Во продолжение, пронајдете го вашиот хороскопски знак и откријте ја вашата лицемерна страна…
Овен
Мислите дека сте внимателни и грижливи за туѓите чувства, но кога треба да ја кажете некому суровата вистина, вие воопшто не се воздржувате. Оваа брутална искреност понекогаш е добра, но мора да научите како да бидете потактични.
Бик
Вие сте многу тврдоглави, но и покрај тоа секогаш ги осудувате луѓето поради нивната строгост и нефлексибилност. Не сакате да правите никакви компромиси, а се изненадувате кога некој друг нема да постапи онака како што сакате. Имате двојни стандарди и тоа е лицемерно.
Близнаци
Многу сте шармантни, па затоа мислите дека понекогаш треба да се преправате кога сте излезени со друштво. Се однесувате љубезно и пријатно со некого и потоа му зборувате лошо зад грб. Никој не вели дека треба да бидете 100% искрени, но вие ја преминувате границата и премногу глумите.
Рак
Очекувате од вашите пријатели постојано да ги слушаат вашите проблеми, но кога се работи за нивните, вие сте или презафатени или не сакате да се заморувате. Станува збор за двонасочна улица на давање и земање, а не само на земање без да дадете ништо за возврат.
Продолжете на втората страница за останатите хороскопски знаци…