Ѕвездите ви ја откриваат најголемата тајна: Дали годинава ќе пронајдете љубов?
Најважното прашање за многумина кои се интересираат за хороскоп, е кога ќе пронајдат љубов. Ова не е нешто што треба да изненадува, затоа што многумина веруваат дека љубовта е нешто што се случува кога најмалку се очекува. Покрај сето останато, астрологијата ви го дава тоа посакувано чувство дека го држите под контрола љубовниот живот, а тоа е и доказ дека вашата романтична судбина е испишана во ѕвездите. За да имате мал увид во љубовниот живот, прочитајте ја оваа љубовна прогноза за 2017 година.
Овен
Оваа година првиот знак во зодијакот ќе биде понезависен од кога било порано. Личностите родени во овој знак нема да бидат премногу фокусирани на долгорочна љубов, туку на достигнување на своите цели. Постои еден исклучок од тоа, а станува збор за крајот на март. Тогаш личностите ќе го променат својот пристап кон врските, убавината и чувството на сензуалност. За Овните, кон крајот на март Венера ќе биде во знакот на Риба – мистичен и романтичен знак кај кој ништо не е како што изгледа. Ова малку ќе ги збрка Овните, па ќе бидат цел на заведување во текот на април.
Бик
Во март и април, Биковите ќе бидат принудени да се соочат со фактот дека одлуките кои ги донесуваат во врските, влијаат на иднината. Можеби ќе биде време повторно да ги процените своите врски, вклучувајќи ги и пријателствата. Личностите родени во знакот Бик ќе се чувствуваат како некој да им го извлекол тепихот од под нозете. Можеби ѕвездите не истакнуваат јасно доаѓање на љубов и нови врски, но сигурно е дека кој ќе остане со Бикот после пролетните авантури – таму и ќе се задржи.
Близнаци
Кога се во прашање врските, комплицираните Близнаци ќе имаат година полна со авантури. Овој знак во 2017 година или ќе развие важна врска или ќе учествува во долго додворување. За тоа е виновен Сатурн, кој со себе може да донесе некои работи што ќе ве тестираат и вас и луѓето околу вас. Ќе дојде до ултиматум: Раскинете или останете заедно. За среќа, кога Сатурн ќе го напушти вашето поле на врските на крајот на годината, ќе дојде до олеснување. Меѓутоа, имајте го предвид следново: Со оглед на тоа дека Меркур силно влијае на вас, во април избегнувајте значајни чекори во врска со романтиката.
Рак
Личностите родени во знакот Рак оваа година ќе имаат чувство како повторно да се родени, па ќе имаат сила да се соочат со сите љубовни проблеми кои ги измачуваат. Најдобар начин да го искористите ова е да бидете свесни за тоа што се случува, а и дека апликациите за запознавање не се за вас оваа година. Колку подобро ги анализирате претходните врски, толку повеќе ќе бидете спремни да продолжите понатаму. Поради проаѓањето на Плутон низ вашиот знак, вие ќе зрачите со привлечност и сексуалност, па на повидок се возбудливи состаноци. Можеби ќе запознаете посебна личност, само бидете сигурни пред да се впуштите во што било.
Лав
Лавовите ќе ги преиспитуваат своите односи повеќе отколку кога и да било порано. Морате да се запрашате зошто влегувате во некои врски и што сакате да добиете од нив. Сатурн ќе биде во фазата на врските и ќе ве тера да размислувате додека не ја научите лекцијата. На 10-ти февруари и 21-ви август поради помрачувањето на месечината и сонцето, ќе доживеете промени во начинот на размислување за самите себе и за тоа како си пристапувате. Тогаш бидете внимателни со врските и не донесувајте некои важни одлуки. Препорачливо е во тоа време да се посветите на самите себе.
Девица
Овој знак ќе има можност да го промени начинот на размислување и комуникација и тоа кон подобро! Колку повеќе се фокусирате на тоа која приказна сакате да ја кажете, во толку подобра позиција ќе се најдете. Што се однесува до важните датуми, тука може да се издвои 26-ти февруари, кога ќе се случи помрачување во полето на љубовта на Девицата. Ова може да значи две работи: Дека ќе поработите на проблематичните работи од вашите претходни врски или дека ќе запознаете некој кој ќе направи да се чувствувате прекрасно. Сепак, внимавајте одредено време и уверете се дека таа личност навистина е онаква каква што е.
Вага
Јупитер, планетата на богатството и растот, ќе биде во знакот на Вага до октомври. Овој знак до крајот на годината ќе биде повеќе фокусиран на својата кариера, отколку на љубовта. Искористете го мудро овој период, сите очи ќе бидат упатени кон вас! Сепак, пролетта е тука за малку да ги растури работите. Ѕвездите советуваат во март повторно да размислите за врските кои моментално сте ги започнале, а особено да обрнете внимание на тоа како тие влијаат на вашата секојдневна рутина. Доколку Вагата се впушти во врска и го изгуби својот идентитет, тоа ќе биде многу очигледно, особено во овој период. Фокусирајте се на личниот развој за да се чувствувате прекрасно во текот на целата година.
Скорпија
И Скорпиите во април ќе бидат принудени да ја согледаат својата врска со други очи. Овде не се мисли на тоа да се појават сомнежи за врската, туку да смислите некој подобар начин за комуницирање внатре во неа. Ќе бидете фокусирани на истражувањето и на грижата за самите себе оваа година, благодарение на Плутон кој е во полето на комуникацијата и Јупитер кој е во полето на соништата и фантазиите. Вие ќе го измените својот внатрешен монолог и личната приказна, а најверојатно ќе пронајдете и ново хоби. На крајот на годината, после неколку месеци поминати во потрага по себе и својот идентитет, можен е почеток на некоја значајна врска.
Стрелец
Морате да станете поодговорни за себе и за она што се случува околу вас. Можеби тоа нема да ви се допаѓа, но морате да ги разграничите своите односи и тоа колку време дозволувате тие да им одземаат на другите луѓе. Меѓутоа, кога ќе го направите ова, ќе бидете наградени. Со други зборови, ако успеете во текот на годината да преживеете фокусирајќи се на себе, наместо на врските, вие ќе бидете уште понеодоливи. Има големи шанси оваа година да доживеете љубов, хармонија, а најверојатно и сексуално будење!
Јарец
За амбициозните личности родени во знакот Јарец, работите брзо ќе се менуваат. Вие ќе морате сериозно да се потрудите за да одвоите време за негување на вашата врска. Доколку сте во врска со некој кој не се снаоѓа добро со вашите правци на промена, таа личност можеби нема да одговара на вашиот амбициозен живот. Не врзувајте се за луѓе кои ве влечат надолу. Иако мислите не ви се фокусирани на врската, сепак, сексот може да ви послужи како средство за ослободување од фрустрации. Моќта е привлечна, а вие имате постигнато многу. Можеби ќе ви биде тешко да одржувате сериозна врска со сето она што во моментот ви се случува, но кога ќе завршите, ќе бидете многу горди на тоа.
Водолија
Нивната владејачка планета е Уран, што значи дека овој знак е еден од оние кои се движат во свој ритам. Така, вие ќе барате партнер кој може да ја дели вашата страсна борба за остварување на соништата, за авантура и забава. Во почетокот на август ќе се случи кулминација на вашата независност. Вие ќе се почувствувате силни и како вистински да сте се промениле себеси и својот пристап кон врските. Вие имате своја идеја за тоа што сакате од партнерот и ќе научите да барате нешто, а притоа да не чувствувате вина поради тоа што тоа не се совпаѓа со очекувањето од страна на општеството.
Риби
За почеток, на Рибите сѐ им се врти околу љубовта кон нив самите. Препорачливо е да се фокусирате на својата духовитост и креативност и да се впуштите во остварување на своите проекти. Ова е сјаен начин да ја надминете вашата срамежливост, но и да запознаете луѓе слични на себе. Движете се во кругови кои ви се познати и кои ви одговараат. Соларното помрачување кај Рибите е на 26-ти февруари, што исто така значи дека би требало да се фокусирате на себе.