Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак
Вага
Вагите имаат елегантен и софистициран изглед кој е шик. Тие имаат свој стил и за разлика од повеќето знаци, можат да ја менуваат фризурата од ден на ден, со цел совршено да им се совпадне со облеката. Тоа се постигнува преку флексибилната основна фризура која е подложна на различни видови брзи промени, како на пример, секси плетенки, висока пунџа…
Совет: Експериментирајте и целосно променете ја вашата фризура со цел да внесете малку свежина во вашиот живот.
Скорпија
Скорпиите зрачат со сексапилност и моќ, па затоа и често им успева да изгледаа одлично во текот на целиот ден. Тие сакаат богати бои и прамени кои им го прават лицето како во рамка. Токму затоа и ќе одберат женствена фризура со долги прамени или кратка машка фризура, позната како „мод“, која се носела во 60-тите.
Совет: Хидратацијата е најдобар пријател на вашата коса.
Стрелец
На овој огнен знак кој не сака да се ограничува, најмногу му одговара младешка и бујна фризура која се подготвува за секунда. Стрелците не се расположени за долго подготвување на косата бидејќи тоа го сметаат за губење време.
Совет: Не се плашете од промени, брзо ќе ја засакате вашата нова фризура.