Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак
Рак
Раковите обожаваат едноставни и женствени стилови. Долгата и рамна коса им е омилена фризура, додека пак одлично им стои и класичното коњско опавче со неколку прамени кои паѓаат од страните на лицето.
Совет: Раковите не сакаат промени, но добро ќе ви дојде доколку се охрабрите и пробате сосема различна фризура од претходно.
Лав
Лавовите, исто како Овните, имаат густа коса која е често непослушна. Вие без проблем ќе ја препознаете жената Лав по својата богата коса, без разлика на бојата или фризурата. Тие не паѓаат на трендови, туку ја носат онаа фризура која ја сметаат за свој потпис. Поради тврдоглавост, не го менуваат често нивниот стил, но прават суптилни и бавни промени.
Совет: Посветете внимание на темето и нежно масирајте го по нанесувањето регенератор.
Девица
Овој перфекционист обожава уредна и конзервативна фризура. Токму затоа и ѝ одговара боб фризура со должина до рамената или целосно долга права коса. Третманите со кератин се како создадени за Девиците, бидејќи за нив секое влакно мора да биде на своето место.
Совет: Држете се до својот стил и избегнувајте големи промени и кратки фризури.