Душевни болести: 4 хороскопски знаци кои се во најголема опасност
Психозите се психолошки нарушувања кои постојат од кога постои и човекот. Низ историјата се толкувани на различни начини: дека болните се опседнати со некоја натчовечка сила или од ѓаволот, дека се последица на некој грев или дека се предизвикани од лошото однесување.
Сепак, секој од нас може психички да се разболи во зависност од животните подеми или падови. Психозата на болните не им дозволува реално да гледаат на себеси, како и на општеството и често ги менуваат своите мислења, чувства и однесувања. Промените некогаш почнуваат одеднаш, но најчесто се случуваат постепено. Еве кои хороскопски знаци се во најголема опасност.
Овен
Најслаби делови од организмот кај припадниците на овој знак се главата, мозокот, очите, носот, вилицата, крвотокот, срцето, бубрезите и половите органи. Овните неконтролирано ја трошат енергијата, подложни се на повреди, инфекции, акутни заболувања кои се придружени со висока температура и нарушувања во крвната слика.
За овие луѓе карактеристично е што поради стрес и долготрајна нервоза лесно ја губат косата. Овните треба да избегнуваат мрсна храна и силни зачини, а при лекувањето да користат природни лекови, треви и чаеви. Побрзо заздравуваат во природа, на чист воздух, покрај море или езеро.
Близнаци
Најзагрозени делови од организмот кај припадниците на овој знак се рамената, рацете, прстите, белите дробови, клучната коска, нервите, а секундарно жлездите и мозокот. Близнаците често заболуваат од бронхитис, астма, различни невролошки заболувања, менингитис и воспалување на жолчката.
Тие се плашат и од најмалите предзнаци на болеста, што ја влошува состојбата и често доведува до хипохондрија. Во исхраната не треба посебно да внимаваат на количината која ја внесуваат, како и на квалитетот, само треба да воведат повеќе ред во неа, да не прескокнуваат оброци или да престанат да јадат помеѓу два оброци.
Рак
Раковите се родени гурмани, па затоа нивните дигестивни органи и желудникот често им се изложени на опасност. Имаат и осетливи бели дробови, ребра и црн дроб. Силно влијание врз Раковите има околината, а уште повеќе емоциите, па лесно заболуваат од болести кои се карактеристични за поднебјето во кое живеат.
Склони се на реума, тумори, гастритис, депресија и хистерија, како и на сите наследни болести. Во исхраната треба да намалат со внесување скроб, маснотии, благо и чоколади, а покрај овошјето, најдобро е храната да ја консумираат термички обработена. Најдобро заздравуваат на планина, опкружени од нивните најмили. Добро ги прифаќаат сите начини на лекување.
Водолија
На Водолиите осетливи делови им се глуждовите и зглобовите на нозете, мозокот, срцето, крвотокот, лимфните јазли, нервите и дишните патишта. Карактеристични болести за нив се сите оние кои се поврзани со нарушувања во крвните садови, анемија, лошо врзување на кислородот во крвта, мигрена, кожни болести, невралгии, нервни и психички болести и карциноми. Исхраната мора да им биде поквалитетна, со повеќе внесување месо, витамини, минерали, а оброците да им бидат поредовни.
Добро реагираат на природните лекови и хомеопатското лекување. За време на заздравувањето не би требало да се изложуваат на големи температурни промени, напор, па дури и прошетките можат лошо да дејствуваат. За Водолиите најважен е одморот и добриот сон.