Дознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце

Дознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце

Луѓето родени во овој знак се точни и пресметани. Секогаш однапред ги планираат работите за да се уверат дека сѐ ќе помине во најдобар ред. Се стремат кон совршенство во сите животни области. Совршен партнер, совршена кариера, совршени пријатели, совршен дом и совршен живот. Поради тоа, тие не ја поднесуваат човечката глупавост и неразумност. Обично се смирени, но ако успеете да го преминете нивниот праг на толеранција, подгответе се за најбурната реакција што некогаш сте ја виделе!

Дознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце

Можеби ќе ви ја простат грешката, но никогаш нема да ја заборават и постојано ќе ви ја вадат низ нос. Погодивте за кого станува збор? Секако дека се работи за најголемите перфекционисти – Девиците. За припадниците на овој знак љубовта е мистерија што со нетрпение чекаат да ја откријат и да ѝ се предадат. Секогаш свесно размислуваат со главата, а не со срцето и веруваат само во она што ќе го видат со свои очи.

Кога ќе се вљубат вистински, тие се целосно посветени на нивната врска и партнер, но љубовта ја гледаат  и од практичен аспект. Со оглед на тоа што постојано се зафатени со размислување и планирање, не можат да се опуштат целосно. Па затоа, многу често нивна најголема љубов е нивната работа, дом или хоби. Овие работи зависат само од нив и тие ќе се погрижат да бидат совршени. Во љубовните врски, работите во голема мера зависат и од друга личност. Тоа за Девиците е малку неприфатливо.

Добриот партнер треба да се обиде да ги опушти и да ги натера да заборават на сериозноста и внимателноста. Девиците треба да научат како да почувствуваат страст и топлина. Треба да разберат дека љубовта не е некаква анализа или пресметка, туку дека има многу подлабоко и посуштинско значење.

Мразат кога некој ги прекинува додека зборуваат. Доколку не објаснат сѐ детално, исто како да не кажале ништо. Ако некој се обиде да ги прекине, тие стануваат многу нервозни и почнуваат гласно да викаат за да ја довршат мислата.

Памтењето им е фотографско и математички точно. Нивната силна логичка интелигенција ги доведува до конфликт со сопствените емоции. За нив сѐ мора да има логика. Но, проблемот е што во емоциите најмалку ја има. И тука тие потполно губат контрола, па затоа најчесто одбегнуваат емотивни ситуации. Очекуваат и бараат чистота и точност, а и самите знаат да бидат неуредни и несовесни. Девиците најчесто доцнат. Нема шанси да победите во караница со Девица. Тие користат податоци што засекогаш ги запечатиле во нивното сеќавање.

Дознајте што се крие под површината на овој хороскопски знак за кој се вели дека нема срце

Кога станува збор за љубовта, нивната е чиста како солза. Ако вистински сакаат, не изневеруваат. Но, доколку нивните чувства не се интензивни, знаат да ја побараат возбудата и на друго место. Воопшто не му веруваат на партнерот. Посесивни се и ужасно љубоморни, иако се трудат тоа да го скријат најдобро што можат. Подготвени се да направат секакви глупости само за да го докажат неверството на партнерите. Ќе им ги прислушуваат разговорите, ќе им ги читаат пораките и неочекувано ќе се појавуваат кога нивните сакани ќе бидат излезени со друштво. Некои одат и дотаму што изнајмуваат приватен детектив.

Тие навистина никому не веруваат. Нивниот сомнеж знае овие интелигентни луѓе да ги претвори во будали. Иако се свесни за нивното деструктивно однесување, тоа е посилно од нив и нема да се откажат додека не ја дознаат вистината. Само тогаш ќе можат да се смират, без оглед на тоа дали сознанието до кое ќе дојдат е добро или лошо. Тие само сакаат да си докажат себеси и на партнерот дека се во право. Таа нивна потреба секогаш да бидат во право е главната причина што ги уништува сите нивни љубовни врски.

Секако дека Девиците имаат и многу позитивни карактеристики поради кои вреди да ги имате како пријатели и љубовни партнери. Доколку тие се чувствуваат сигурно и не им дадете никаква причина за сомнеж, подгответе се за најтоплата и најромантичната врска што некогаш сте ја имале.

Во продолжение прочитајте уште неколку типични карактеристики на овој хороскопски знак:

1. Припадниците на овој знак се длабоки, чувствителни и промислени луѓе.

2. Кога ќе ви треба помош, Девицата прва ќе се појави на вашата врата без да ја побарате.

3. Девицата ќе ви го среди шкафот, гаражата или кујната и тоа ќе ѝ биде забавно.

4. Како да знаете дали Девицата е заинтересирана за вас? Доколку сака да ве види, никогаш нема да доцни. Но, доколку состанокот не ѝ е толку по волја, може да задоцни и повеќе од 15 минути.

5. Девицата сака за сѐ да биде добро известена, во спротивно целосно се повлекува во себе.

6. Девиците се секогаш организирани.

7. Девиците секогаш имаат план.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар