Дознајте што открива вашиот хороскопски знак за вашата карма
Вага (23 септември – 22 октомври)
Вагите тежнеат кон рамнотежа помеѓу духот и материјата, па токму затоа им е многу тешко да се одлучат за каква било акција. Тие се благи и мирни и не сакаат да се впуштаат во конфликти, дури и по цена да ја изгубат сигурноста во себе. Нивното постојано вртење грб на проблемите и барањето на полесниот пат најчесто не им носи ништо позитивно, туку ги поставува пред низа нови препреки на патот кон градење на својата личност. Нивната карма се состои од прифаќање ризик и правење промени во својата статичност.
Дури откако ќе се отворите кон новите предизвици и ќе ја ризикувате вашата лажна сигурност, можете да очекувате да постигнете поголеми животни успеси. Понекогаш ова можете да го научите од падовите, до кои доаѓате поради вашата преголема нестабилност и чувствителност, како и поради способноста да се убедите дека сте добри дури и тогаш кога не сте. Откако ќе ги потрошите сите други средства, вие дури тогаш тргнувате во борба за докажување на вашите способности. Доколку застанете на патот на својата инертност, тогаш ќе научите голема лекција од која во иднина ќе имате корист. Кармата на вашиот знак се состои во јакнењето на храброста и борбата со вашата моментална состојба.
Скорпија (23 октомври – 22 ноември)
Луѓето родени во овој знак располагаат со огромна енергија, која во оние ситуации кога не е под контрола може да стане разорна и деструктивна. Тие секогаш мора да ја имаат на ум можноста на изборот кој лежи во самите нив и која не е наметната од околностите или мислењето на околината. Нивната хедонистичка природа ги поставува во центарот на сите настани, предизвикувајќи ги да ѝ се спротивстават. Овие луѓе пред сè мора да научат како достојно да губат и да се откажат, со цел подобро да се подготват на одговорноста која ја носи со себе успехот.
Вашата карма се состои од развивање на логичко размислување и контролирање на вашата страст. Мотивацијата ви е поврзана со желбата за освојување на духовните цели, при што мора да знаете да го сопрете вашиот претеран ентузијазам. Инсистирањето да се решаваат конфликтните ситуации со личности кои ве сметаат за непријатели или противници може многу да помогне при вашиот развој.
Стрелец (23 ноември – 21 декември)
Луѓето родени во овој знак во однос на кармата, ја имаат достигнато својата етапа на созревање. Тие знаат кое е нивното место во овој свет и не се оптоваруваат со внатрешни кризи и конфликти. Бидејќи ја имаат постигнато рамнотежата помеѓу духот и материјата, тие сега смеат да поседуваат материјални добра и да уживаат во земскиот успех, под услов да останат отворени и великодушни. Нивната главна цел треба да е споредувањето, вниманието, разбирањето како и помошта и заштитата на слабите, немоќните и изгубените.
Правилен избор за вас претставува градење на мудроста во текот на целиот живот, без желба за осуда или одмазда. Изразената свест за сопствените способности најдобро може да се искористи доколку се употреби за општо добро, наместо да се насочува само кон задоволување на вашите потреби. Бидејќи вашиот апетит лесно може да стане преголем и да прерасне во алчност, вашата карма се состои од градење внатрешен мир и избегнување на сите облици на себичност и посесивност. Вие мора јасно и објективно да ги одбирате целите на својата активност, така што нема да ја расипувате енергијата онаму каде што тоа не е потребно.
Јарец (22 декември – 20 јануари)
Луѓето родени во овој знак имаат вродена способност да го подигнат својот дух над материјата. Тие тежнеат кон достигнување супериорно знаење и на тој пат често наидуваат на различни искушенија. За време на својот живот често се соочуваат со неразбирлива околина која тешко ги прифаќа нивните идеи и/или ставови. Во душата тие се чувствителни, не се прилагодуваат лесно и обично со грубост ги прикриваат своите вистински чувства. Кога треба да одбираат, тие попрво би се одлучиле за критика отколку за разбирање и најчесто повеќе се за одмазда отколку за опростување. Тие не можат да се одречат од слаткиот вкус на победата дури и по цена таа да им донесе повеќе штета отколку уживање.
Токму затоа мора да научите да не бидете цинични и негативно настроени кон себе и својата околина така што ќе докажувате дека сте интелектуално супериорни. Признанијата кои ги добивате често се заслужени, но вие не знаете како да покажете топла благодарност за нив. Од друга страна пак, вашата подготвеност за жртвување и одрекување понекогаш се граничи со фанатизам. Вие мора да ги избегнувате изложувањата на тишина и осаменост и да се присилите на друштвени контакти. Исто така треба да научите како да бидете поотворени кон другите.
Водолија (21 јануари – 19 февруари)
Луѓето родени во овој знак се преоптоварени со потешкотии при решавање на конфликтите од своето минато. Ограниченото воспитување, моралот и стравот од авторитети го приземјува нивниот слободен дух, им наметнува премногу компромиси, фиктивни обврски и одговорност со кои се правдаат за недостатокот на храброст при креирање на својот живот според своите желби. Нивното бегство во крајности е последица од недостатокот на свест за можните избори.
Вие мора да се борите против вашите внатрешни поделби и да ја преземете одговорноста за своите постапки. Се плашите од реакции и критики од околината, па токму затоа одбирате привидна сигурност наместо отворен предизвик. Вашите постапки изгледаат алтруистички, но вие всушност го правите тоа бидејќи се плашите од последиците кои ќе настанат од вашите дела. Доколку сакате навистина да ја завршите вашата задача, мора да ги прифатите ризиците.
Риби (20 февруари – 20 март)
Иако овој знак има вродена способност за интуитивно размислување и делување, припадниците на Рибите често се збунети од реакциите и притисокот на околината бидејќи сакаат на сите да им угодат. На овој начин и се појавуваат барањата и очекувањата кои не се во нивен интерес. Доколку направат грешка, тие ќе поминат низ измислена казна која самите си ја наметнале, сметајќи дека на тој начин ќе го отплатат долгот. Но, што и да прават, рибите би требало да се потпрат на своите инстинкти и да не обрнуваат толку внимание на она што другите сметаат дека би било добро за нив.
Бидејќи вашите чувства најчесто се точни, вие треба да направите рамнотежа помеѓу вашите дела и вашите емоции. Но, не мора да се борите, доволно е само да бидете искрени да се препуштите. Доколку нешто барате, тоа значи дека можете и да го добиете. Вашата карма се состои од наоѓање сила и барање на сопствениот пат без притоа да се водите од туѓите потреби. Вие мора да ги елиминирате сите ситуации во кои сте присилени да правите нешто што не сакате.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.