Дознајте од кои хороскопски знаци можете да очекувате извинување, а кои никогаш не би си ја признале грешката

Дознајте од кои хороскопски знаци можете да очекувате извинување, а кои никогаш не би си ја признале грешката

Некои луѓе веруваат дека ќе покажат слабост доколку се извинат, додека мирољубивите поединци се подготвени да ги преземат сите потребни мерки за да ги одбегнат можните конфликти. Со други зборови, луѓето можат да се поделат во 2 групи: Оние кои никогаш нема да ви се извинат колку и да погрешиле и оние коишто се подготвени да го понудат нивното извинување во секое време. Во продолжение дознајте во која група припаѓате вие според хороскопскиот знак…

Дознајте од кои хороскопски знаци можете да очекувате извинување, а кои никогаш не би си ја признале грешката

ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ СЕКОГАШ СЕ ИЗВИНУВААТ

Вага

Вагите се свесни кога ќе направат нешто лошо, па веднаш се обидуваат да го вратат односот во нормала. Тие се вистински дипломати кои се извинуваат љубезно и со стил. Користат одбран и накитен речник, како и многу гестикулации.

Водолија

Водолиите ќе ве гледаат право во очи додека ви се извинуваат многу уверливо без патетики и драматизации. Меѓучовечките односи им се многу важни, па затоа не им е тешко да признаат дека погрешиле. Тие се извинуваат срдечно и топло, со пријателски тон и дискретен хумор.

Рак

Со оглед на тоа што се многу ранливи и чувствителни, Раковите многу добро разбираат како се чувствува личноста која ја повредиле. Тие се извинуваат не обидувајќи се да ја прикријат нивната непријатност, а понекогаш знаат да пуштат и по некоја солза. Кажуваат многу трогателни зборови за да покажат колку им е жал.

Стрелец

Не им е тешко да признаат дека згрешиле нешто и дека нивната нетактичност можеби повредила некого. Тие се извинуваат со ведар тон и навистина веруваат во брзото смирување и поправање на нарушените односи.

Дознајте од кои хороскопски знаци можете да очекувате извинување, а кои никогаш не би си ја признале грешката

ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ КОИ МРАЗАТ ИЗВИНУВАЊА

Овен

Тие никогаш не се извинуваат доброволно. Користат решителен и повишен тон и воопшто не се обидуваат да скријат колку целата ситуација им оди на нерви.

Лав

Лавовите се извинуваат само присилно. Притоа, прават цела претстава во која тие ја играат главната улога. Тие се извинуваат со заповеднички тон и високо подигната глава, за да не покажат слабост.

Близнаци

Близнаците се во состојба да одглумат извинување. Тие користат двосмислени зборови со цел да префрлат дел од вината на самиот соговорник или на некое трето лице.

Прочитајте го и стилот на извинување на хороскопските знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар