Дознајте која е главната причина што го спречува вашиот хороскопски знак да пронајде љубов
Сите трагаат по неа, ретко кој ја наоѓа. Љубовта е прекрасно чувство, но понекогаш навистина е тешко да се пронајде. Доколку веќе долго време сте сингл, а не ви е јасно зошто, ѕвездите можеби го имаат одговорот на вашето прашање. Прочитајте зошто хороскопски знаци не можат да најдат љубов…
Овен
Овенот брзо за заљубува, но и брзо се одљубува. Тој знае кои особини треба да ги поседува една личност за да остане со неа, но секогаш одбира мистериозен партнер кој знае дека ќе му го скрши срцето.
Бик
Бикот има зацртано совршена врска во неговата глава, а кога работите не одат по планот или не ги исполнуваат неговите очекувања, тој е подготвен да го напушти партнерот. Дајте му шанса на партнерот!
Близнаци
Близнаците сакаат да ја покажуваат нивната спонтана, забавна и дива страна, но тешко им е да ги искажат нивните најдлабоки, вистински емоции. Не плашете се да се отворите!
Рак
Раковите се многу чувствителни и полни со љубов, но имаат лоша навика да одбираат луѓе кои се погрешни за нив. Тоа само ги влошува работите кога врската се распаѓа, бидејќи тие не го поднесуваат добро раскинувањето.
Лав
Лавот пронаоѓа сигурност преку воспоставувањето контрола. Доколку започне врска со партнер кој не може да го контролира, прекинува. Мора да прифатите дека не можете да го контролирате секој детаљ од врската!
Девица
Како и во секоја друга област во животот, така и во врската, Девиците бараат совршенство. Тоа значи дека многу често забораваат дека совршениот човек не постои. Намалете ги вашите очекувања и стандарди и немојте веднаш да ги отпишувате луѓето доколку не ги исполнуваат сите критериуми од вашата листа.
Вага
Вагите се независни и прават што сакаат. Поради тоа, луѓето честопати мислат дека не сте заинтересирани за нив. Потсетете ги потенцијалните партнери дека и покрај вашата независност и авантуристички дух, сепак ви треба партнер.
Скорпија
Скорпиите имаат лоша навика да се поставуваат премногу грубо во почетните фази од врската. Тоа е така затоа што не сакаат да го исплашат потенцијалниот партнер со нивните интензивни чувства. Кога врската ќе стане цврста, тогаш слободно можете да ги искажувате вашите силни емоции за да ја одржите страста во љубовниот однос.
Стрелец
Стрелецот знае да биде одбивен бидејќи се однесува многу превртливо со потенцијалните партнери. Сака да игра игри. Во еден момент освојувате некого и тоа ви се допаѓа, а веќе во следниот момент сакате тој да ве освојува вас. Тоа може да биде многу збунувачки.
Јарец
Луѓето ретко ја гледаат вашата светла и разиграна страна, бидејќи многу тешко го симнувате штитот од практичност и логика. Во ред е ако не сакате кому било да овозможите влез во вашиот живот, но мора да разберете дека луѓето нема да ве чекаат вечно.
Водолија
Водолијата добива сигурност од тоа што е емоционално дистанцирана, но тажната вистина е дека поради тоа таа ги пропушта неверојатните искуства што ги нуди врската. Обидете се да пронајдете удобност во вашата ранливост. Отворете им се на другите и на светот за да можете да доживеете работи какви што никогаш досега не сте доживеале.
Риби
Рибите имаат голема визија за нивниот партнер. Тие се фокусирани на одредена идеја и толку се возбудено поради идејата дека ќе го пронајдат совршениот партнер, што на крајот завршуваат со некој кој воопшто не им одговара. Немојте премногу да се трудите да ја најдете вашата сродна душа.