Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп - Part 5

Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп

1.4.doznajte-koj-znak-ste-spored-arapskiot-horoskop-kafepauza.mk

Копје (10)

Копјето е средновековно оружје кое го носеле благородниците. Личностите родени под овој знак се интелектуалци, луцидни и физички привлечни. Тие имаат бујна фантазија, убаво се изразуваат, добро се снаоѓаат во сите настани и друштва. Тие се одлични психолози. Маана им е тоа што се чувствуваат надмоќно, па многу бараат од животот и се разочаруваат доколку не ги достигнат своите (не)возможни цели. Во љубовта бараат да бидат обожувани, а доколку не е така, се разочаруваат засекогаш. Не сакаат флерт. Тие можат добро да се согласуваат со Џебниот нож и Камата, а лошо со Прачката. Кон останатите знаци се рамнодушни.

Прачка (11)

Едно од најстарите оружја, кое денес постои само како играчка. Личностите родени во овој знак се креативни идеалисти, интелигентни, но често паѓаат во депресија. Се случува да се сомневаат во себе и во својата сила, потребна им е помош во неволји од кои не умеат сами да се извлечат. Често се боеми со распеани души, обожаваат да лутаат и не им одговара сигурноста. Во љубовта се крајно романтични, љубат страсно, но не само еднаш бидејќи по природа лесно можат да се заљубат. Добро се согласуваат со Лакот и стрелата, Арапскиот меч и Секирата, додека пак, лошо се согласуваат со Сабјата и Копјето.

Лак и стрела (12)

Личностите родени во овој знак имаат силно изразена личност, одличен интелект и силен талент, кој се граничи дури и со генијалност. Тие немаат практичен дух и може да се случи материјално да искористат лоши луѓе без притоа да забележат. Сите љубовни врски им се претежно бурни, бидејќи љубовта ја сфаќаат на свој специфичен начин. Тие добро се согласуваат со Копјето, Веригата и Секирата, додека пак, лошо се согласуваат со Ножот и Џебниот нож.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. --- Reply

    ne vi e tocen spisokot so datumi – periodot kadesto se opfaka 10.10. go nema nikade 😀 … ili za niv ne postoi takvo nesto hahaha

    • Кафе пауза Reply

      8 поени

      • --- Reply

        ok – inaku imase greska na 8 poeni, pisuvase … Помеѓу 23 септември и 22 август (8 поени)

  2. Анонимен Reply

    a od 21 dekemvri do 29 ?

    • Моника Трајковска Reply

      Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)

  3. A Reply

    A za rodenite vo ostatokot od dekemvri? na pr 25-26… ima samo do 21 i od 29 natamu..

    • Моника Трајковска Reply

      Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)

Остави коментар