Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп
Арапски меч (4)
Ова опасно старо оружје може да служи за напад, но и за одбрана. Личностите кои се родени во овој знак имаат авантуристички дух, агресивни се, нервозни, често по малку и сурови, сакаат ризици и патувања. Тие имаат свој вид морал и норми според кои се придржуваат, а мислењето на другите воопшто не ги интересира. Кога тие сакаат нешто на постигнат, тогаш се безмилосни и се водат според изреката „Целта ги оправдува средствата“. Во љубовта знаат што сакаат и кога го сакаат тоа, а кога ќе одберат партнер, со него ќе бидат сигурни, дури и кога тоа изгледа сосема невозможно. Љубовта ги менува, со саканата личност тие се нежни, подготвени на жртва и сè дозволуваат. Но, за да се случи тоа, нивниот партнер мора да биде роден во еден од следниве знаци: лак и стрела, боздоган, топуз или прачка. Тие никогаш не би можеле да се согласуваат со Ножот, Џебниот нож или Веригата.
Боздоган (5)
Средновековно оружје кое денес може да се најде само во музеите. Личностите кои се родени во овој знак добро се снаоѓаат во сите ситуации, умеат да заповедаат, но и да прифатат туѓа заповед. Тие се добри пријатели и личности на кои може да се смета во тешки ситуации. Тие се љубопитни и храбри, сакаат патувања и неочекувани необични доживувања. Во љубовта се нестабилни, сакаат да флертуваат, но не сакаат да се врзуваат, па токму затоа врските им се површни. Тие повеќе ценат пријателство отколку љубов. Добро се согласуваат со сите знаци, освен со Лакот и стрелата, Прачката и Топузот.
Топуз (6)
Топузот е исто така средновековно оружје кое денес тешко може да се најде надвор од музеите. Личностите родени во овој знак се со скриени доблести кои тешко можат да се забележат. Тие можеби изгледаат мрзливо, но всушност се многу методични во својата работа и никогаш не работат површно. Тие се многу мудри, со виска интелигенција. Молчеливи се, па поради тоа делуваат успорено, но тоа не значи дека не се ефикасни кога треба нешто да сработат. Во љубовта тие се совршениот партнер, бидејќи не бараат многу и сакаат мирен фамилијарен живот. Тие не сакаат да се караат ниту пак, да прават сцени, сакаат природа и прошетки и други романтични ситуации. Добро се сложуваат со сите, но малку потешко им оди комуникацијата со Веригата, Прачката и Боздоганот.
ne vi e tocen spisokot so datumi – periodot kadesto se opfaka 10.10. go nema nikade 😀 … ili za niv ne postoi takvo nesto hahaha
8 поени
ok – inaku imase greska na 8 poeni, pisuvase … Помеѓу 23 септември и 22 август (8 поени)
a od 21 dekemvri do 29 ?
Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)
A za rodenite vo ostatokot od dekemvri? na pr 25-26… ima samo do 21 i od 29 natamu..
Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)