Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп - Part 2

Дознајте кој знак сте според арапскиот хороскоп

1.1.doznajte-koj-znak-ste-spored-arapskiot-horoskop-kafepauza.mk

Нож (1)

Древно оружје кое одамна се користи за најразлични нешта, започнувајќи од напад и одбрана, па сè до секојдневната употреба во кујната. Личностите кои се родени во овој знак се непредвидливи, чудни и многу често мрзливи, диви, независни, рамнодушни кон дисциплината и врските кои ветуваат. Тие обожаваат да доминираат и да донесуваат одлуки сами. Сигурни се во себе и во сопствениот ум, не прифаќаат конвенционалност и шеми на однесување. Не ги допира тоа што другите го мислат за нив. Во љубовта важно им е да најдат личност која тоа добро го поднесува, за да можат да се сложуваат. На нив им одговараат личностите чиј знак е Топуз, Верига, Лак и стрела и Прачка. Со останатите не се сложуваат добро, а особено лошо се разбираат со родените под знакот Џебен нож, Арапски меч и Сабја.

Кама (2)

Старо и многу сурово оружје. Личностите кои се родени во овој знак се многу горделиви и верни. И покрај тоа што понекогаш може бурно да реагираат, тие во основа се симпатични. Често се омилени во друштво. Тие се надарени со огромна виталност, одлично здравје и неуништлива енергија. Многу се храбри и одлично се снаоѓаат во опасните ситуации и провокации. Во љубовта се романтични, умеат и сакаат многу да пружат. Но, тие никогаш не поднесуваат неверство и ако го доживеат тоа од партнерот, веднаш ставаат крај на таа врска, без разлика на тоа колкава неволја тоа може да им предизвика. Тие добро се сложуваат со родените во знакот Верига, Лак и стрела, Топуз и Копје.

Џебен нож (3)

Уште едно домашно оружје кое може да биде многу опасно доколку е во рацете на злобен човек. Личностите родени во овој се знак дисциплинирани, големи работници и долго размислуваат пред да се одлучат за нешто. Тие не сакаат ненадејни промени, имаат долгогодишни навики од кои тешко се одвикнуваат, а кога се принудени на тоа им паѓа многу тешко. Тие имаат свој стил на живот, уредни се и педантни, водат здрав живот и наклонети се кон спорт. Тие никогаш не го напуштаат овој стил на живеење, дури ни кога ќе влезат во брак, па токму затоа често ги сметаат за егоисти. Ова мислење за нив е погрешно, бидејќи тие не се себични туку се личности кои едноставно си ги сакаат своите навики. Во љубовта се верни, лојални и не бараат многу. Но, ако налетаат на личност која е сосема спротивна на нивните навики, тогаш доаѓа до голем конфликт. Токму затоа тие мора многу внимателно да го одберат својот партнер. Добро се согласуваат со личностите чиј знак е Копје, Прачка, Лак и стрела, додека пак не се согласуваат со Сабја, Арапски меч и Верига.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. --- Reply

    ne vi e tocen spisokot so datumi – periodot kadesto se opfaka 10.10. go nema nikade 😀 … ili za niv ne postoi takvo nesto hahaha

    • Кафе пауза Reply

      8 поени

      • --- Reply

        ok – inaku imase greska na 8 poeni, pisuvase … Помеѓу 23 септември и 22 август (8 поени)

  2. Анонимен Reply

    a od 21 dekemvri do 29 ?

    • Моника Трајковска Reply

      Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)

  3. A Reply

    A za rodenite vo ostatokot od dekemvri? na pr 25-26… ima samo do 21 i od 29 natamu..

    • Моника Трајковска Reply

      Помеѓу 22 декември и 20 јануари (10 поени)

Остави коментар