Дознајте кои хороскопски знаци „пуштаат водичка“ дури и кога не се заинтересирани за врска

Дознајте кои хороскопски знаци „пуштаат водичка“ дури и кога не се заинтересирани за врска

Некои хороскопски знаци флертуваат повеќе од останатите. Некои од нив флертуваат дури и кога воопшто не се заинтересирани за врска. Доколку сте се нашле во ситуација некој од овие хороскопски знаци да ви дал лажна надеж за потоа да испадне дека воопшто немал намера за нешто повеќе, немојте веднаш да се лутите, бидејќи тие најчесто не се ни свесни за нивното флертувачко однесување. Во продолжение прочитајте кои хороскопски знаци „пуштаат водичка“ дури и кога не се заинтересирани за врска…

Дознајте кои хороскопски знаци „пуштаат водичка“ дури и кога не се заинтересирани за врска

Девица

Девиците обично многу размислуваат пред да направат нешто, но тоа не важи кога станува збор за флертот. Тие се големи аналитичари, меѓутоа не размислуваат стратешки во љубовта и затоа честопати се случува да дадат некому лажна надеж иако воопшто немале таква намера. Истовремено тие се и срамежливи што не се согласува со нивното заводливо однесување, па затоа другите премногу сериозно го сфаќаат нивниот флерт.

Вага

Вагите мразат да бидат сами, бидејќи самотијата ја изедначуваат со осаменоста. Токму поради тоа, тие постојано флертуваат и „пуштаат водички“ на сите страни, а кога некој ќе им го посочи тоа, не признаваат и заземаат одбранбен став. Вагите треба да сфатат дека нивната претерана учтивост честопати наликува на флерт, па затоа неретко праќаат знаци кои би можеле некому да му дадат погрешни идеи.

Скорпија

Скорпиите се брутално искрени и сакаат да се отвораат. Луѓето си помислуваат дека се посебни, бидејќи Скорпијата споделила приватни информации со нив. Меѓутоа, таквото однесување е нормално за припадниците на овој знак. Луѓето честопати мислат дека постои нешто повеќе, кога всушност Скорпијата ги смета за обични пријатели или познајници. Тие ја споделуваат секоја нивна мисла и затоа понекогаш луѓето се прашуваат дали го кажуваат тоа затоа што се пријателски настроени или пак се крие нешто повеќе зад тие искрени зборови.

Доколку сте љубители на астрологијата, дознајте и кои се трите хороскопски знаци кои спротивниот пол го оставаат без здив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар