Дознајте кои 3 хороскопски знаци се однесуваат пасивно-агресивно

Дознајте кои 3 хороскопски знаци се однесуваат пасивно-агресивно

Сигурно познавате личност која секогаш речиси го кажала она што го мисли, речиси го направила тоа што треба, но сепак не ја истерала работата до крај. Тие само го навестиле тоа. Кога само ги навестувате работите, но не ги спроведувате, тоа значи дека сте пасивно-агресивни. Некои хороскопски знаци се однесуваат навистина пасивно-агресивно.

Дознајте кои хороскопски знаци покажуваат најголеми знаци на пасивна агресија

Понекогаш пасивно-агресивното однесување личи на ловење комплименти, но честопати станува збор за ублажена навреда. На пример, доколку некој ви каже „Јас не би носел/а такви панталони. Можеш ти да носиш ако сакаш, ама јас не би…“, тоа е пасивно-агресивна навреда. Навредувачот не сака да преземе одговорност за неговата навреда, па затоа ја ублажува реченицата со одрекување во случај да му се спротивставите и да може да ви каже дека погрешно сте го сфатиле. Па, кои хороскопски знаци покажуваат најголеми знаци на пасивно-агресивно однесување? Дознајте во продолжение…

Риби

Рибите воопшто не сакаат конфликти и ако некогаш се обидете да се карате со нив, тие ќе почнат да плачат како прави маченици. Тие ќе го привлечат сечие внимание во просторијата и кога конечно ќе им го дадете она што го сакаат, ќе ви кажат дека сѐ е во ред. Ако видите дека припадник на овој знак се мурти, немојте ни да помислувате да го прашате што не е во ред, освен ако не сакате да добиете лажен одговор. Рибите постојано објаснуваат дека сѐ е во ред и дека ништо не им пречи иако во реалноста се случува токму спротивното.

Близнаци

Неодлучните Близнаци ќе ве излудат со нивната неспособност да се придржуваат до планот. Близнаците не сакаат да се караат, но не сакаат ни да се обврзуваат, па така очекувајте цела церемонија пред да донесат конечна одлука. „Може, супер звучи“ е одговорот што ќе го чуете секогаш кога ќе им предложите да излезете некаде. Нема да чуете кратко и јасно „Да!“, туку „Хммм, ми се допаѓа тоа место“. Ако секогаш се придржувате до вашиот распоред и план, држете се што подалеку од вашите пријатели родени во овој знак, бидејќи нивното пасивно-агресивно однесување ќе ве излуди.

Вага

Ќе си имате големи маки доколку се обидувате да сфатите што сакаат да ви кажат Вагите. Припадниците на овој знак толку многу сакаат да постигнат совршен баланс, што речиси никогаш не изговараат сигурни реченици со сигурни емоции. Тие се навистина грижливи луѓе кои ќе ви бидат одлични пријатели, но не очекувајте од нив да ви дадат конечен одговор. Освен тоа, тие не сакаат да ги повредат туѓите чувства и тоа го ограничува нивниот начин на комуникација.

Вагите се кралеви и кралици на пасивната агресија. Тие очекуваат од вас да им ги завршите речениците. „Знаете како е“, ќе ви каже Вагата и ќе ве остави сами да го толкувате значењето на нејзината реченица отворена за најразлични интерпретации. Не, не знаеме како е. Најдобро е да ни кажете како е, наместо да ѝ препуштате сѐ на нашата имагинација.

Прочитајте и кои хороскопски знаци обожаваат да бидат во центарот на вниманието.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар