Дознајте какви момци ве привлекуваат според вашиот хороскопски знак

Дознајте какви момци ве привлекуваат според вашиот хороскопски знак

На прв поглед, сигурно ви се чини дека вашите поранешни момчиња немале ништо заедничко. Едниот бил панкер со кожна јакна, другиот се облекувал како рапер со дуксери и спуштени пантолони, третиот уметник со хипстерски очила и шалче околу вратот… Ништо заедничко, нели? Но, мора да постои некоја заедничка карактеристика која ги поврзува сите овие сосема различни момци и која ги направила привлечни токму за вас. Астрологијата открива на какви момци „паѓате“ според вашиот хороскопски знак…

Дознајте какви момци ве привлекуваат според вашиот хороскопски знак

Овен

Најчесто сте опкружени со грижливи и шармантни момци. За жал, понекогаш тие бараат повеќе од вашето време и енергија, отколку што сакате да им дадете. Не двоумете се да им кажете на овие момци да олабават малку и слободно одбранете си го вашиот личен простор. Или едноставно блокирајте го нивниот број. Ваша е одлуката.

Бик

Вашето внимание го привлекуваат страсни и практични момци, затоа што навистина сакате мажи со цврсти ставови и убедувања. Од друга страна, пак, не е тајна дека нема да отстапите од вашето мислење по никоја цена, па Бог нека им е на помош ако се исто толку тврдоглави како и вие. Веројатно ќе треба да се преселат во друга држава.

Близнаци

Вие обожавате харизматични момци со авантуристички дух. Ако момчето е секогаш подготвено да преземе ризик и не се плаши од екстремни спортови, вие целосно ќе го изгубите разумот. Дури и ако сте посмирени, сепак тие ќе треба да бидат способни да го следат вашето брзо темпо и потреба од разновидност. Во спротивност, вие многу брзо ќе преминете на наредниот од вашата редица обожаватели.

Рак

Бидејќи сте многу чувствителни, претпочитате шармантни момци кои ќе ви обезбедат емоционална стабилност. И поради тоа што повеќе сакате да ја поминете вечерта дома отколку во бар, вие сте знакот кој веројатно ќе се вљуби во некој колега. Го гледате цело време, му верувате и знаете дека секогаш ќе биде тука за вас.

Лав

Обожавате интелигентни и креативни момци кои ќе ве инспирираат со нивната уникатност, префинет вкус и одлучност. Вие сте роден лидер и нема сомнеж дека сакате да бидете во центарот на вниманието, па така вашиот совршен партнер ќе го најдете на некој ексклузивен настан со познати личности. И луѓето навистина треба да престанат да ве осудуваат што се појавувате на тие настани непоканети!

Дознајте какви момци ве привлекуваат според вашиот хороскопски знак

Девица

Вас ве привлекуваат уметнички и емотивни типови кои ќе знаат да ја ценат вашата безрезервна грижа и поддршка. Ова може понекогаш да има спротивен ефект ако завршите со некој кретен кој го обожава тоа што го правите за него, а не ви дава ништо за возврат. Доколку дојде до тоа, во ред е да го оставите и да најдете некој кој ќе ве опсипа со вниманието и комплиментите што ги заслужувате.

Вага

Енергичност, самодоверба и позитивен дух се одликите што вас ве привлекуваат. Вашата енергична природа може да ве исцрпи, па затоа барате партнер кој ќе биде доволно храбар и упорен за да не се умори од тоа да ве освојува подолго време. Ако треба да бркате уште еден тип кој на крајот ќе испадне идиот, ќе колабирате од умор.

Скорпија

Сакате грижливи, практични и трпеливи момци кои ќе останат покрај вас подолг период. Вие многу давате, но исто така многу и барате од вашиот партнер. Ако најдете некој кој ќе знае да се прилагоди на вашето непредвидливо однесување одвреме-навреме, нема никогаш да го пуштите.

Стрелец

Вие барате интелигентен и слободоумен партнер кој ќе биде подготвен да биде до вас во секоја авантура на која ќе сакате да се препуштите. Поради тоа што сте неуморни и сакате физички активности, вашето срце ќе му припадне на бестрашен партнер со добра кондиција.

Јарец

Со оглед на тоа што речиси секогаш работите, сакате сензитивни и лојални момци кои ќе ве опсипат со љубов, внимание, грижа и поддршка. Во вашиот распоред нема време за момци кои не сте сигурни дали се заинтересирани за вас или не. Повеќе би сакале да си останете дома стуткани во удобно ќебенце и да јадете пица, наместо да си го губите времето на момци кои не знаат што сакаат.

Дознајте какви момци ве привлекуваат според вашиот хороскопски знак

Водолија

Вашата променлива природа на вечен сонувач е привлечена од момци кои се креативни, храбри и добро знаат кои се и што се. Не можете да одолеете на момче кое има уникатен поглед на работите, и никогаш не би го пропуштиле него за некој кој ќе направи да се чувствувате безбедно и згрижено.

Риби

Сакате постојани, вредни и информирани момци кои ќе му дадат форма и структура на вашиот хаотичен свет на соништа и фантазија. За возврат, вашиот партнер ќе доживее таква романтика каква што само можел да сонува. Секој ден поминат со вас ќе му биде како да живее во некоја романтична љубовна приказна, само без тажниот крај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар