Дознајте како кинеската година на Петелот може да ви донесе успех!

Дознајте како кинеската година на Петелот може да ви донесе успех!

2017 година ќе биде година исполнета со многу работа, но и успех. Па, какви се шансите на вашиот знак според кинескиот хороскоп? Дознајте која афирмација најмногу ќе ви одговара во оваа година на Петелот и започнете да ја практикувате секојдневно…

Дознајте како кинеската година на Петелот може да ви донесе успех!

Стаорец

Во семејството очекувајте нов брак, нова врска. Преку ноќ ќе ви се случуваат нови и убави работи. Чувајте се од прекувремената работа, бидејќи тоа може да го уништи вашето здравје.

Афирмација за вас: Силен/на сум и здрав/а! Ме исполнуваат животот и виталноста.

Бивол

Во оваа година очекувајте умерена среќа и успех. Очекувајте го и неочекуваното и бидете внимателни кому му верувате.

Афирмација за вас: Секогаш сум под божествена заштита на вишата сила.

Тигар

2017 година ќе ви донесе тензија и претерана анксиозност. Тешките проблеми, навидум ќе бидат решени. Помошта ќе ја добиете од неочекувани места и нови пријатели.

Афирмација за вас: Го живеам животот верувајќи им на луѓето.

Зајак

Треба да им посветите време на луѓето кои ви даваат поддршка и утеха. Кога ќе донесувате важни одлуки, определете се за поконзервативен пристап. Колку и да сте фрустрирани во одредени ситуации, проблемите сами ќе се решат.

Афирмација за вас: Какви и да се околностите, љубовта секогаш ме опкружува.

Змеј

2017 година ќе ви биде исполнета со среќа и најразлични друштвени настани. Очекувајте многу добри вести, унапредување, па дури и враќање на парите за кои сте мислеле дека се изгубени засекогаш. Ќе запознаете многу влијателни пријатели.

Афирмација за вас: Животот е убав.

Змија

Ова ќе биде многу успешна година за вас. Не само што ќе постигнете многу успех, туку и конечно ќе го добиете заслуженото признание и унапредување. Очекувајте награди за трпението и претходните искушенија. Конечно ќе можете да ги соберете плодовите од напорната работа.

Афирмација за вас: Животот е прекрасен секогаш кога чувствувам благодарност.

Коњ

Одлична година за вас. Односите во домот ќе ви бидат прекрасни, но на работа ќе ве очекуваат малку турбуленции. Се работи за некои мали проблеми, но Коњите обично реагираат нервозно и нетрпеливо.

Афирмација за вас: Исполнет/а сум со трпение, самодоверба и оптимизам.

Коза

Време е да се ослободите од големите очекувања и да бидете крајно практични. Оваа година ве очекуваат многу покани за разни среќни настани. Прифатете ги!

Афирмација за вас: Јас управувам со сопствениот живот и тоа го правам совршено.

Мајмун

Оваа година ќе ги добиете парите што ви се толку потребни. Искористете ги контактите за да ги спроведете плановите на дело, но не претерувајте со дружбите кои ќе ви наметнат преголеми обврски.

Афирмација за вас: Моите цели се јасни и позитивни, се фокусирам само на нив.

Петел

Време е за феноменално враќање на сцената. Ќе ги решите проблемите и ќе најдете поддршка за вашите идеи. Дури и од конфликтите ќе се извлекувате без негативни последици.

Афирмација за вас: Минатото е зад мене, ги паметам сите лекции и го привлекувам само најдоброто.

Куче

Во 2017 година ќе се соочите со сериозни предизвици. Фокусирајте се на вашето здравје и семејни односи. Професионалниот успех ќе ви зависи од трудот што ќе го вложите.

Афирмација за вас: Колку подлабоко верувам во животот, толку повеќе тој се менува.

Свиња

Уште една многу напорна година. Во домот односите ќе бидат мирни, но на професионален план ве очекува нестабилност. Сите препреки на кои ќе наидете ќе бараат повеќе напор, трпение и преговори.

Афирмација за вас: Секогаш кога ќе се соочам со препреки, ги надминувам благодарение на вербата дека сѐ ќе биде добро.

Доколку не знаете, дознајте кое животно сте според кинескиот хороскоп и прочитајте што да очекувате од себе оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар