Дознајте до кога ќе ве сака партнерот според неговиот хороскопски знак
Љубовта е нешто навистина прекрасно. Таа може да ја претвори и најмрачната енергија во светлина. Љубовта може да ја победи тагата, да го излечи срцето и да ги отвори портите на рајот. Сигурно сте ја чуле реченицата „Ќе те сакам до крајот на вечноста“. Па, до кога навистина ќе ве сака вашиот партнер? Што треба да се случи за неговата љубов кон вас засекогаш да исчезне? Хороскопските знаци можат да ви го откријат тоа…
Овен
„Ќе те сакам додека не ме предадеш!“
Животот на Овните е постојана битка. Тие се подготвени да се борат до последен здив. Кога ќе победат, им станува здодевно и бараат нова причина за кавга и борба. Овните сакаат да освојуваат. Доколку сте во врска со Овен, мора постојано да му дозволувате да ве освојува. На тој начин, тој никогаш нема да изгуби интерес за вас.
Бик
„Ќе те сакам додека не ми го скршиш срцето.“
Биковите се многу издржливи, така што ќе треба да направите нешто навистина ужасно за да им го скршите срцето. Но, кога ќе ја придобиете нивната доверба, доволен е само еден погрешен чекор за да се премислат. Немојте да ги повредите со тоа што ќе го навредувате нивниот дом или изглед. Најдете посуптилен начин за да ги критикувате.
Близнаци
„Ќе те сакам додека не ме надмудриш.“
Сакате да си играте умствени игри со Близнаците? Лоша идеја. Немојте да си играте со експертите за измама. Нивниот ум работи многу побрзо одошто мислите и вашите обиди да ги надмудрите ќе ви се вратат како бумеранг. Ако сфатат дека се обидувате да ги измамите, вашата врска ќе биде готова. Од тој момент па натака, тие ќе се обидат да најдат начин за да ве направат глупави.
Рак
„Ќе те сакам додека не ме напуштиш.“
Тие секогаш бараат рамнотежа во врските и откако ќе стекнат доверба во некого, подготвени се да му го подарат светот. Раковите се слатки, но посесивни. Немојте да ги изневерите. Емоционалната сигурност им е многу важна. Поради тоа, тие секогаш мора да се чувствуваат безбедно. Ќе ве сакаат додека не ги убедите дека не ја заслужувате нивната доверба и љубов. Доколку ги предадете, тие ќе почнат да се оддалечуваат и нема да можете да ги вратите назад.
Лав
„Ќе те сакам додека не ме направиш будала.“
Лавовите секогаш сакаат да оставаат добар впечаток, а во врските имаат потреба да се чувствуваат ценети. Не ги навредувајте, особено за нештата што им предизвикуваат несигурност или страв. Тие ќе ве сакаат додека не ја забележат вашата неблагодарност за сите работи што ги направиле за вас. Почесто давајте им комплименти. Лавовите ја обожуваат вистината, така што тие се свесни за сите нивни доблести и маани. Но, многу им пречи кога нивните сакани им ги „плескаат“ грешките во лице. Тие сакаат да ги прифатите такви какви што се.
Девица
„Ќе те сакам додека не почнеш да лажеш.“
Девиците се експерти за вистина и критика. Тие секогаш знаат што се случува и без престан го набљудуваат човечкото однесување. Ако почнете да ги лажете, ќе ги изгубите засекогаш. Девиците им веруваат на сите луѓе и нивното срце е полно со надеж, но многу лесно можете да ги повредите. Како последица на тоа, тие ја губат вербата во врската, особено ако забележат некои лаги уште на почетокот. Тие ќе ве сакаат додека не почнете да си играте со нивниот ум и не ги натерате да се сомневаат во секој збор што ќе го кажете.
Вага
„Ќе те сакам додека не почнеш да ми го нарушуваш мирот.“
Вагите секогаш се обидуваат да им стават мирен крај на караниците. Ако успеете да го нарушите нивниот ред, тие веднаш ќе ве заборават. Вагите се подготвени да направат сѐ што можат за да одржат врската во живот и никогаш нема да ви покажат директно зошто ви се лутат, но ќе почувствувате суптилна разлика во нивното однесување, додека не си заминат засекогаш. Никогаш немојте да им викате, не си ја барајте бељата и не им го нарушувајте мирот.
Скорпија
„Ќе те сакам додека не почнеш да криеш тајни од мене.“
Не сакате да ги налутите Скорпиите. Секогаш бидете искрени со нив. Тие можат да ја поднесат бруталната вистина, сѐ додека не скриете нешто од нив. Без оглед на вашите проблеми и недостатоци, Скорпиите ќе можат да ве сакаат ако сте искрени со нив. Никогаш не се обидувајте да ги измамите, бидејќи порано или подоцна ќе ги дознаат вашите лаги. Тие држат лутина и иако можеби ќе ви простат, никогаш нема да заборават што сте им сториле.
Стрелец
„Ќе те сакам додека не престанеш да ми даваш надеж.“
Се прашувате како да налутите Стрелец? Многу лесно! Почнете да им го уништувате расположението. Тие ќе ве сакаат додека не го изгубите вашиот оптимизам. Стрелците секогаш си поставуваат високи цели и ним им треба човек кој ќе верува во нивната визија и способност. Ако сакате да ги критикувате, направете го тоа на креативен начин. Сите поминуваат низ лоши периоди понекогаш. Дозволено ви е да бидете тажни, но немојте да ја убиете нивната надеж.
Јарец
„Ќе те сакам додека не се откажеш.“
Јарците знаат како да ги одржат врските во живот. Тие се многу искрени и топли. Но, доколку се откажете од вашиот живот, тие ќе престанат да ви се восхитуваат. Јарците се вљубуваат во луѓето на кои им се воодушевуваат на секој можен начин. Тие се многу трпеливи и не им пречат вашите маани, сѐ додека успевате да застанете на нозе и да се борите за вашиот успех. Само покажете им дека сакате да ги подобрите работите. Ако успеете да го сторите тоа, тие ќе ве сакаат до крајот на вечноста.
Водолија
„Ќе те сакам додека не почнеш да изгледаш како сите останати.“
Водолиите се заљубуваат во уникатноста на луѓето. Можеби вие не се гордеете со вашите необични особини, но токму тие ве прават посебни и поинакви од останатите. Прифатете ги вашите чудни квалитети и не заборавајте да ги негувате вашите таленти. Никогаш не престанувајте да ги воодушевувате со сите ваши слатки тајни поради кои се вљубиле во вас. Немојте да се менувате. Останете уникатни.
Риби
„Ќе те сакам додека не ме натераш да престанам со сонување.“
Рибите ќе ве сакаат додека не ја уништите вербата во нивните соништа. Никогаш не престанувајте да ги инспирирате со вашите нежни зборови и топло срце. Рибите се многу чувствителни иако делуваат ладно и мечтателно. Тие навистина понекогаш сакаат да се изолираат и да се дружат со самовили и волшебници и во ред е да ги потсетите дека треба да се вратат во вистинскиот свет, но никогаш не правете го тоа насилно. Почитувајте го нивниот замислен свет. Само така ќе ве сакаат до крајот на вечноста.
Во продолжение прочитајте како хороскопските знаци покажуваат љубов.