Диета според хороскопскиот знак
Автор: Моника Димитровска
Овој период е идеален за намалување на телесната тежина. Астрологијата идентификува четири основни вида во хороскопот според кои знаците се делат, а тоа се оган, земја, воздух и вода.
Доколку сте во период на слабеење, прочитајте како се врзува тоа за вашиот хороскопски знак според видот во кој спаѓа.
Огнени знаци – Овен, Лав, Стрелец
Огнените знаци брзо слабеат. Лесно се одлучуваат за држење диета, но тешко ја издржуваат докрај. Тие имаат најмал степен на виталност и енергија. Се препорачува да се одлучат за диета базирана на протеини, многу месо, без масло, со зеленчук и редовно да спортуваат за диетата да има ефект.
Ќе постигнат голем ефект доколку ја одржуваат диетата во летниот период.
Треба да избегнуваат зачинета храна и црвено месо.
Земјени знаци – Бик, Девица, Јарец
Ќе се држат строго до диетата и физичката активност сѐ додека не ги постигнат посакуваните резултати. Такви се земјените знаци, упорни, малку предвидливи и досадни, но покажуваат практични резултати и со својата тврдоглавост можат да симнат и дваесет килограми.
Се препорачува да јадат овошје, салати, зелје, варен зеленчук со зачини, природни и густи сокови, сирење, путер, нерафинирани житарици, супи и чаеви за слабеење кои имаат голем ефект кај нив.
Треба да избегнуваат тешки диети кои се базираат на протеини, сурова храна и газирани пијалаци.
Земјените знаци имаат потреба од исхрана што се базира на една кинеска поговорка: Појадувај сам, ручај со пријателот, а вечерај со непријателот.
Воздушни знаци – Близнаци, Вага, Водолија
Воздушните знаци лесно се стимулираат себеси доколку сакаат да ослабат или да почнат со физичка активност. Ги сакаат брзите диети, а најмногу јадат навечер.
Покрај потење во теретана, додека се придржуваат до одредена диета, на овие знаци им одговараат масажи, солариум и јога за да се релаксираат и да заборават колку им недостасува чоколадата.
Се препорачува да јадат лесно парен зеленчук, ореви, ѓумбир, јогурт, кефир и лук.
Треба да избегнуваат житарици, рафиниран шеќер и сурова храна.
Телесната тежина на овие знаци е превртлива како нивниот карактер.
Водени знаци – Рак, Скорпија, Риби
Водените знаци се чувствителни на нивната животна средина, и се подложни на вируси, габи и бактерии. За да ја постигнат посакуваната тежина способни се и да гладуваат со денови. Им одговара лесна кујна бидејќи имаат бавен метаболизам.
Се препорачува да јадат парен зеленчук, грав, риба, овошје, пченица, ориз, алги, млечни производи и природни шеќери.
Треба да избегнуваат мрсна храна, слатки, леб, сол, морков, целер и зелка.
Исто така треба да пијат многу вода.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.