Денес завршува ретроградната фаза на Меркур: Време е јасно да ги дефинираме нашите планови!

Денес завршува ретроградната фаза на Меркур: Време е јасно да ги дефинираме нашите планови!

Ако досега не можевте да решите одредени проблеми или не бевте сигурни како ќе се одвиваат некои важни ситуации за вас, дозволете енергијата на Меркур, чија ретроградна фаза завршува денес, да ви помогне. Еве на кој начин ќе ви влијае неговата енергија:

Денес завршува ретроградната фаза на Меркур: Време е јасно да ги дефинираме нашите планови!

  • Ќе ги решите старите недоразбирања.
  • Самите ќе имате можност да одлучите за одредени работи.
  • Ќе го споделите со другите она што долго време го носевте во себе.

Време е да го оставите зад себе минатото и јасно да ги дефинирате целите што сакате да ги постигнете. Конечно ќе го имате разговорот што го одложувавте толку долго. Веќе немате изговори зошто нешто не функционира… Ако сакате да се промените, сега е вистинското време за почеток.

Прецизирајте ги вашите цели. Ако станува збор за работа, јасно дефинирајте каква работа би била, работното време, работната средина, условите за работа и платата. Можете да го сторите истото ако сакате и нова љубовна приказна.

Ова е всушност идеално време кога вашите цели и плановите за иднината можат да ви станат појасни, па одвојте време да размислите за нив. Освен тоа, не заборавајте дека упорноста може да ви донесе успех. Доволно е да не ги заборавите вашите приоритети!

Откако прочитавте како ќе ни влијае Меркур денес, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар