Денес завршува ретроградната фаза на Марс: Време е да се оди напред!

Денес завршува ретроградната фаза на Марс: Време е да се оди напред!

Денес Марс конечно ја завршува својата ретроградна фаза, а тоа значи дека имаме одлична можност да го промениме она што ни претставувало проблем во минатото – начинот на кој сме постапувале, размислувале и комуницирале… Ако продолжиме како досега, ќе биде уште потешко. Затоа, анализирајте се себеси и откријте што е тоа што ве кочи. Насочете го вашиот фокус кон тој аспект од вашиот живот и обидете се да се промените.

Денес завршува ретроградната фаза на Марс: Време е да се оди напред!

Денес конечно завршува ретроградното движење на Марс кое започна уште од 30 октомври минатата година. Време е да се оди напред!

Новата енергија, мотивацијата и волјата за дејствување ќе ни овозможи полесно да почнеме да го остваруваме планираното.

Така, ќе ги добиеме потребните информации кои ќе бидат неопходни за дополнително разбирање, разјаснување и донесување одлуки за во иднина. Времето на неизвесност е зад нас.

Можно е овој процес да трае малку подолго. Го чекаме и Меркур да ја прекине својата ретроградна фаза на 18 јануари, а Уран на крајот на месецот за сликата да биде целосна. Сепак, не очекувајте чудесни решенија доколку не одлучите да се промените.

Постои голема веројатност дека во средината на март нè очекува важна промена. Затоа, искористете го овој период за да учите и да се усовршувате со цел оваа промена да биде стимулативна и позитивна за вас.

Откако прочитавте како ќе ни влијае Марс во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се промени со завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар