Денес е зимската краткодневица: Научете да ја гледате поголемата слика!

Денес е зимската краткодневица: Научете да ја гледате поголемата слика!

Зимската краткодневица е идеален момент за да застанете за миг и да размислите за животот како и за насоката во која посакувате да се движите. Време е да се одморите, да ги преиспитате вашите приоритети и да размислите дали тие се усогласуваат со вашите верувања, особено во оваа фаза од вашиот живот.

Денес е зимската краткодневица: Научете да ја гледате поголемата слика!

Зимската краткодневица го означува времето кога аксијалниот наклон на Земјата е најоддалечен од Сонцето. На северната полутопка овој ден го означува почетокот на зимата, а на јужната полутопка почетокот на летото.

За време на зимската краткодневица доминираат последните три знаци од зодијакот: Јарец, Водолија и Риби. Овие знаци се обидуваат да го обединат општеството во една целина која се стреми кон обезбедувањето опстанок за сите. Јарецот се карактеризира со практичност чија цел е физичкиот опстанок на сите кои се вклучени. Водолијата пак, се шири надвор од непосредниот круг за да го вклучи човештвото како целина. Овој знак се карактеризира со објективност и им покажува на другите како да соработуваат со цел да се постигне кохезија. Рибите од друга страна, се издигнуваат на поголемо духовно ниво и бараат благослов за себе и за другите.

Овој период е идеален за вашиот внатрешен раст па затоа добро би било да се посветите на медитација и молитва што ќе ви помогне да се поврзете со универзумот и да ја претворите неговта енергија во утеха и поддршка.

Астролозите ви препорачуваат да поминете малку време сами со себе за да можете подобро да го организирате вашето време и вашите животни приоритети. Размислете за важните цели што сте ги оствариле досега но и за целите што би сакале да ги постигнете наредната година. Не заборавајте дека времето е сè во животот и дека не треба да го прекинувате природниот тек на нештата. Само на тој начин ќе ги остварите вашите цели.

Откако дознавте за значењето на зимската краткодневица од астролошки аспект, ви предлагаме да прочитате за тоа како сите желби на ноќта на зимската краткодневица ќе ви бидат исполнети.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар