Денес е полна Месечина – што треба да правите за да бидете среќни?

Денес е полна Месечина – што треба да правите за да бидете среќни?

Астролозите ви даваат препораки како најдобро да ја искористите денес енергијата на полната Месечина!

Денес е полна Месечина - што треба да правите за да бидете среќни?

Што е тоа што ве кочи? Дали се чувствувате заробени во кафез, осамени и без ничија поддршка? Светлината на полната Месечина денес во знакот Водолија ќе ви помогне да ги промените нештата во вашиот живот. Станува збор за промени во однос на слободата и независноста што честопати самите си ги ускратувате. Така, секој ден се повторуваат истите работи, а вие постојано се жалите на истите нешта и наидувате на истите пречки одново и одново.

Сега е време да се соочите со сето она што ви ја исцрпува енергијата и да го промените тоа. Така, ќе сфатите дека знаењето и искуството играат голема улога во животот. Освен тоа, неопходни се и дисциплината и волјата да се борите за себе и да си создадете простор за љубов, за подобра работа, за поголема заработка, за подобрување на односите со другите. Никој не може да го направи тоа наместо вас. Вие сте тие што одлучувате, избирате и создавате.

Енергијата на оваа полна Месечина ќе биде интензивна од многу аспекти. Така, ќе се чувствувате растргнати меѓу минатото, она за кое што се држите со сите сили бидејќи сметате дека не можете подобро, и иднината. Ќе можете подобро да го видите минатото, но и ќе го почувствувате здивот на подобрата иднина.

Во моментов се наоѓате на крстопат. Можете да останете тука и да продолжите да се жалите на животот, луѓето и околностите. Но, знајте дека на спротивната страна ве очекува нов живот. Живот на нови можности и поголема свесност. Затоа, ослободете се од сето она што ве турка надолу. Не обвинувајте се себеси и побарајте прошка доколку е тоа потребно. Отфрлете го туѓиот товар.

Размислете за искуството кое веќе го поседувате. Што ви кажува? За многумина од вас ова би можело да биде клучен момент оваа година, пресвртница која ќе ви помогне да носите подобри одлуки во иднина.

Згора на тоа, не заборавајте дека не сте сами. Помирете се со минатото и сонувајте за подобра иднина, а најважно од сè, живејте овде и сега.

Откако прочитавте како да ја искористите енергијата на полната Месечина, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци во август.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар