Дали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми?

Дали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми?

Овие денови, често може да слушнете дека ретроградниот Меркур е причината за тоа што на повеќето луѓе ништо не им оди како што треба. Астролозите наведуваат дека за време на ретроградниот Меркур се појавуваат поранешните партнери, комуникацијата е отежната и сè оди надолу во овој период.

Дали сте меѓу оние хороскопски знаци на кои ретроградниот Меркур нема да им донесе проблеми?

Оваа година има три периоди на ретроградно движење на Меркур, а последниот завршува на 3 ноември, кога сè конечно треба да се подобри.

Што е ретрограден Меркур?

Ретроградниот Меркур претставува привидно движење на Меркур во спротивна насока. Иако станува збор само за оптичка илузија, астрологијата вели дека таквото привидно движење на првата планета до Сонцето им го отежнува животот на сите.

Речиси на сите.

Постои група луѓе за кои овој период ќе биде најдобриот во годината. Тоа се луѓето кои се родени во ретрограден Меркур. Ако сте меѓу оние 25 проценти од среќниците, ретроградниот Меркур не може да ви направи ништо.

Пребарајте го на Интернет движењето на Меркур во годината на вашето раѓање и ако вашиот датум е обележан со „RX“, тоа значи дека сте родени во ретрограден Меркур и дека вие се чувствувате најдобро кога животот на сите други им е хаос.

Прочитајте на кои хороскопски знаци ќе им донесе невидена среќа втората половина на октомври.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар