Чудесни и свои: Жените родени во овој хороскопски знак се секогаш чекор пред сите
Чудесни, непредвидливи, слободоумни, мирољубиви, откачени, ексцентрични, искрени, забавни и оригинални – сите овие зборови ги опишуваат припадничките на овој хороскопски знак. Па, за која мистериозна дама се работи?
Секако дека за Водолијата! Жените Водолии се интелигентни, женствени и нежни, но на свој посебен начин. Никогаш не обидувајте се да им наметнете строги правила и не очекувајте да го прават она што не им е по волја. Тие секогаш ќе останат оригинални и свои.
Жените Водолии се привлечни, затоа што се спонтани и непредвидливи. Не важат стереотипите за нив и никогаш не се вклопуваат во општествените правила и норми. Освен тоа, тие се многу хумани и нивното големо срце е секогаш подготвено да помогне, без разлика дали станува збор за финансиска, емотивна или некаков друг тип помош. Сакаат да напредуваат, но им пречат промените на лично ниво. Многу се поврзани со нивното минато и спомените кои ги чуваат како најголемо богатство.
Како ќе препознаете жена родена во знакот Водолија?
Тоа нема да ви биде никаков проблем, бидејќи Водолиите со нивниот надворешен изглед веднаш ќе ви дадат до знаење дека не сакаат слепо да ги следат трендовите. Тоа не значи дека не се модерни, туку дека секогаш го дополнуваат нивниот изглед со детали кои им помагаат да се издвојат од толпата. На нив можете да видите откачен шешир, необичен шал или уникатна тетоважа на посебно место.
Водолиите имаат суптилна насмевка, спуштени очи, привлечен мал нос, силна вилица, дупчиња на образите, мека кожа, густа коса и грациозен став. Не ја негуваат нивната женственост во целост, дури понекогаш знаат да заличат на момчиња, но нивниот андроген изглед ги прави уште поуникатни. Обично се витки и високи иако вратот може да им биде пократок и поширок. Нивните очи зрачат, но честопати имаат сериозен израз на лицето. Гласот им е чист и артикулиран. Меѓутоа, без оглед на тоа како изгледаат однадвор, жените Водолии секогаш се задоволни и уживаат.
Водолиите се препознатливи по нивните драстични промени во стилот. Еден ден ќе ги видите со светло розова коса и ќе носат ексцентричен накит, како на пример пирсинг на лице, а веќе наредниот ден ќе се облечат во сериозно деловно одело и косата повторно ќе им биде во нормална боја. Добро им стојат парчиња облека што навидум не можат да се спојат во комбинација. Во нивниот орман секогаш ќе најдете авангардни парчиња, а фризурите што ги претпочитаат честопати се шик и неконвенционални.
Најдобро им стојат светли и весели бои, како на пример морско сина, тиркизна, јако розова и смарагдно зелена. Водолиите секогаш купуваат брендови кои не ги тестираат производите на животни, а понекогаш се обидуваат сами да си ја произведат шминката и козметиката.
Кога одат во шопинг, никогаш не прават листа на работи што треба да ги купат, туку го купуваат тоа што ќе им фати око. Тие не ги сакаат големите шопинг центри, туку малите локални дуќани во кои можат да најдат винтиџ парчиња и да направат уникатни модни комбинации. Со задоволство одат на шопинг со другарките, но тоа го прават за да поминат време во добро друштво, а не за да купат нешто.
Независноста на жените Водолии
Вистинската независност на жените Водолии ќе ја видите дури откако ќе ги запознаете малку подобро. Тешко дека ќе најдете толку искрено пријателство со другите хороскопски знаци. Ако не им се допаѓате, веднаш ќе ви го дадат тоа до знаење, но доколку ве засакаат, ќе стекнете пријател кој секогаш ќе биде тука за вас, без оглед на сѐ. На мажите кои сакаат да го освојат срцето на Водолиите ќе им препорачаме да заборават на излитените фрази што секогаш „палат“. Припадничките на овој знак се интелигентни и проникливи, па нивниот аналитички ум веднаш ќе ги препознае лагите што сакате да им ги наметнете. Најдобро би било уште од самиот почеток да бидете искрени и да настапите со отворено срце.
Љубовниот живот на жените Водолии
Љубовните врски со жените родени во овој знак речиси никогаш не се како лесна пловидба по мирно езеро, туку најчесто се како борба со речни вртлози. Брзо им здосадуваат монотонијата и рутината, па затоа секогаш предлагаат нови работи и предизвици. Фантазирате за бескрајно мирни вечери пред телевизискиот екран? Во тој случај, најдобро би ви било да си побарате партнерка на друго место.
Жените Водолиите се верни и искрени во љубовта иако тоа нема да го нагласуваат со лигавење и нема да глумат нежни принцези. Запомнете дека тие многу ја ценат својата слобода и секогаш ќе настојуваат да задржат барем дел од времето или просторот за себе, а истата слобода им ја даваат и на нивните партнери. Сепак, немојте нивната слободоумност да ја сфатите како зелено светло за екскурзии на страна, бидејќи Водолиите ги ценат традиционалните вредности и покрај тоа што се неконвенционални.
Идеални партнери за Водолиите се Вага, Близнаци, Стрелец и Овен. Дајте им доволно интелектуална стимулација и дозволете им да се почувствуваат слободни, а тие ќе ви возвратат со страст и верност. Не е лесно да се биде со жена Водолија, но дефинитивно се исплати на крајот!
Жените Водолии и пријателството
Додека се шетаат, Водолиите многу често застануваат за да се поздрават со луѓето кои ги познаваат. Токму затоа, можеби ќе ви делува дека ним сите им се пријатели, но всушност се работи за познајници и драги луѓе кои ги сакаат, бидејќи Водолиите со сите остануваат во добри односи. Пријателите кои ќе успеат доволно да им се приближат се во многу мал број и можат да се избројат на рака. Водолиите се малку резервирани кога се работи за нивните чувства, па затоа имаат многу тесен круг на вистински пријатели.
Припадничките на овој знак се великодушни и пожртвувани за нивните пријатели. Водолиите другаруваат со оние кои ја делат нивната љубов кон независноста и интелектуалните богатства. Бидете среќни доколку имате Водолија во вашиот живот, бидејќи таа секогаш ќе знае да ви ги каже вистинските зборови и да ве утеши. Водолиите се навистина единствени, зар не?
Прочитајте ги и следниве 10 работи што треба да ги знаете за Водолиите во вашиот живот.