Брутално искрен јунски совет за секој хороскопски знак
Понекогаш е навистина тешко да се соочиме со нашите недостатоци. Не сакаме да ги послушаме советите од луѓето кои само сакаат да ни помогнат. Овој месец променете го тоа. Астрологијата може да ви помогне да сфатите кој аспект од вашето однесување треба да го смените за да бидете навистина среќни. Па, прочитајте го најискрениот совет што ви е потребен за овој месец според вашиот хороскопски знак.
Овен
Импулсивното делување можеби прави да се чувствувате добро во моментот, но долгорочните последици често не вредат. Брзите одлуки можат да ве чинат вашата врска, да ви ја уништат кариерата и да ја нарушат почитта што ја имате кон себе. Овој јуни посветете внимание на сè што работите. Научете како да забавите и слушајте ги вашите срце и ум. Кога ќе ја пронајдете рамнотежата помеѓу нив, ќе го најдете успехот или барем мирот што ви е потребен.
Бик
Работите ќе се измешаат а вашата тврдоглавост нема да ви биде од помош. Флексибилноста никогаш не ви била силна страна. Секој што поминал 5 минути со вас го знае ова. Овој месец подобро е малку да се прилагодите бидејќи отпорот ќе биде само залуден обид да го смените неизбежното. Дозволете му на она што треба да се случи да се случи и уживајте.
Близнаци
Поголемиот дел од овој месец е ваша сезона. Нештата ќе бидат навистина интересни за вас и за луѓето околу вас. Внимателно одбирајте со кој ќе го поминувате вашето време. Често не се согласувате со чувствата на другите, па јуни е време да го контролирате тоа. Никој не сака дволичност. Обидете се да откриете кого навистина го сакате, без кој не можете и држете се до тие стандарди. Поминувањето време со погрешни луѓе може да се претвори во вистинска катастрофа.
Рак
Престанете да очекувате сите да знаат што размислувате или што ви е потребно, никој не може да чита мисли. Искористете ги вашите зборови и кажете што сакате од партнерот, семејството и пријателите. Престанете да се плашите од конфликтот и од нештата што прават да се чувствувате неудобно.
Лав
За жал, вистината е дека не може сè постојано да биде по ваше. Со тоа што сакате да им наредувате на другите често ги бркате од вас. Во јуни обидете се да слушнете што имаат другите да ви кажат. Луѓето во вашиот живот сакаат да споделуваат добри нешта со вас, а кога премногу сте фокусирани на вашите мислења го спречувате вашиот развој. Замолчете, ислушајте и можеби ќе научите нешто важно.
Девица
Не сте совршени. Никој не е совршен. Престанете да ги третирате луѓето како проекти и научете дека можете да ги поддржувате, но не можете да ги претворите во нешто што не се. Секој има свои ограничувања, а овде спаѓате и вие. Обидете се да ги сакате луѓето онакви какви што сте, со сите нивни недостатоци. Ќе се чувствувате многу подобро.
Вага
Понекогаш ќе ви биде потребна повеќе забава од другите, а понекогаш вие ќе треба да направите нешто за нив. Сите сме на различни патишта, а патот на некој е потежок од вашиот. Престанете да биде нетрпеливи ако некој друг доминира во разговорот и не барајте повеќе поддршка од она што ви е потребно.
Скорпија
Можете да бидете навистина посесивни, зарем не? Престанете со тоа. Не можете да ги контролирате сите, без разлика колку го сакате тоа. Дозволете им на пријателите да прават грешки без да им држите лекции дека требало да ве слушаат. Дозволете му на партнерот да има свој живот и престанете да очекувате сè да се одвива по вашиот план. Животот постојано се менува, нештата еволуираат и не можете да направите ништо за да го спречите тоа. Затоа прифатете го.
Стрелец
Вашата расеаност нема да ви биде од корист овој месец, како што не ви користела и досега. Вистинско лудило е да правите едно исто одново и одново, а да очекувате различни резултати. Зошто да избрзувате со одлуките кога знаете дека тоа нема да промени ништо? Вдишете длабоко, забавете, размислете добро и погледнете како ќе ви се подобри животот. Можеби нема да биде толку возбудливо, но тоа е во ред.
Јарец
За што и да се држите, заборавете го. Без разлика дали станува збор за грешка од пријателот, раскинување, расправа со партнерот и слично. Заборавете. Кога се држите за минатото само го повредувате вашето его и си го кршите срцето. Има многу подобри нешта каде што можете да ја насочите вашата енергија.
Водолија
Време е да го спуштите вашиот штит. Луѓето можат да ве повредат, животот е страшен и емоциите се тешки. Но, сето ова е дел од тоа да се биде човек. Немојте да бидете кукавици. Научете да кажувате кога ќе ве повредат, кажете му некому дека го сакате и направете другите да го слушнат вашиот глас. Вашите мисли и чувства се важни.
Риби
Научете повеќе да зависите од себе. Престанете да барате одобрување од другите и научете да го правите тоа самите за себе. Дозволено е да се чувствувате добро во врска со себе без нечие одобрување. Нема потреба сите да ве сакаат. Престанете да ги бркате луѓето кои не сакат да бидат бркани и сепак сакајте се. Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за себе.
Дознајте и кои се хороскопските знаци чии желби ќе се исполнат ова лето.