Бруталната вистина за тоа како изгледа да љубите Стрелец

Бруталната вистина за тоа како изгледа да љубите Стрелец

Не е тајна дека Стрелците се едни од најпривлечните знаци во зодијакот. А тие многу добро знаат да го користат, па дури и да го злоупотребат тоа. Со нив ви е гарантиран цел спектар на емоции, постојани изненадувања, но и многу страсти. Љубовта кон Стрелецот ќе ве опие, но ќе биде и токсична. Ако љубите Стрелец, сигурно ви се познати овие брутални вистини.

Бруталната вистина за тоа како изгледа да љубите Стрелец

Недоследни се

Еден ден сакаат да научат програмирање. Следниот ден пак забораваат на тоа и сакаат да го уредуваат својот дом. Стрелците сакаат многу работи, но проблем е што им фали време. Тие се навистина сестрани луѓе. Ако сакате Стрелец, ќе ги сакате и сите негови способности.

Секогаш се шегуваат

Стрелците никогаш не ја испуштаат можноста да се пошегуваат. Понекогаш се шегуваат на своја, но понекогаш и на туѓа сметка. Дури можат да ги преземат и туѓите внатрешни шеги. Тие имаат навистина чудна смисла за хумор. Поради ова треба да размислите дали ќе можете да го поднесете тоа.

Не се многу флексибилни

Многу е тешко дека ќе го убедите Стрелецот да оди некаде со вас ако го поканите во последен момент. Ако тој веќе планирал да седи дома и да гледа телевизија, речиси е невозможно да му го промените планот. Стрелците уживаат во самотијата и во врската со себе, па нема многу простор за непланирани активности. Тие се многу независни и немојте да очекувате да го прилагодуваат нивниот распоред со вашиот.

Многу филозофираат

Понекогаш дури и премногу. Стрелците ги сакаат длабоките теми, па слободно прескокнете ги празните разговори со нив. Кои се вашите најдлабоки и најтемни желби? За што сонувате? Кои се вашите најголеми стравови и зошто? Ако се забавувате со Стрелец, подгответе се за вакви прашања. Подобро за вас е да уживате во нив и да имате подготвен одговор. Ако се плашите од овие разговори, не сте подготвени за врска со Стрелец.

Не мислат на другите

Не постојано, но се случува Стрелците да не обрнат внимание на туѓите чувства. Може да не размислат пред да кажат нешто и да ја направат ситуацијата непријатна. Сепак, овие луѓе живеат во моментот и какво искуство и да имаат, за нив е позитивно.

Брзо преболуваат

Стрелците без проблем тргаат луѓе од нивниот живот и никогаш не погледнуваат назад. Никогаш не би биле во врска со личност која сметаат дека не е доволно добра за нив или личност која се обидува да им наметне став или мислење. Стрелците знаат што е правилно, а што погрешно, а ако тоа не се совпаѓа со вашите ставови нема да трошат време на вас.

И покрај сè, тие се оптимисти

Стрелците се слободни и единствениот совет кој би го послушале е оној што си го дават самите: Следи го своето срце. Кога ќе се вљубите во Стрелец, подгответе се да ве грее неговото сонце кое понекогаш знае и да каса. Можеби тоа нема да ви се допаѓа секогаш, но тие само се трудат да најдат нешто добро во секоја ситуација, дури и во расправиите кои ќе бидат чести.

Погледнете и зошто треба да имате барем еден пријател роден во знакот Стрелец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар