Близнаци: Родени за да излудат и за никогаш да не бидат заборавени!

Близнаци: Родени за да излудат и за никогаш да не бидат заборавени!

Првата асоцијација што луѓето ја имаат за Близнаците е дволичноста. Сепак, секој од припадниците на овој знак ќе ви каже дека тие не се дволични, туку само се многу комплекси, бидејќи брзо и лесно ги менуваат мислењата и чувствата.

1-bliznaci-rodeni-da-izludat-i-nikogash-da-ne-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Променливоста е вистинскиот збор за овој двоен знак. Изразити и остроумни, Близнаците претставуваат две различни страни на личноста и никогаш нема да бидете сигурни со која ќе се соочите. Од една страна тие може да бидат друштвени, комуникативни и подготвени за забава, додека од друга страна овој воздушен знак е замислен, сериозен, немирен, па дури и неодлучен. Двата Близнаци се способни добро да се прилагодат на животното опкружување, поради што е прекрасно да ги познавате. Ништо не е досадно кога Близнаците се во главна улога.

Како воздушен знак, Близнаците се окупирани со сите аспекти на умот. Како и другите воздушни знаци, Вагата и Водолијата, така и тие имаат потреба да го користат својот ум не само за идеи, туку и за истражување на светот околу себе. Близнаците мора да си поставуваат животно комплицирани прашања за да се развиваат и растат – во спротивно стагнираат.

2-bliznaci-rodeni-da-izludat-i-nikogash-da-ne-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Овие личности се водени од планетата Меркур која ја претставува комуникацијата, пишувањето и учењето. Оваа планета се движи брзо, што понекогаш значи дека вниманието на Близнаците е доста кратко. Заљубени се во зборовите и идеите, па морате да го ставите прстот на челото доколку сакате да одржите чекор со толку љубопитен знак. Ги фасцинира скоро сѐ за светот и имаат чувство како да немаат доволно време да го искусат сето она што сакат да го видат. Тоа ги прави одлични уметници, писатели и новинари.

Понекогаш, луѓето родени во овој знак имаат чувство дека им недостига другата половина, па ја бараат во пријателите, менторите или соработниците. Најчувствителните делови од телото на овој знак се рацете, рамената и белите дробови. Близнаците мора да обрнат поголемо внимание на овие области и да се погрижат да ги заштитат. Белите дробови би требало да им се отворени и слободни за тие да можат да уживаат во среќата и долгиот живот.

3-bliznaci-rodeni-da-izludat-i-nikogash-da-ne-gi-zaboravite-www.kafepauza.mk_

Затоа што Близнаците се толку сестрани и љубопитни, важно е да не преземаат повеќе отколку што можат. Секако, тие сакаат да искусат сѐ што постои, но тоа не може да го прават ако се болни или уморни. Предизвиците се создаваат кога Близнаците не можат да останат верни на една идеја, верување или личност. Наместо да ја трошат својата енергија, подобро е да останат концентрирани на најважните работи.

Се заљубувате во Близнаци? Прочитајте што ве очекува во врската со овој будалест знак!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар