Близнаци и девица – пријателска комбинација
Доколку близнакот почувствува инстантна блискост со девицата, тоа е така најверојатно бидејќи двата знака се предводени од планетата Меркур. Овие двајца се големи интелектуалци кои уживаат да дискутираат за добри книги, политика и за тековните настани во земјата и во светот. Пристапот на близнакот кон овие теми е понепристрасен, за разлика од девицата која сè си зема при срце, што понекогаш може да создава малку напнатост во нивното пријателство. Близнакот треба да биде внимателен кога се шегува на сметка на девицата, бидејќи девицата може да се навреди.Понекогаш преголемата загриженост на девицата знае да му иде на нерви на близнакот, додека неговата несериозност може да ја полуди девицата. Сепак, поголемиот дел од времето овие двајца уживаат во другарството.
Девицата е сериозна и стабилна, а близнакот е весел, површен и променлив. Девицата сака да работи со опипливи објекти, додека близнаците сакаат да се справуваат со замислени концепти. Внимателната девица сака да ги држи картите блиску до себеси, за никој да не ѝ ги види, а близнаците јавно ги покажуваат и демонстрираат своите емоции. Всушност, разликите на двата знака е она што ги спојува. Девицата ја обожува духовитоста на близнакот, додека близнакот се восхитува на способноста на девицата да ги решава проблемите.
Двата знака уживаат да планинарат и да пешачат, бидејќи девицата ужива во природа, а близнакот сака да истражува. Овие двајца пријатели можат да уживаат во набљудување птици или во активности како плетење или изработување предмети од глина. Исто така и обата пријатели уживаат во статистички податоци, па така и берзата би била забавна активност за нив. Пишувањето кратки раскази, исто така може да биде дел од заедничките активности.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.