Бик и лав – пријателска комбинација
И покрај тоа што бикот и лавот се многу различни карактери на луѓе, тие сепак имаат многу моќна меѓусебна конекција. Прво и основно, обата знака сакаат фини нешта во животот, како на пример вкусна храна, убави алишта и прекрасно опкружување. Второ, двајцата се практични и добро организирани личности. Трето, двајцата се многу креативни луѓе.За бикот, нема подобар пријател од лавот за посета на некој интересен музеј, бидејќи лавот навистина ги почитува сите форми на уметност. Ваквите заеднички интереси можат да го одржат пријателството помеѓу овие два знака, на долг рок. Сепак, тие треба да поработат и на спречување нивните разлики да дојдат до израз, кои можат да придонесат за распаѓање на овој однос. Бикот треба навистина да се труди да го игнорира егоистичното однесување на лавот, а тој за возврат треба да намали со критиките за штедливото живеење на бикот. Овие два знака можат да ги надминат своите разлики, преку впуштање во заеднички интереси како дигање тегови, сликање и одење на пикник.
И покрај тоа што овие двајца пријатели имаат многу различен стил, тие сепак имаат многу заеднички работи. Двата знака обожаваат луксуз и се екстремно лојални. Исто тие се луѓе кои се жедни за љубов. Бикот секогаш е тврдоглав, додека лавот секогаш сака да е во центарот на вниманието. Доколку овие два знака успеат да ги игнорираат своите слабости, можат да си поминуваат одлично дружејќи се. Потајно, лавот сака да ја има способноста на бикот за штедење пари, додека бикот потајно посакува да се носи модерно како лавот. Овие пријатели можат заедно да уживаат играјќи голф, одејќи на шопинг или јадејќи во познати ресторани.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Hahahahahhahahahhaha