Бик и бик – љубовна комбинација
Кога двајца бикови се во љубовна врска, тие формираат една сензуална и стабилна конекција која ги задоволува до бескрај. Постојат две работи кои биковите ги ценат повеќе од сè друго во љубовните врски: покрај верноста, обожаваат јадење вкусна храна и високо ги вреднуваат удобните нешта во животот. Љубовните партнери со хороскопски знак бик, меѓусебно сакаат да се разгалуваат и да се облеваат со разни подароци и луксузи, бидејќи живеењето раскошен живот е потреба која длабоко ја чувствуваат во нив.Двајцата партнери се шармантни, грациозни и достоинствени личности. Тие, исто така, знаат да бидат многу тврдоглави и аргументативни, а во одредени ситуации, љубоморни и посесивни. Генерално, сите бикови мораат да сфатат дека не секогаш мора да се сложуваат со нечие мислење. Ќе им биде полесно и попаметно доколку премолчат и си ги задржат ставовите за себе. Ова особено се однесува на оние парови во кои двајцата партнери се бикови. Тие мораат да забележат дека нивната врска е премногу добра, за да си дозволат да ја уништуваат со некои минорни обиди за докажување кој е во право, а кој во криво.
Биковите се благословени со цврста волја и чувствување обврзаност во љубовните врски. Тие го обожаваат оној сладок процес на додворување на почетокот на врските, така што градењето на нивната врска би требало да се движи во вистинската насока. Биковите немаат тенденција да „влетуваат“ во љубовна врска, а кога еднаш ќе се „врзат“, таа врска е цврста и можеби доживотна. Кога два бика се во љубовна врска, тие очекуваат огромна посветеност на неа од страна на нивниот партнер, па ако нивното очекување не биде исполнето, може да дојде до израз посесивноста како нивна карактерна особина. Ништо не може да ги вознемири овие љубовници, повеќе од искусување неверство од страна на нивниот партнер. За среќа, биковите се многу посветени еден на друг и на нивната врска и се луѓе на кои секој може да се потпре, па неверството е навистина ретка појава кај нив.
Бикот е предводен од Венера, планетата на љубовта. Кога двајца луѓе кои ја имаат енергијата на Венера, стапуваат во врска, тоа дефинитивно може да биде љубов на прв поглед. Биковите се многу романтични, нежни и полни со љубов и ним никогаш не им досадува од физичкиот контакт и разменување допири со нивниот/та љубен/а. Тие имаат навистина голема кондиција кога станува збор за сексот. Доколку би немале други обврски во животот, тие би воделе љубов цел ден, цела ноќ и денот потоа…
Емоционалната сигурност им е многу важна на биковите, но кога еднаш ќе се осигурат дека ја имаат, овие партнери стануваат безволни и тешки за задоволување. Тие имаат тенденција да постанат мрзливи, релаксирани повеќе отколку што самиот момент го дозволува тоа, но во основа сакаат да работат напорно за да можат да си го обезбедат луксузниот начин на живот кој тие го преферираат.
Бидејќи биковите се големи љубители на убавата храна, удобниот лежерен начин на живот, не би било лоша идеја тие редовно да вежбаат фитнес вежби, кои ќе им помогнат да го намалат вишокот килограми, кои имаат тенденција брзо да ги качат.
Бикот е фиксен знак, а кога двајцата партнери се родени во овој знак, тие се многу настојчиви и упорни кон реализација на нивните поставени цели. Тие секогаш си се држат до нивниот став и ако почнете да им се спротивставувате, најверојатно ќе ја изгубите битката. Овој знак најчесто избегнува какви било промени во животот и преферира да му биде стабилен, предвидлив и постојан.
Доколку еднаш нивните мозоци сфатат дека врската им е од оние „добрите“, биковите ќе се посветат максимално еден на друг и ќе се сакаат можеби до крајот на нивните животи. Но, доколку нивните идеи се разликуваат, тие имаат тенденција да навлезат во бескрајна војна на желби и очекувања. За да ги надминат ваквите препреки, партнерите треба да сфатат дека тие тежнеат кон остварување на заедничка цел, а тоа е нивната обострана среќа, и каква било диспропорционалност во нивните идеи не смее да ја наруши таа хармонија. Кога тоа ќе се случи, моќта која ја поседуваат како пар, ќе нема граници.
Најдобриот аспект од љубовната комбинација бик-бик е неверојатната лојалност и посветеност на партнерите еден на друг, како и нивната енергија и волја да ја тераат врската на „долги стази“. Нивната заедничка љубов кон романтиката и комфорот, ја прават нивната врска многу цврста и долготрајна.
moze li za bik i za lav ?
me interesira konkretno za strelec-zena i bik-maz
Bik i bliznaci koga ?
Bik – Lav me interesira …..
Bik -Lav ….me interesira …
bik i lav gluposti
Prekrasno…poubava kombinacija ne moze da postoi !