Атрактивните Ваги и нивните љубовни ултиматуми
Вагите се познати по љубовните врски, па затоа тие се најдобрата верзија од себе кога имаат партнер со кого можат да го делат својот живот. Како романтични идеалисти, тие скитаат по Земјата барајќи го совршениот пар. Всушност, Вагите се способни и со години да ја чекаат вистинската личност, оставајќи ги семејството и пријателите да се запрашуваат дали воопшто постои некој што би можел да ги шармира. Сигурно и вие што сега читате, сте си го поставувале истото прашање…
Атрактивните Ваги се под влијание на планетата Венера. Со своите острина, префинетост и стил, тие имаат многу обожаватели. Многу Ваги имаат балансирани црти и карактеристики, како и слатки дупчиња на образите. Средувањето е многу важно за овие личности, па затоа очекуваат и нивните партнери постојано да бидат тип-топ. Со оглед на тоа што Вагите обожаваат да излегуваат, големи се шансите дека ќе ја запознаат својата вистинска љубов на некоја забава или кој било друг социјален настан што вклучува дотерување.
Во нивната природа е постојано да бараат баланс и поради таа причина, клучно е да ги одбираат партнерите мудро. Иако одвреме-навреме знаат да бидат меки, тие исто така знаат и како да се заштитат од оние што само сакаат да ги искористат. Вагите обожаваат еднаквост и фер односи, па затоа потребно е да имаат крај себе отворен ум со истите вредности. Тие исто така сакаат да бидат и со страсна личност, но не премногу нападна во своето однесување. Нивната нежна страна не може да се справи со наметлив карактер.
Вагите мразат да бидат брзани, па затоа понекогаш им се потребни и години за да се посветат на една личност, без разлика на емоциите. Тие постојано одат напред-назад, прашувајќи се дали ја избрале совршената личност за нив или можат да најдат нешто подобро. Но и покрај тоа што се бавни при носење на оваа одлука, откако ќе се решат за нив постојат само две опции – брак или раскинување на врската. Па, доколку имате Вага крај себе и сте сигурни во своите емоции, побрзајте со одлуката за заеднички живот бидејќи таа може да ви постави ултиматум што нема да ви се допадне!
Погледнете ги и професиите што им одговараат само на интуитивните Ваги…