Астролозите се колнат: Жените во овие 3 хороскопски знаци може да останат бремени во 2019-та!
Бременоста е дар и најубав период од животот на жената, а оваа година Меркур ќе ги благослови жените во три хороскопски знаци. За разлика од останатите знаци во Зодијакот кои ги чека напорна работа на професионален план и променлива ситуација во љубовта, на овие три знаци ќе им се оствари најголемата животна желба – да останат бремени.
Рак
Иако за овој знак од Зодијакот годината не започна како што тие си замислувале, сепак напорно ќе работат на својата врска и на зајакнување на љубовта. Наесен им се смешка многу поповолна животна ситуација, а декември ќе им биде особено полн со страст, па оттаму и шансите за забременување изгледаат повеќе од добри.
Овен
Овој хороскопски знак се соочил со лоши околности на почетокот на годината, но за среќа со доаѓањето на летото, животот ќе им тргне во многу подобра насока, и тоа благодарение на Венера. Нивната љубов сѐ повеќе ќе зајакнува, па така голема и е веројатноста дека во јули или август ќе забременат.
Девица
Благодарение на годината која е во знакот на Меркур, Девицата ќе му ја изрази желбата за потомство на својот партнер. На повидок е романтично лето за овој знак и многу големи шанси за забременување.
Погледнете и кои жени најверојатно ќе станат мајки многу подоцна во животот.